BETTR / ОРГАНСКИ БЕЗГЛУТЕНСКИ ПУДИНГ ОД РОГАЧ - 200 ГР.

190 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3800233780642


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Пудинг
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Bett'r
  • Наменето за - Десерт

Дали знаевте дека рогачот е состојка во рецептите?

Во Bett'r тоа многу добро го знаат, особено како да го искористат на најдобар можен начин за создавање на иновативни производи со неодолив вкус. Рогачот припаѓа на семејството на грав и е мешунка за јадење. Се користи за засладување уште од далечното минато. Неговиот состав богат со витамини и минерали му дава заслужено место во готвењето и козметиката. Рогачот често се користи како замена за какаото, особено во детската кујна. Не содржи состојки кои го возбудуваат нервниот систем, како што се теобромин, кофеин или фенилетиламин. Друга предност е неговата нискокалорична содржина.

Пробајте го НОВИОТ органски безглутенски микс за пудинг од рогач од Bett'r и уживајте во неговиот нежен вкус на карамела со какао! Подготвен за само 1 минута, ќе ги освои срцата на целото семејство.

Рецептот за пудинг од рогач се состои од неколку внимателно одбрани природни состојки. Производот не содржи глутен, млечни производи и вештачки ароми. Смесата за пудинг од рогач е незасладена, за да вие изберете каков засладувач ќе додадете. Нашите предлози вклучуваат сируп од агаве, шеќер од кокос, еритритол, мусковадо шеќер и урми во прав.


- Погодно за вегани

- Не содржи глутен

- 100% органски производ

- Незасладен производ


За да подготвите една порција, потребно е:

- 10 g смеса за пудинг (1 лажица)

- Tечност по ваш избор (млеко, растителен пијалак или вода)

- 100 ml за цврста текстура или 150 ml за лесна кремаста текстура

- Засладувач по ваш избор (сируп од агавe, шеќер од кокос, еритритол, мусковадо шеќер, урми во прав и многу други)


Начин на подготовка:

- Во сад истурете околу 20 ml од течноста и додадете ја смесата за пудинг. Добро промешајте додека смесата за пудинг не се раствори во течноста.

- Остатокот од течноста истурете ја во сад за готвење и додадете ја саканата количина на засладувач. Ставете го садот за готвење на претходно загреана рингла и мешајте додека течноста не зоврие и засладувачот не се раствори.

- Намалете ја топлината. Растворената смеса додадете ја во загреаната течност и енергично мешајте додека не се згусне.

- Готовиот пудинг истурете го во сад за десерт и консумирајте го топол или ладен. Можете да го користите и за да направите домашна торта.

 

Состав: Пченкарен скроб*, рогач во прав* (30%), сол.

*од органско земјоделство

Може да содржи траги од соја и јаткасти плодови.


Сервирања во пакувањето: 20 порции.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1370 kJ/324 kcal

Масти: 0,5 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 70 g

од кои шеќери: 8,3 g

Растителни влакна: 17 g

Протеини: 1,7 g

Сол: 0,6 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре