TRIO-ZINC / МАСКА ЗА ЛИЦЕ ПРОТИВ АКНИ - 70 ГР.

1.225 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (4)

Баркод: 3661467000339

ПРОЧИСТУВАЊЕ • ИЗМАЗНУВАЊЕ
КАОЛИН ГЛИНА • ТРИ ВИДА НА ЦИНК • ЕКСТРАКТ ОД ПАНКРАЦИУМ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Маска за лице
  • Дејство / Ефект - Чистење , Прочистување (Purification) , Измазнување
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - Novexpert
  • Тип на кожа - Нормална кожа , Мрсна кожа , Комбинирана кожа , Кожа склона кон акни
  • Наменето за - Лице

Три, за трите главни активни состојки и тројното дејство: матифицирана, чиста и мазна кожа.
Во иконската Трио-цинк линија која се бори со несовршеностите од секој тип, недостасуваше уште маска за длабинско и долготрајно дејство. Тоа го добивме со Triple Black маската со прочистувачки активен јаглен, матифицирачка црна глина и измазнувачки лава прав.

ПРИКАЗНАТА ЗА TRIPLE BLACK МАСКАТА
Глинената маска е веројатно еден од првите лекови кои ги користеле нашите предци. Денес, е сеуште дел од нашите ритуали за убавина и таа додатно го доби обновениот интерес благодарение на нејзините дејства против загадување.
Но, дали е доволно? Секој може да види дека и покрај тоа што е користена илјадници години, глинената маска едвај се има променето. Тоа беше доволно за да ги предизвика истражувачите на Novexpert!

Чекор 1: Реиновација на класичната маска во комбинација со активен јаглен – моќна прочистувачка активна состојка, и микронизиран лава прав кој непосредно ја измазнува вашата кожа.

Чекор 2: Интеграција на ултимативната технологија против несовршености на Novexpert лабораториите:

-    Инхибиција на П супстанцата (една од причините за појава на несовршености, ослободена во случај на стрес) благодарение на морските лили.

-    Регулација на IGF-1 протеинот во кожата (одговорен за прекумерното лачење себум, активирано од небалансирана исхрана) благодарение на досега непознатиот комплекс од три типа на цинк. Оваа иновација на Novexpert е директно инспирирана од истражувањето на луѓето во Китава, чија цела популација нема несовршености на кожата!
Оваа маска со 50 нијанси црно, не им дава шанса на несовршеностите на кожата, а уште подобро... ќе ја сублимира вашата кожа. Ќе биде непосредно матифицирана, прочистена и нејзиниот тен ќе стане се повеќе хомоген со употреба.

РЕЗУЛТАТИ:
МАТИФИЦИРАНА КОЖА*
100% од волонтерите забележале непосредно матифицирање по само една употреба.
ПОМАЗНА КОЖА*
100% од волонтерите си ја зебележале кожата помазна по само една употреба.
ПОИЗЕДНАЧЕН ТЕН*
95% од волонтерите си го забележале тенот по изедначен по само една употреба.
*20 потрошувачи. % на задоволство по само една употреба.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Слободно нанесете ја маската на целото лице (мрсна кожа) или само на Т зоната (комбинирана кожа). Оставете да делува 10-15 минути. Веднаш штом темно сивата боја стане светло сива, време е да ја исплакнете маската со млака вода, нежно масирајќи го лицето за да ги искористите ексфолирачките дејства на маската. Завршете со плакнење со многу вода. Ако вашата кожа е сензитивна, се препорачува да исплакнете веднаш штом “тензијата на кожата” стане силна.


ШТО ДРУГО?
Промената на бојата на маската се должи на испарување на водата и апсобција на нечистотиите.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, KAOLIN°, BENTONITE°, LACTOBACILLUS FERMENT°, PARFUM (FRAGRANCE)°, CHARCOAL POWDER°, GLUCONOLACTONE°, VOLCANIC SAND°, ZINC GLUCONATE°, ZINC PCA°, ZINC LACTATE°, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER°*, PANCRATIUM MARITIMUM EXTRACT°, GLYCERYL CAPRYLATE°, GLYCERIN°, XANTHAN GUM°, CITRIC ACID°, SODIUM HYDROXIDE°, PHYTIC ACID°

*20% состојки од органско земјоделство
°100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Dragana
15/12/2022
Predobar proizvod kako i poveketo od Novexpert

Марија
22/08/2022
Совршена маска за лице за повремено користење за луѓе со мрсна кожа.

Ana
24/01/2022
Prezadovolna sum od ovoj proizvod

Elena
09/11/2021
Најдобрата маска која ја имам некогаш пробано!!!!! Немам повеќе една црнка на нос. Значи!!!! Нема подобра.

Поврзани производи

Најгоре