CUSTOM ACTIVES / КОНЦЕНТРАТ ЗА ЛИЦЕ СО ИЗОФЛАВОНИ ЗА ЗРЕЛА КОЖА - 17,5 МЛ.

965 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4752223001192

ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ • ЗАТЕГНУВАЊЕ
ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ДЕТЕЛИНА • ГЛИЦЕРИН • МЛЕЧНА КИСЕЛИНА

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Концентрат
  • Дејство / Ефект - Против стареење (Anti-Ageing) , Затегнување (Firming/Lifting)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - Mádara
  • Тип на кожа - Зрела кожа
  • Наменето за - Лице

Персонализирајте ја вашата рутина до перфекција.

Custom Actives е линија на природни сертифицирани, неверојатно богати козмецевтски активни адитиви, кои лесно се мешаат во вашите секојдневни креми за хидратација со цел да ги исполните вашите специфични потреби за нега на кожа.


Процесот на стареење е поврзан со хормонални промени кои влијаат на кожата. Текстурата на кожата станува покревка, се јавува виснување и брчки. Овој концентрат содржи изофлавони – природни фитохормони, добиени од екстракт од органска црвена детелина. Формула која не содржи масло. Спакувано во заштитно стакло.


Овој производ е направен во фабриката на MÁDARA (Рига, Латвија), користејќи 100% еко-струја, која доаѓа од обновливи извори. Сите формули се одговорно развиени во нашите лаборатории, безбедни за кожата и биолошки разградливи, не содржат хемикалии и потенцијални загадувачи на околината.

Користиме совесни решенија за пакувања, безбедни за планетата, вклучувајќи пост-потрошувачка рециклирана пластика, рециклиран отпад од океанот и остатоци од шеќерна репка и дрвено производство. Нашето примарно пакување – туби и шишиња – 100% може да се рециклираат од 2006та година.


Индикации (наменето за): зрела, висната кожа.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Погодно за вашето лице и тело. Помешајте 1-3 капки во секојдневната крема/масло за хидратација на лице или тело. Користете наутро и/или навечер. Прекинете ја употребата во случај на иритација. Само за надворешна употреба.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA/WATER TRIFOLIUM PRATENSE(RED CLOVER) FLOWER EXTRACT, GLYCERIN**, PENTYLENE GLYCOL, CARRAGEENAN, CELLULOSE GUM CERATONIA SILIQUA GUM, SUCROSE, LACTIC ACID, AROMA/FRAGRANCE, SODIUM PHYTATE, LINALOOL*, LIMONENE***

*состојки од органско змејоделство **направено со органски состојки ***од природни есенцијални масла


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре