SPF 50 / PRO-ACTIVE СТИК ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ - 18 ГР.

1.475 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4752223008122

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • ХИДРАТАЦИЈА
ЦИНК • ЦЕРАМИДИ • МАСЛО ОД ВОЛЧЈИ ТРН
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Крема за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Заштита (Protection)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - Mádara
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице

Природна сертифицирана СПФ50 (висока заштита) минерална крема за заштита од сонце. Малиот, лесен за употреба стик за заштита од сонце, го собира и во џебот од вашата ташна, за да ве прати во сите ваши спортски, или урбани активности. Обезбедува природна, широкоспектарна заштита против негативните дејства на УВА/УВБ зраците. Погоден за сите типови на кожа.

Анатомската форма обезбедува лесно нанесување на лицето, деколтето и рацете, додека нијансираната текстура изгледа невидливо на кожата. Церамидите и маслата од црниот ким и волчјиот трн додаваат дополнителни антиоксидантни и рехидрирачки својства.

ПРИРОДНА ЗАШТИТА ОД УВА/УВБ

Додека негативните ефекти од изложеноста на УВБ се појавуваат веднаш како тен или изгореници од сонце, влијанието на УВА зраците првично не е видливо, но се покажува по повеќегодишно невнимателно изложување.
За да ве заштитиме дури и од најсилното сонце, ние користиме цинк оксид - чист минерален филтер кој обезбедува природна широкоспектарна заштита од УВА/УВБ зраци.
За разлика од ризичните хемиски УВ апсорбери како oксибензон и oктиноксат (состојки кои можат да ги оштетат гребените и морскиот живот), цинк оксидот е подеднакво нежен за вашата кожа и природата.

ЗАШТИТУВА И ВО ДВИЖЕЊЕ

Обезбедувајќи силна доза на СПФ50, овој иновативен стик со пакување погодно и за патување, обезбедува лесно нанесување кое ќе ве штити и во движење.
Придружник на кој може да му се верува за време на сите ваши активности надвор, исто така совршен и за пределите на лицето, ушите и вратот кои лесно ги пропуштаме.


ЛЕСНО, ТЕМЕЛНО НАНЕСУВАЊЕ

Беспрекорно се лизга на вашата кожа за да обезбеди правилно и темелно нанесување, дури и во тешко достапните предели.
Нежно нијансираната, мазна текстура остава чист финиш, па не треба да се грижите за бели остатоци.

Користете SPF50 кога:
-    поминувате значително многу време надвор
-    вашата кожа е особено осетлива на изложеност на сонце
-    учествувате во активности на голема надморска височина како скијање или искачување (колку е поголема надморската височина, толку се посилни УВ зраците).


ГЛАВНИ ИЗВАДОЦИ ОД ФОРМУЛАТА:

ЦЕРАМИДИ
Ја збогатуваат хидратацијата и ја зајакнуваат бариерата на кожата, заштитувајќи ја од надворешни стрес фактори.

МАСЛО ОД ЦРН КИМ
Богато со витамини А, Б и Ц, помага да се смири иритираната кожа и намалува хиперпигментации.

МАСЛО ОД ВОЛЧЈИ ТРН
Поттикнува регенерација на кожата, ја зајакнува природната заштита и помага да се спречи оштетување од сонцето.

ЦИНК ОКСИД
Природен минерален филтер кој обезбедува највисоки нивоа на блокирање на УВА/УБВ, дејствува како физички штит.



КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чиста кожа, или врз вашата секојдневна крема. Повторно нанесете кога е неопходно во текот на денот.



СОСТОЈКИ: ZINC OXIDE, ORYZA SATIVA (RICE) BRAN OIL, VEGETABLE (OLUS) OIL, DICAPRYLYL CARBONATE, ISOAMYL LAURATE, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891), HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED WAX, RHUS VERNICIFLUA (SUMAC) PEEL CERA, HYDRATED SILICA, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL, JOJOBA ESTERS, SILICA, ORYZA SATIVA (RICE) BRAN WAX, THEOBROMA CACAO (COCOA) SEED BUTTER, AROMA, TOCOPHEROL, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA-BUCKTHORN) FRUIT EXTRACT, NIGELLA SATIVA (BLACK CUMIN) SEED OIL, CI 77491 (IRON OXIDE), CI 77492 (IRON OXIDE), CI 77499 (IRON OXIDE), GLYCOLIPIDS, GLYCOSPHINGOLIPIDS, AQUA, GERANIOL.

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре