PINK CALENDULA / ПИГМЕНТИРАНА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО СО SPF50 - 50 МЛ.

795 МКД

Цена со 18% ДДВ.

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
ЦИНК • ХИДРОЛАТ ОД НЕВЕН • МАСЛО ОД ШИПИНКА
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внеси ја својата е-пошта и ќе ти пратиме порака кога продуктот ќе биде на залиха


Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Нашиот највисок заштитен фактор против штетните ефекти од ултравиолетовото зрачење. Невенот обезбедува непосредно хранење и регенерација на кожата. Нежниот розов пигмент има заштитно дејство и во комбинација со други состојки, спречува изгореници.

Кремата е збогатена со голем број на антисептици, антиинфламаторни и матифицирачки состојки.
Екстрактите од орев и шипинка ја задржуваат влaжноста во кожата, тонот, ја одржуваат еластичноста и нежно лекуваат.
Кремите со физички филтри имаат прилично густа конзистентност, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат на кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.

Лаванда – се користи како компонента која има антисептично, бактерицидно, заздравувачко, анти-воспалително и седативно дејство. Промовира регенерација на епидермалните клетки.

Шипинка – плодот на шипинката има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзините биохемиски својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеви. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушена и порите и жлездите не се запушени.

Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.



КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Протресете го шишето. Нанесете мала количина на лицето и изложените делови на телото и распространете еднакво до комплетно апсорбирање. По подолга изложеност на вода, се препорачува повторно нанесување на производот за да се одржи заштитата од сонце. Избегнувајте контакт со очи. Водоотпорна формула. Погоден за сите типови на кожа, особено за светла и истенчена кожа. Погодна за возрасни и деца од 0 години.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ZINC OXIDE, POLYGLYCERYL-3 POLYRICINOLEATE (AND) POLYGLYCERYL-3 RICINOLEATE, ISOAMYL LAURATE (AND) ISOAMYL COCOATE, LEEN SEED OIL, CALENDULA OFFICINALIS FLORAL WATER, ROSA CANINA FRUIT OIL, GLYCERIN, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, SESAMUM INDICUM SEED OIL, PENTYLENE GLYCOL, SODIUM CHLORIDE, BENZYL ALCOHOL, TOCOPHEROL, MELALEUCA ALTERNIFOLIA OIL, POTASSIUM SORBATE, CI 77491 (AND) CI 77499, BENZOIC ACID, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLOWER OIL, MACLEYA MICROCARPA (MAXIM.) FEDDE. EXTRACT, JUGLANS REGIA LEAF EXTRACT, ROSA CINNAMOMEA L. EXTRACT, CI 77492.

Поврзани производи

Најгоре