HYALURONIC / СЕРУМ ЗА ОКОЛУ ОЧИ ПРОТИВ ТЕМНИ КРУГОВИ И ПЕРНИЧИЊА - 10 МЛ.

1.230 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 5060200048009

ИЗМАЗНУВАЊЕ • ОСВЕТЛУВАЊЕ
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • ЕКСТРАКТ ОД ТУБЕРОЗА • ЕКСТРАКТ ОД КРАСТАВИЦА
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за околу очи
  • Дејство / Ефект - Против околуочни перничиња
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC , Vegan Society
  • Брендови - Evolve Organic Beauty
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице

Мешавина за да го разбудиме нашиот неверојатен околуочен тон, специфично создадена за да ги освежи вашите очи и да делува како разладувачки "аларм" каде и да ви е потребен!

Растителните матични клетки од егзотичниот тубероза цвет помага да се намали појавата на подочници, фини линии и отеченост, истовремено затегнувајќи и осветлувајќи ја деликатната околуочна регија. Хиалуронската киселина, позната по својата способност да задржи 1000х повеќе вода од сопствената тежина, помага да се намали изгледот на брчки, правејќи ја кожата да изгледа помладо со подобрен тон, додека екстрактот од краставица лади и смирува.


КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

Растителни клетки од тубероза: Нов комплекс од растителни клетки, клинички докажано делува на специфичните проблеми кај околуочната регија: темни кругови, отеченост и брчки. Оваа иновативна формула нуди придобивки против-брчки, против-подочници и против-отеченост, истовремено поттикнувајќи изедначување на бојата на кожата, значи - има осветлувачко дејство. Ја зголемува микро-циркулацијата во кожата, ја подобрува цврстината, а има и смирувачки и хидратантни својства. Победник за сите потреби на околуочната регија.

Хиалуронска киселина: хиалуорнската киселина може да задржи 1000х повеќе вода од сопствената кожа, што ја прави одлична компонента во кремите за хидратација. Таа исто така помага да се намалат брчки, давајќи и на кожата помлад изглед и подобрен тон. Ниско-молекуларната хиалуронска киселина која ние ја користите подлабински пенетрира и има поефективни хидрирачки својства, но го зголемува и создавањето на колаген.

Екстракт од органска краставица: Традиционално познат по разладувачките својства, намалувањето на подочните кесички и изгледот на темни кругови околу очите.


РЕЗУЛТАТИ:

  • 98% од потрошувачите се согласуваат дека кожата ја забележуваат похидрирана.
  • 93% од потрошувачите се согласуваат дека кожата ја забележуваат позатегната.
  • 83% од потрошувачите се согласуваат дека изгледот на фините линии и брчки околу очите е подобрен.

*Внатрешни истражувања извршени на потрошувачи на Evolve Organic Beauty во 2020г.


34% состојки од органско потекло, 99.2% состојки од природно потекло


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: За да го добиете производот во најдобра форма, погрижете се да го протресете за да го "разбудите"! Протресувањето на ролонот пред нанесување ќе овозможи скапоцената формула еднакво да се дистрибуира околу металното топче. Држете го ролонот како пенкало (со врвот надолу) без да го отстраните капачето и добро протресете го. Вашиот ролон е сега спремен за нежно нанесување околу вашите очи. Количината на производ која ќе излезе од ролонот треба да биде доволна за да ја остави кожата влажна, прекриена со тенок слој - не повеќе! Нежно затоплете го ролонот помеѓу вашите дланки доколку бил чуван во поладен простор. Можете да се користи наутро и навечер, или во текот на денот како разладувачки "аларм" за уморни очи. Важно: не треба да го чувате производот во фрижидер, бидејќи тоа ќе делува на конзистенцијата на формулата.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), ALOE BARBADENSIS LEAF WATER*, GLYCERIN, CUCUMIS SATIVUS (CUCUMBER) FRUIT EXTRACT*, SODIUM HYALURONATE, POLIANTHES TUBEROSA CALLUS EXTRACT, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, AMORPHOPHALLUS KONJAC ROOT EXTRACT, SODIUM LEVULINATE, SODIUM DEHYDROACETATE, POTASSIUM SORBATE, SODIUM ANISATE, CITRIC ACID, SODIUM BENZOATE.

*состојки од органско земјоделство **Направени од органски состојки


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре