Цена со 5% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Оваа органска безглутенска смеса за фалафел е направена исклучиво од наут, кој е ситно мелен во мелница на Bauckhof. Во смесата која се подготовува само со вода, алтернативно можете да додадете сусам, кромид или други зачини, потоа само се обликуваат топчињата од фалафел и се пржат во тава.
Наш совет: Ако се обидете сами да направите фалафел, ви го препорачуваме oрганското безглутенско брашно од наут на Bauckhof. Природно без глутен и секако со органски квалитет.
- Содржи 96% наут
- Погодна за вегани
- Погодна за вегетаријанци
- Не содржи глутен
- Незасладена смеса
- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ
- Мелена е во мелницата на Bauckhof
- Со органски квалитет
- Одличен избор со пита, леб и свеж јогурт
Основен рецепт за подготовка на приближно 16 топчиња од фалафел:
Додадете ја содржината на пакувањето во 250 ml зовриена вода и добро измешајте. Оставете да отстои 15 минути а потоа формирајте топчиња од фалафел со навлажнети раце и лажичка. Се пржат во загреано масло (на пр. маслиново масло) од двете страни се додека не добијат златно-кафеава боја.
Рецепт за специјални фалафели:
*За екстра крцкав вкус: Формираните топчиња посипете ги со сусам пред пржење.
*За екстра зачинет вкус: Исецкајте 1 главица кромид на мали парчиња и додадете во смесата.
*За екстра ориентален вкус: Исецкајте половина китка свеж коријандер и додадете во смесата.
Предлог за сервирање:
Фалафеловите топчиња традиционално се служат со салата и пита или леб. Преливот од јогурт или Хариса (паста од лути пиперки) одлично се вклопува со овој арапски деликатес.
Рецепти за јадења подготвени во тава, полнет зеленчук и пире од наут:
Рецепт со смеса за фалавел подготвен во тава: Измешајте ја смесата за фалафел и додадете 250 g кварк (крем сирење), истурете ја во тава и зачинете со сол. Покријте со парчиња зеленчук, одозгора посипете презла со сирење и печете.
Полнет зеленчук: Наполнете ги печурките, тиквичките или пиперките со измешаната смеса за фалавел. Пржете во тава или печете во сад за печење со сос од домати и посипете со сирење.
Пире од наут: Ставете да зоврие 600 ml вода и измешајте ја смесата за фалафел. Се динста на тивок оган 5 минути, повремено се меша, се трга од оган и се остава да се крчка уште 5 минути. Зачинете со сол, бибер, лажица маслиново масло и цеден сок од лимон. Послужете го пирето од наут како прилог со јадења од зеленчук.
Состав: Наут*, брашно од наут*, морска сол, кумин*, магдонос*, лук*, коријандер*, бел пипер*.
*од сертифицирано органско земјоделство
Може да содржи траги од јаткасти плодови и сусам.
Складирање: Да се чува на ладно и суво место.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1418 kJ/338 kcal
Масти: 6 g
од кои заситени: 1,1 g
Јаглехидрати: 43 g
од кои шеќери: 2,8 g
Растителни влакна: 15 g
Протеини: 18 g
Сол: 2,1 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Цена со 5% ДДВ.
Цена со 5% ДДВ.
Оставете коментар