ALGA MARIS / СПРЕЈ ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО СО SPF50+ - 100 МЛ.

1.470 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 3760211481421

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
ЦИНК • КОКОСОВО МАСЛО • ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНИ АЛГИ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - СПФ , Спреј за лице , Спреј за тело
  • Дејство / Ефект - Заштита (Protection) , Против стареење (Anti-Ageing)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC , Cosmebio COSMOS ORGANIC
  • Брендови - Laboratoires de Biarritz
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице , Тело

SPF50+ Sun спрејот обезбедува многу висока природна заштита, благодарение на неговите анти-УВА/УВБ минерални филтри и неговиот патентиран екстракт од црвени морски алги, Alga-Gorria® - моќен антиоксидант кој ги неутрализира слободните радикали со што спречува клеточно оштетување. Може да се користи од 6 месечна возраст, совршен за да го штити целото семејство.

Формулата на овој спреј го прави нанесувањето лесно, дури и на тешко достапните регии. Неговата лесна и течна текстура го прават лесен за нанесување и пенетрирање во кожата. Хипоалерген, без презервативи или додадени мириси, погоден за возрасни и новороденчиња од 6 месечна возраст, нашиот сертифициран SPF50+ Sun спреј е идеалниот производ за заштита од сонце за целото семејство. Особено адаптиран за нормален до комбиниран тип на кожа. Одличен за спортски и различни надворешни активност, на плажа или планина: отпорен е на пот и вода и нема да се растекува во вашите очи (неиритирачки).
SPF50+ е одличен за нежната детска кожа и за кожа сензитивна на сонце, во било каква ситуација.

Спрејот е:
-    Хипоалерген*
-    Може да се користи од страна на трудници и доилки
-    Може да се користи од 6 месечна возраст
*формулиран да минимизира ризик од алергии

Карактеристики
-    Целосна заштита од негативните ефекти на сонцето: УВА/УВБ и слободни радикали
-    За целото семејство: од 6 годишна возраст
-    Хипоалергена формула: не содржи презервативи и додадени мириси за висока толеранција
-    Оптимизирана формула за намалување на белите траги до минимум
-    Лесно се нанесува, дури и на најтешко достапните регии
-    Висока отпорност на вода, оди со децата на нивните авантури, дури и во вода!


100% состојки од природно потекло
20.9% состојки од органско земјоделство
Природна и oрганска козметика сертифицирана од Ecocert Greenlife согласно стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ:
1.    Добро протресете пред употреба и дарежливо напрскајте на кожата.
2.    Нанесете подеднакво на лице и тело пред изложување.
3.    Повторувајте го нанесувањето барем еднаш на два часа и по пливање за да одржите оптимална заштита.
4.    Особено погоден за долго и екстремно изложување при надворешни или спортски активности: море и планина.
5.    За сите типови на кожа.


СОСТОЈКИ (INCI): CAPRYLIC / CAPRIC TRIGLYCERIDE, COCONUT ALKANES, ZINC OXIDE, TITANIUM DIOXIDE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, COCOS NUCIFERA OIL *, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE, ALUMINA, POLYGLYCERYL-3 DIISOSTPREARATE, CAPRATE-CALYCERYL / GLYCERY / GLYCERYL / COCO / GLYCERY / GLYCERYL / GLYCERYL / 3 GELIDIUM SESQUIPEDALE EXTRACT, PROPANEDIOL, TOCOPHEROL, AQUA, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE
(* = состојки од органско потекло)

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре