MINI / PEEL МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО "AHA" КИСЕЛИНИ – 17 МЛ.

580 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4752223008559

ПРОЧИСТУВАЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • СЈАЈНОСТ
AHA КИСЕЛИНИ • КИСЕЛИНИ ОД ДУЊА • ЦВЕТ ОД БОЗЕЛ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Маска за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Сјајност (Shining/Radiance) , Ексфолијација (Exfoliating) , Измазнување
  • Сертификати - Ecocert
  • Брендови - Mádara
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице

Оваа активна AHA пилинг маска дава инстантен сјај благодарение на природната супердоза од активни киселини. Овошни киселини и витамин Ц од дуња, измешани со хидратантна млечна киселина и смирувачки цвет од бозел, овозможуваат ефикасна ексфолијација за светла, сјајна и мазна кожа.

ЕФЕКТИ:

   - Ги отстранува мртвите клетки и ја прави кожата помека и понежна на допир.
   - Ја ексфолира кожата при што ја стимулира регенерацијата на клетките.
   - Ја осветлува кожата, ја намалува видливоста на старосни дамки и линии.
   - Помага при одзатнувањето на порите и прочистува длабински.
   - Ја подобрува апсорбцијата и ефектот на останатите козметички производи.

Особено препорачлива за безживотна, уморна кожа, видливи знаци на стареење, линии, брчки, старосни дамки, блед изглед, затнати пори и акни. Не е препорачлива за осетлива, хиперсензитивна кожа.

7% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чиста кожа, избегнувајќи го делот околу очите. Оставете да делува 3-10 мин. Темелно исплакнете. Продолжете со нанесување на тоник и крема.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, LACTIC ACID, GLYCERIN, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLORAL WATER*, GALACTOARABINAN, MICROCRYSTALLINE CELLULOSE, POTASSIUM HYDROXIDE, GLUCOMANNAN, MICA (CI 77019)***, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891)***, AROMA, CELLULOSE GUM, PYRUS CYDONIA FRUIT EXTRACT*, SAMBUCUS NIGRA FLOWER EXTRACT*, ETHYL LAUROYL ARGINATE HCI, XANTHAN GUM, LIMONENE**.

* состојки од органско земјоделство

** од природни етерични масла

*** чисти минерални пигменти

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре