MINI / TRIO-ZINC ПЕНЛИВ ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ ПРОТИВ АКНИ - 30 МЛ.

250 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (6)

Баркод: 3661467000278

ЧИСТЕЊЕ • ПРОТИВ АКНИ И ФЛЕКИ
ТРИ ВИДА НА ЦИНК • БАКАР • ЕКСТРАКТ ОД ИРСКИ МОВ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Парадокс: колку понежен, толку поефикасен!

Дали може еден anti-pollution чистач вистински да делува како третман против акни и флеки? Клинички студии имаат прикажано неспорни докази во корист на нашиот пенлив гел.

   - 98.8% од нечистотиите од загадувањето се елиминирани*
   - 30% намалување на недостатоците по 28 дена...**


    - единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
    - производи формулирани од доктори
    - погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
    - произведени во Франција
    - вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА CLEAR SKIN FOAMING GEL

На почеток се чинеше невозможно...сепак, дерматолозите веќе долго време го бараат тоа. Ефикасен, прочистувачки и пенлив гел, кој потполно го зачувува хидролипидниот слој:

   - Чистач против недостатоци, а кој истовремено е неиритантен.
   - Прочистувачки чистач, кој не е каустичен.
   - Матирачки чистач, кој не предизвикува пресушување на кожата.

Како овој парадокс помеѓу ефикасноста и толеранцијата може да биде решен? Пенливиот гел е сосема нов вид на чистач: вистински гел составен од ултра-нежен пенлив агенс (кокос и шеќер), чија улога е да чисти, а не да третира.

А што третира тогаш? Формулата е збогатена со моќни но неиритантни активни состојки, кои не ја пресушуваат кожата.


Бројка - 3

Помножете по 3! Нашиот ултра-нежен пенлив агенс, кој го користиме како состојка е „само“...3 пати поскап од веќе познатите еквивалентни состојки, кои најчесто се користат во козметичката индустрија кај ваков тип на производи.


РЕЗУЛТАТИ:

НАМАЛУВАЊЕ НА НЕДОСТАТОЦИ**

Недостатоците се намалени за 30% по 28 дена употреба, двапати дневно.

НАМАЛЕНА ГОЛЕМИНА НА ПОРИ**

Големината на порите е намалена за 22% по 28 дена употреба, двапати дневно.

НАМАЛЕН СЈАЈ**

Сјајот е намален за 30% по 28 дена употреба, двапати дневно.

*Тестот е спроведен од независна лабораторија. Анализа на слики (број на темни пиксели детектирани пред и по чистењето) – една употреба на производот.
**Клинички тестови спроведени од независна лабораторија. Тестирано на 22 волонтери - Клинички оценки – Резултати по 28 дена дена употреба - 2 употреби дневно.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на влажно лице, масирајте, па потоа исплакнете.

Фреквенција на употреба: еднаш дневно, препорачливо навечер (двапати на ден, препорачливо само за мрсна кожа). За другите типови на кожа, употребата на спрејот Trio-Zinc Mist наутро е доволна.


ШТО ДРУГО?

Тимот на Novexpert ве советува секогаш да го плакнете лицето со студена вода. Дополнително на тоа што ја стимулира микроциркулацијата (тонирачки ефект), студената вода ги затегнува порите и ги намалува црвенилата на кожата.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, SODIUM CITRATE°, COCO-GLUCOSIDE°, CITRIC ACID°, BUTYLENE GLYCOL°, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE°, PARFUM (FRAGRANCE)°, COPPER PCA°, ZINC GLUCONATE°, ZINC PCA°, ZINC LACTATE°, GLYCERIN°, XANTHAN GUM°, ENANTIA CHLORANTHA BARK EXTRACT°, CHONDRUS CRISPUS (CARRAGEENAN) EXTRACT°, PHYTIC ACID°, OLEANOLIC ACID°, PANCRATIUM MARITIMUM EXTRACT°.

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот ECOCERT
Листата на состојки употебена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Искористете го кодот за 5% попуст при процесирање на вашата следна нарачка: Review5%

vesna.kostadinovska
10/09/2022
Predobar cistac

M
03/06/2022
Odlichen e

Anastasija
09/05/2022
Must have proizvod za koza so akni.

Glorija
04/05/2022
Nezen a predobar cistac

Maja
13/03/2022
konecno najdov idealen cistac za mojata koza

Ivona Krncheva
09/10/2021
Ova e najdobriot cistac/gel koj sum go probala.blag miris,custvo na cista koza po mienje,pri samoto mienje se custvuva deka deluva na osobeno na aknite,a kozata e smirena vednas po mienjeto.nezamenliv za mene

Поврзани производи

Најгоре