BAUCKHOF / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА ВАФЛИ, ПАЛАЧИНКИ И АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ - 200 ГР.

155 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4015637826554

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Десерт , Главен оброк , Појадок
  • Дополнителни информации - Без глутен

Дали денес сакате вафли, слатки или солени палачинки или пак американски палачинки? Од ова безглутенско пакување може да се направат 5-6 вафли, 4-6 американски палачинки или 10-12 стандардни палачинки. Уживајте во закуска со пријателите и семејството!


- Погоднa за вегани

- Погоднa за вегетаријанци

- Контролирано не содржи глутен, на база на интегрално оризово брашно

- Одличен избор со рендано овошје, цимет или бадеми

- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ


Подготовка на вафли (5-6 парчиња):

Потребни состојки: 2 јајца, 75 g путер, 200 ml млеко и 80 g шеќер.

Загрејте го тостерот за вафли. Подгответе 200 ml млеко. Во сад за мешање изматете 2 јајца. Додадете ја содржината од пакувањето, 75 g омекнат путер, 80 g шеќер , половина млеко и добро промешајте. Додадете го преостанатото млеко и мешајте  се додека не добиете мазно тесто. Обложете ги со путер калапите од тостерот за вафли. Во центарот од тостерот ставете 2-3 лажици од подготвената смеса и печете. Кога е готова, извадете ја вафлата од тостерот и оставете да се излади.

Без лактоза: Вафлите може да ги подготвите и без лактоза со замена на путерот со маргарин и млекото со соино млеко или друго растително млеко.


Подготовка на американски палачинки (4-6 парчиња):

Потребни состојки: 3 јајца и 300 ml млеко

Измешајте ја содржината на пакувањето со 3 јајца и 300 ml млеко за да се добие мазно тесто. Постепено истурете од тестото во подмачкана тава, распоредете го рамномерно и пржете на средна температура од двете страни се додека не добиете златно-кафеава боја.


Подготовка на веганска верзија на палачинки:

Потребни состојки: 300 ml соино млеко (или друго растително млеко), 200 g јогурт од соја.

Измешајте ја содржината на пакувањето со 300 ml соино млеко и 200 g јогурт од соја за да добиете мазно тесто. Постепено истурете од тестото во подмачкана тава, распоредете го рамномерно и пржете на средна температура од двете страни се додека не добиете златно-кафеава боја.


Состав: Оризово брашно* (68%), интегрално брашно од ориз* (20%), скроб од тапиока*, прашок за пециво (средство за нараснување: натриум хидроген карбонат, закиселувач: монокалиум тартарат, скроб од пченка*), морска сол*.

*од сертифицирано органско земјоделство

Може да содржи траги од јаткасти плодови и семе од сусам.


Алергени: Содржи пченка.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1526 kJ/360 kcal

Масти: 1,1 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 79 g

од кои шеќери: 0.1 g

Растителни влакна: 2 g

Протеини: 7,1 g

Сол: 0,65 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре