BAUCKHOF / ОРГАНСКА СМЕСА ЗА ВАФЛИ ОД СПЕЛТА - 200 ГР.

160 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 4015637822358

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bauckhof
  • Наменето за - Главен оброк , Појадок

Пакување со смесата за вафли од спелта секогаш треба да се наоѓа во вашиот кујнскиот шкаф. Лесни и брзи за подготовка, вафлите се одличен избор за закуска помеѓу оброците. Смесата содржи ванила. Се што ви е потребно е малку млеко, путер и јајце. Во зависност од вашиот вкус, тестото може да се дополни со цимет, банани, јаткасти плодови, рендан кокос, чоколадо и други состојки. Оставете ја вашата фантазија да проработи. Послужете ги вафлите со шеќер во прав, свежо овошје, сладолед, шлаг или сос од јаболка по избор.


- Погодна за вегани

- Погодна за вегетаријанци

- Не содржи пченица

- Не содржи генетски модифицирани суровини

- Не содржи конзерванси 

- Не содржи адитиви

- Стандарди за квалитет: Demeter, органско лого на ЕУ

*Мешавината за печење вафли може да се користи со и без јајца и млеко! 


Мешавината за печење вафли од спелта (доволна за 5 - 6 вафли):

1. Подготовка со тостер за вафли:

Потребни состојки: 150 ml млеко, 75 g мек путер и 1 јајце.

Загрејте го тостерот за вафли. Ставете ја смесата за вафли во сад за мешање со 1 јајце, 150 ml млеко и 75 g омекнат путер. Мешајте се додека не добиете мазно тесто. Обложете ги со путер калапите од тостерот за вафли. Во центарот од тостерот ставете 2-3 лажици од подготвената смеса и печете. Кога е готова, извадете ја вафлата од тостерот и оставете да се излади.

Совет за сервирање: Послужете ги вафлите со шеќер во прав, свежо овошје, сладолед од ванила, шлаг, чоколаден сируп, овошен сируп, сируп од шеќерна репка Bauckhof, пире од јаболко-манго, пире од јаболко-банана или пире од јаболко-волчји трн.


Варијации за подготовка:

Измешајте ги наведените состојки во готовото тесто.

Овошна варијација 1: 1 рендано јаболко и по желба 1 прстофат цимет или каранфилче.

Овошна варијација 2:  Со испасирана банана.

Со јаткасти плодови: 50 g сецкани или мелени лешници, бадеми, ореви или кикирики.

Тропска варијација: 30 g исушен кокос натопен со 5 лажици вода.

Италијанска варијација: 1/2 лажичка кафе во прав измешана во 1 лажица вода или Амарето.

Невообичаена варијација: 50 g семе од афион или 1/2 лажиче анасон.

Вкусна варијација: Измешајте чоколадна глазура или глазура од лимон и натопете половина од вафлите во неа.


2. Подготовка без тостер за вафли:

Подготвената смеса можете да ја испечете и во форма на мали колачиња во тава во рерна. Загрејте масло за јадење во тавата. Истурете една лажица од смесата за вафли во тавата и печете се додека не добиете златно-кафеава боја од двете страни.

Наш совет: Вафлите може да ги подготвите и без млеко и јајце! За да го направите ова, измешајте ја смесата со 200 ml млеко од соја или млеко од ориз, 75 g маргарин и 2 лажици брашно од соја.


Состав: Брашно од спелта тип 630** (68%), сиров шеќер од трска**, прашок за пециво (средство за нараснување: натриум бикарбонат, закиселувач: монокалиум тартарат, пченкарен скроб*), пченкарен скроб*, морска сол, ванила*.

*од сертифицирано органско земјоделство

**од биодинамично земјоделство

Може да содржи траги од други житарици кои содржат глутен, јаткасти плодови/ореви и сусам.


Алергени: Брашно од спелта.


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1513 kJ/357 kcal

Масти: 0,9 g

од кои заситени: 0,1 g

Јаглехидрати: 77 g

од кои шеќери: 29,3 g

Растителни влакна: 2,5 g

Протеини: 8,4 g

Сол: 0,64 g   

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре