TRIO-ZINC / НОЌЕН ПИЛИНГ ЛОСИОН СО “AHA” КИСЕЛИНИ – 115 МЛ.

1.228 МКД 1.535 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (4)

Баркод: 3661467002296

ПРОЧИСТУВАЊЕ • СМИРУВАЊЕ
ТРИ ВИДА НА ЦИНК • ПХА КИСЕЛИНИ • АХА КИСЕЛИНИ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Пилинг за лице
  • Дејство / Ефект - Смирување (Soothing/Calming) , Прочистување (Purification)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - Novexpert
  • Тип на кожа - Нормална кожа , Сува кожа , Мрсна кожа , Комбинирана кожа , Кожа склона кон акни
  • Наменето за - Лице

Како најдобро да ги избегнете упорните исфрлања и брчки во развој? Една формула е апсолутен must-have: нашиот Ноќен пилинг лосион, уникатен концентрат од ексфолирачки и активни состојки за против стареење.

-        Единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски

-        Производи формулирани од доктори

-        Погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки

-        Произведени во Франција

-        Вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА PEELING NIGHT LOTION

Назад во иднината... тоа може да биде соодветен опис на нешто што ни се случува на сите нас: со годините, обновувањето на нашите клетки значително се намалува. Колку е побавен обновувачкиот процес на епидермалните клетки, толку повеќе тие стагнираат во кожата и поголем е ризикот од создавање на наталожувања во порите, кои водат до кожни несовршености.

Решението? Ние користиме стар рецепт кој функционира: широко познатите овошни киселини (АНА). Овие ексфолирачки состојки способни да ја убрзаат обновата на клетките, се добри во измазнување на кожата и илуминирање на нејзиниот тен. Да, не е лесно да се искористат бенефитите на овошните киселини, без поттикнување на иритација. Но, може да се успее со новата генерација на ултра-нежни ексфолирачки активни состојки нарекувани РНА, или глуконолактон, кои се содржани во нашиот Ноќен пилинг лосион.

Бројка – 8

Овој процент на ексфолирачки активни состојки во Ноќен пилинг лосион значи: висока концентрација и максимална ефективност, овозможена од нова генерација на ултра-нежни овошни киселини.

РЕЗУЛТАТИ:

НАМАЛЕНИ ИСФРЛУВАЊА*

Црвените исфрлувања се намалени за -51.50%, по 54 дена употреба.

НАМАЛЕН СЈАЈ*

Сјајот на кожата е намален за -22.50%, по 54 дена употреба (матифицирачки ефект).

НАМАЛЕНИ КОЖНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ*

Кожните нерегуларности се намалени за -22.60%, по 54 дена употреба (измазнувачки ефект).

*Тест спроведен од независна лабораторија – 21 волонтер. Резултати по 56 дена употреба, во комбинација со TRIO-ZINC Пенлив гел (два пати дневно), TRIO-ZINC Флуид (еднаш, или двна пати дневно), TRIO-ZINC Ноќен пилинг лосион (еднаш на три ноќи) и TRIO-ZINС Серум (три пати на ден, кога е потребно).


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на вата, 10 минути по чистење на лицето. Избегнете контакт со очите и околуочната регија. Не го користете лосионот, доколку сте биле изложени на сонце.

Фреквенција на употреба: само навечер. Не го користете повеќе од еднаш на две ноќи, 2 до 3 месеци.

ШТО ДРУГО?

Совет за бричење! Овој лосион може да се користи како нега за после бричење (на нозе за жени и на лице за мажи) за да се спречат несовршености. Осигурајте се дека го нанесувате 10 минути по бричењето, овозможувајќи и на кожата доволно време за кожата делумно да го врати сопствениот заштитен слој.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, GLUCONOLACTONE°, SODIUM CITRATE°, GLYCERIN°, BUTYLENE GLYCOL°, LACTOBACILLUS FERMENT°, PARFUM (FRAGRANCE)°, CITRIC ACID°, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE°, SODIUM HYALURONATE°, ZINC GLUCONATE°, ZINC PCA°, ZINC LACTATE°, SCHIZANDRA SPHENANTHERA FRUIT EXTRACT°, SODIUM DILAURAMIDOGLUTAMIDE LYSINE°, MALTODEXTRIN°, POLYGLYCERYL-10 ISOSTEARATE°, PANCRATIUM MARITIMUM EXTRACT°

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.

Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Jasmina
24/05/2022
Предобар производ!

Миа
27/04/2022
Го користам 2 пати неделно, ми ги исчисти сите активни акни! Прекрасен производ!

Мирјана
14/04/2022
Нема подобар продукт!!!!!! За секоја намена.

Марија А
05/04/2022
Еднаш неделно ставам на цело лице од овој серум со памук или со дланка, со тапкање... Незаменлив е, чуда прави! Многу моќен серум!

Поврзани производи

Најгоре