BIO-RETINOL + C / BOOSTER СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ ЗА УМОРНА КОЖА - 15 МЛ.

2.090 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (1)

Баркод: 5060200047842

СЈАЈНОСТ • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
БАКУХИОЛ • ВИТАМИН Ц • МАСЛО ОД ВОЛЧЈИ ТРН
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Хранење (Nourishing) , Против стареење (Anti-Ageing) , Осветлување (Illuminating/Brightening /Lightening) , Сјајност (Shining/Radiance)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC , Vegan Society
  • Брендови - Evolve Organic Beauty
  • Тип на кожа - Уморна кожа , Безживотна кожа
  • Наменето за - Лице

Овој маслен бустер е дизајниран за да го подобри изгледот на безживотна и уморна кожа, обезбедувајќи и подобрување на сјајот, благодарение на неговата палета на паметни состојки. Содржејќи и витамин Ц и био-ретинол, овој бустер нуди супер исполнување на вашата кожа. Има четири витамини (А, Ц, Ф и Е) нежно помешани во база од масло од шипинка овозможувајќи им да пенетрираат подлабоко во кожата од производи базирани на вода. Витамините Ц и А имаат дејства против стареење, витаминот Е е богат со анти-оксиданти и помага да заздравува кожата, а витаминот Ф е вклучен за да пружи длабинско хранење и исполнување на кожата.


КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

Бакухиол: Ова е природната верзија на ретинол. Бакухиолот (витамин А) се однесува исто како и ретинолот (намалува регии со брчки и хиперпигментации и подобрува цврстина и еластицитет) без никакви иритации на кожата. Исто така се покажало дека ја поттикнува синтезата на колаген и го подобрува изгледот на кожа склона на несовршености.

Органско масло од шипинка: Ова масло е богато со есенцијални масни киселини Омега-6 и Омега-3, а ова значи дека е способно да се бори со знаците на стареење, истовремено одржувајќи ја кожата негувана и хидрирана. Исто така е богато и со био-ретинол, па промовира и клеточна обнова и подобрување на изгледот на белезите.

Витамин Ц: Нашиот витамин Ц е малку различен. Тој е стабилен витамин Ц кој се раствора со масло и ова значи дека пенетрира 3х повеќе од витаминот Ц кој се раствора со вода. Помага за подобрување на клеточното преживување, подобра хидратација и поголема синтеза на колаген, што значи дека помага да се подобри изгледот на кожата и нејзиниот сјај.

Волчји трн: Богат со витамин Ц - волчјиот трн е исто така богат со Омега-7 и Омега-3 и содржи бета-каротен кој помага да се подобри еластицитетот, хидратацијата и текстурата на кожата.


94.5% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 1-2 капки од нашиот бустер во вашата крема за хидратација пред нежно да ја нанесете на чисто лице и врат. Алтернативно, можете да нанесете и 1-2 капки директно на чиста кожа и да масирате на вашето лице и врат.


СОСТОЈКИ (INCI): CAPRYLIC/ CAPRIC TRIGLYCERIDE*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA BUCKTHORN) FRUIT OIL*, ASCORBYL TETRAISOPALMITATE, ROSA CANINA (ROSEHIP) FRUIT OIL*, BAKUCHIOL, TOCOPHEROL, PARFUM (NATURALLY DERIVED FRAGRANCE), HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL.

*Состојки од органско земјоделство **Направени од органски состојки


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Славица Тасевска
10/10/2022
Ретинолот на Evolve почнав да го користам пред месец дена , лично го користам навечер , го користам така што капнувам 2-3 капки во кремата за лице (совршено одговара со кремата 5во1 на Моса) ги мешам и нанесувам на лицето и вратот. По месец дена веќе има резултати , кожата е блескава, чиста , без флеки, ја чувствувам и затегната. Иако ретинолот е како масло, воопшто не е мрсна кожата наутро кога ќе се разбудите. Овој ретинол ќе го купувам засекогаш, вреди за секој денар!

Поврзани производи

Најгоре