Цена со 10% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Од органската безглутенска смеса за подготовка на палачинките од спелено брашно од Bauckhof може да направите палачинки за кратко време, кои ќе бидат готови за јадење за само неколку минути. Превкусни и сочни, овие палачинки имаат вкус како домашни палачинки и може да се сервираат благи или солени по ваша желба.
- Погодни за вегани
- Погодни за вегетаријанци
- Незасладени во основната смеса
- Стандарди за квалитет: Demeter, органско лого на ЕУ, асоцијација FairBio
Рецепт за подготовка на 4 американски палачинки или 8 стандардни палачинки
Потребни состојки: 300 ml млеко (или 350 ml минерална вода или растителен пијалок од соја) и 3 јајца .
Начин на подготовка: Во сад за матење изматете ги 3-те јајца. Додадете ја смесата за палачинки, околу половина од млекото и добро промешајте. Додадете го преостанатото млеко и измешајте убаво за да добиете мазно тесто. Наместо млеко, можете да користите минерална вода или растителен пијалок од соја. Растопете малку путер или масло за јадење во тава за палачинки на средна топлина. Постепено истурајте од тестото во тавата, распоредете го по површината на тавата и пржете додека не добиете златно-кафеава боја од двете страни.
- за слатки палачинки, додадете малку ванила и 1 лажичка шеќер.
- за солени палачинки, додадете малку пипер, малку сол и две лажички зачини.
Состав: Спелено брашно тип 630** (80%), интегрално брашно од просо*, оризово брашно*, морска сол.
*од сертифицирано органско земјоделство
**од биодинамично одгледување
Може да содржи траги од други житарици кои содржат глутен и сусам.
Алергени: Спелено брашно.
Складирање: Да се чува на ладно и суво.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1474 kJ/348 kcal
Масти: 1,7 g
од кои заситени: 0,3 g
Јаглехидрати: 69 g
од кои шеќери: 0.8 g
Растителни влакна: 3,6 g
Протеини: 12 g
Сол: 0,1 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар