OMEGAS / SOS ХРАНЛИВА МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО 5 ОМЕГА КИСЕЛИНИ - 50 МЛ.

1.840 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 3661467001671

ХРАНЕЊЕ • ОМЕКНУВАЊЕ
5 ОМЕГА КИСЕЛИНИ • ПУТЕР ОД КОКУМ • ЕКСТРАКТ ОД ЛАМИНАРИЈА

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Маска за лице
  • Дејство / Ефект - Хранење (Nourishing) , Омекнување (Smoothing)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - Novexpert
  • Тип на кожа - Нормална кожа , Сува кожа , Зрела кожа
  • Наменето за - Лице

SOS маска за сува кожа!
Без разлика дали со години сте имале "крокодилска кожа" или барате третман за да се ослободите од сувата кожа по добра сесија сурфање или скијање, оваа маска за "итни случаи" е производот БАШ за таа ситуација!

- Единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
- Производи формулирани од доктори
- Погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
- Произведени во Франција
- Вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА SOS ULTRA-NOURISHING МАСКАТА
Тие што немаат сува коса не можат да разберат... но ти можеш.
Се плашите од тушот и ладното зимско време поради лицето. Ја споредувате вашата кожа со "тапан" кој е затегнат до крајната граница. Чувство кое може да стане неподносливо.
Идејата за оваа SOS нега е јасна: да ја направи вашата кожа повторно удобна. И како? Земајќи инспирација од најкревката од сите типови кожа: бебешката. Непосредно по раѓањето, тие се прекриени со кремава течност - Vernix Caseosa. Таа ја заштитува нивната кожа од надворешни агресии и спречува нејзино сушење.
Novexpert лабораториите беа инспирирани од ова чудо на природата, овој "Vernix", за да создадат маска со перформанси како никогаш досега. Проценете сами: само после едно нанесување, вашето ниво на липиди се зголемува за 65%. Импресивно? Еден час подоцна, оваа стапка расте за речиси повеќе од 91%***. Да, неверојатно!
Оваа маска треба да се консумира без умереност за буквално "да ја заборавите" вашата кожа од претходно! Исто така е одличен сопатник за атопична кожа: повремено за време на напади на егзема, или на долга стаза како додаток за време на терапевтски третмани.
***Клинички тест спроведен од независна лабораторија - 15 волонтери - себуметриско мерење 15 минути по едно нанесување.
***Ин-витро тест спроведен на состојка од SOS Ulta-Nourishing маската.

БРОЈКА - 59%
+59% зголемување на колагенска синтеза***, изворите на вашата кожа, која и ја даваат нејзината еластичност и цврстина. Авторот на овој подвиг е Омега 7 киселината од масло од волчји трн - малку позната и ретка, но есенцијална масна киселина. Хранливо или против стареење? Во Novexpert одличивме да не бираме.

РЕЗУЛТАТИ:
ВРАТЕНА БЕБЕШКА КОЖА*
87% од волонтерите забележале дека имаат "бебешка кожа" веднаш по употребата.
ДЛАБИНСКИ И ДОЛГОТРАЈНО НЕГУВАНА КОЖА**
100% од волонтерите си ја забележале кожата длабински и долготрајно негувана по 15 дена употреба.
ПОЦВРСТА КОЖА**
100% од волонтерите си ја забележале кожата поцврста по 15 дена употреба.
*Тест спроведен од независна лабораторија - 15 волонтери - % на задоволство по прва употреба, без плакнење.
**Тест спроведен од независна лабораторија - 15 волонтери - % на задоволство по 15 дена употреба, 1-2 неделно, без плакнење.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Дарежливо нанесете на чиста кожа. Оставете да делува најмалку 15-20 минути. Исплакнете со топла вода или отстранете го вишокот без плакнење. Оваа маска се препорачува по изложување на сонце, ладно или пред забава... и онолку често колку што е потребно.
ШТО ДРУГО? Тајната на професионалците: Најпрвин користете го Gentle Hydro-Biotic пилингот на чиста кожа. Исплакнете со топла вода, потоа нанесете ја SOS Ultra-Nourishing маската. Исплакнете со топла вода, па завршете со ладна и избришете. Потоа нанесете од Rich или Extra Rich Repair кремата, или оставете ја маската во текот на ноќта. Непосредни и видливи ефекти!


СОСТОЈКИ: AQUA (WATER)°, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL°*, BEHENYL ALCOHOL°, BUTYLENE GLYCOL°, C10-18 TRIGLYCERIDES°, GLYCERIN°, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER°*, LACTOBACILLUS FERMENT°, CANDELILLA/JOJOBA/RICE BRAN POLYGLYCERYL-3 ESTERS°, GLYCERYL STEARATE°, GARCINIA INDICA SEED BUTTER°, BENTONITE°, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE°, PARFUM (FRAGRANCE)°, HYDROXYSTEARIC/LINOLENIC/OLEIC POLYGLYCERIDES°, TREHALOSE°, PUNICA GRANATUM SEED OIL°*, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER°*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES OIL°*, TOCOPHEROL°, LAMINARIA OCHROLEUCA EXTRACT°, CETEARYL ALCOHOL°, SODIUM STEAROYL LACTYLATE°, ARGININE°, GLYCERYL CAPRYLATE°, XANTHAN GUM°, MALTODEXTRIN°, GALACTARIC ACID°, CITRIC ACID°, PHYTIC ACID°, VIGNA ACONITIFOLIA SEED EXTRACT.

*59% состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.
*Масните алкохоли се восочни состојки кои не содржат етил алкохол (ethanol).

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре