BIOVEGAN / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА ЛЕБ ФОКАЧА - 500 ГР.

285 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4005394287705

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Леб , Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan , Gluten Free
  • Брендови - Biovegan
  • Наменето за - Печење
  • Дополнителни информации - Без глутен

Мешавината за печење на фокача леб на BIOVEGAN е првата веганска и безглутенска органска мешавина за печење на овој познат италијански класик. Со малку маслиново масло, вода и квасец, можете да создадете прекрасен мек леб, кој можете да го зачините со билки, маслинки, домати, пиперки или (веганско) фета сирење.

Од оваа мешавина за печењe која содржи 500 g, ќе добиете приближно 910 g фокача леб.


Потребни состојки за подготовка на фокача леб:

- 550 ml вода, 5 лажици (50 ml) маслиново масло, 1 пакетче BIOVEGAN квасец за печење (7 g), рачен миксер со кука за тесто, опционално: шери домати, сол и оригано.


Начин на подготовка: Во сад за матење ставете ја смесата за леб, измешајте ја со сувиот квасец и додадете вода и половина од маслиновото масло. Месете темелно, прво полека 1 минута, а потоа 4 минути на најголема брзина со рачниот миксер. Оставете го тестото покриено со влажна крпа да нарасне на топло место, околу 45 минути. Загрејте ја рерната на 200 °C (на топол циркулирачки воздух - на конвекција) или 225 °C на стандардна рерна и ставете огноотпорно тавче исполнето со вода. Ставете го тестото во плех обложен со хартија за печење и формирајте правоаголник со приближна голрмина од 25 x 30 cm со помош на стругалка за тесто. Притиснете ги шери доматите во тестото, прелијте го тестото со преостанатото маслиново масло и посипете со сол и оригано. Печете го вашиот фокача леб 25 минути во рерна (на топол циркулирачки воздух - на конвекција) или 35 минути во стандардна рерна. Откако ќе се испече вашата фокача, ставете ја на решетка да се излади.


Состав: Пченкарен скроб*, интегрално оризово брашно*, тапиока скроб*, лесно оризово брашно*, скроб од компир*, интегрално брашно од просо*, пченкарно брашно*, лушпи од псилиум*, сол, киноа во прав* (94% производи од мелена киноа*, производи од мелен ориз*), концентрирана шира од грозје*.

*од сертифицирано органско земјоделство


Складирање: Да се чува на ладно и суво место.


Хранливи вредности на 100 g готов леб од фокача**:

Енергија: 959 kJ/227 kcal

Масти: 4,8 g

од кои заситени: 0,8 g

Јаглехидрати: 43 g

од кои шеќери: 1,1 g

Растителни влакна: 1,9 g

Протеини: 2 g

Сол: 1,2 g

**Пресметано со маслиново масло.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре