BETTR / ОРГАНСКИ БЕЗГЛУТЕНСКИ ПУДИНГ ОД ЈАГОДА - 150 ГР.

190 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3800233780666


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Пудинг
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Bett'r
  • Наменето за - Десерт
  • Дополнителни информации - Без глутен

Се сеќавате ли на вкусот на пудинг од јагоди од вашето детство?

Сега можете да направите здрав пудинг со неодолив овошен вкус за само една минута со НОВИОТ органски безглутенски микс за пудинг од јагода од Bett’r!

Рецептот не содржи глутен и вештачки вкусови, туку само неколку состојки. Прашокот од јагоди е тој што го дава овошниот вкус и арома. Тоа го прави производот целосно природен и совршен за сите љубители на десерти. Мешавините за пудинг од Bett’r се незасладени за да можете да додадете засладувач по ваш избор. Ви препорачуваме да користите сируп од агаве, кокосов шеќер, еритритол, мусковадо шеќер, урми во прав или други.


- Погоден за вегани

- Не содржи глутен

- 100% органски производ

- Незасладен производ


За да подготвите една порција, потребно е (10 g):

- 10 g смеса за пудинг (1 лажица)

- течност по ваш избор (млеко, пијалок од растителна основа или вода)

- 100 ml за цврста текстура или 150 ml за лесна кремаста текстура

- засладувач по ваш избор (сируп од агавe, кокосов шеќер, еритритол, мусковадо шеќер, урми во прав и многу други)


Начин на подготовка:

- Во сад истурете околу 20 ml од течноста и додадете ја смесата за пудинг. Добро промешајте додека смесата за пудинг не се раствори во течноста.

- Остатокот од течноста истурете го во сад за готвење и додадете ја саканата количина на засладувач. Ставете го садот за готвење на претходно загреана рингла и мешајте додека течноста не зоврие и засладувачот не се раствори.

- Намалете ја топлината на минимум. Растворената смеса додадете ја во загреаната течност и енергично мешајте додека не се згусне.

- Готовиот пудинг истурете го во сад за десерт и консумирајте го топол или ладен. Можете да го користите и за да направите домашна торта.


 Состав: Пченкарен скроб*, јагода во прав* (4%), сол.

*од органско земјоделство


Сервирања во пакувањето: 15 порции.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1490 kJ/351 kcal

Масти: 0,5 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 85 g

од кои шеќери: 1,7 g

Растителни влакна: 2,9 g

Протеини: 0,2 g

Сол: 0,03 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре