SPF 30 / AGE-DEFYING КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ – 40 МЛ.

1.840 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  5.0 (5)

Баркод: 4751009828824

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
ЦИНК • ЕКСТРАКТ ОД ЛАЛЕМАНЦИЈА • МАСЛО ОД МАЛИНА
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Крема за лице
  • Дејство / Ефект - Хидратација (Moisturizing/Hydrating) , Заштита (Protection) , Против стареење (Anti-Ageing)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - Mádara
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице

Нема потреба од грижи на плажата со овој сертифициран природен крем со високи перформанси. Нашите патентирани матични клетки од северна Лалеманција, озовоможуваат хипер доза на моќни антиоксиданси за да се борат против број 1 непријателот на младешката кожа - слободните радикали.

Маслото од семе од малина и витаминот Е се здружуваат за SPF – Boosting и за враќање на силата, додека свиленкастата безбојна текстура ја прават заштитата на кожата пријатно искуство. Не дозволувајте темната страна на сонцето да завладее.

Обезбедува UVA / UVB заштита од широк спектар и спречува стареење. Совршен за на плажа и за сите видови активности на отворено.


ВО ФОКУС:

ПРИРОДНА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ 365 ДЕНОВИ ВО ГОДИНАТА

Заборавете на хемиски креми за сончање или природни производи кои ја прават кожата бела и леплива. По скоро 5 години истражување, MÁDARA воведува безбедни и природни решенија за заштита од сонце, без да се загрозат свилените мазни, луксузни текстури или да создаде бел "oldschool" слој.  

Додека негативните ефекти од изложеноста на UVB се појавуваат веднаш како сончаница, или изгореници од сонцето, поразителното влијание на UVA-зраците не е првично видливо, но се појавува по години на невнимателно изложување. Решението MÁDARA SPF30 комбинира заштита од широк спектар UVA/UVB со повеќе придобивки за нега на кожата - заштитена од изгореници и интензивно хидрирана, вашата кожа е помалку склона кон сушење, предвремено стареење, проблеми со пигментацијата и иритација.


СОСТОЈКИ

Со матичните клетки од северна лалеманција богата со антиоксиданси, витаминот Е и SPF Boosting маслото од семе од малина, ова природна крема за заштита од сонце базиран на цинк – оксид, комбинира природна заштита од сонце со врвни резултати во одржувања на кожата.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:


Што значи широк спектар на заштита?

- Производите за нега на кожа кои обезбедуваат широк спектар на заштита од сонце се способни да штитат не само од UVB (предизвикуваат сончаница и изгореници од сонце, придонесуваат за ризик од канцер), туку и од UVA (распространети и во облачни денови, генерираат сободни радикали, причинуваат длабоки брчки и стареење и придонесуваат за ризик од канцер) зраци.

Што е разликата помеѓу хемиски и природни креми за сончање?

- Ако хемиските производи за заштита од сонце пенетрираат во кожата и примаат сончеви зраци, природните креми за сончање користат филтери базирани на минерали (MADARA користи цинк – оксид кој овозможува високи нивоа на заштита од УВ поради оптималната големина на честичките) кои физички ги одбиваат штетните УВ зраци.

Зошто треба да изберам природен филтер за заштита од сонце?

- Како што студиите откриваат одреден ризик по здравјето, поврзан со хемиски филтри (акумулација во телото, можна иритација, па дури и хормонални нарушувања), филтрите базирани на минерали (познати и како физички или природни) се сметаат за побезбедни и уште поефикасни - создавајќи физичка бариера, природните креми за сончање работат од моментот на нанесување, и бидејќи нивното дејство нема никаква врска со хемиски реакции, тие делуваат се додека се наоѓаат на вашата кожа (што значи дека можеби ќе ви требаат дури и помалку нанесувања во текот на денот, во споредба со хемиските креми за сончање).

Дали треба да нанесувам крема за сончање само на лето?

- Вашата кожа е подложна на УВ зрачење 365 дена во годината. Исто така, штетните УВА зраци се распространети и во облачни денови и може да влијаат на вашата кожа преку прозорец, придонесувајќи за ризик од канцер и прерано стареење. Значи, краткиот одговор е – погрижете се да бидете заштитени од широкиот спектар на УВА/УБВ во текот на целата година.


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете слободно пред изложување на сонце. Нанесете повторно пред пливање/миење и сушење со пешкир. Супер совет за урбани жители: користете секојдневно на делови од телото (рамена, нозе, раце) изложени на сонце пред да излезете на улиците.


СОСТОЈКИ (INCI): ALOE BARBADENSIS (ALOE) LEAF JUICE, ZINC OXIDE, ISOAMYL LAURATE, DICAPRYLYL CARBONATE, GLYCERIN, SORBITAN OLIVATE, BEESWAX, LECITHIN, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE, SILICA, AROMA, CELLULOSE, SODIUM CHLORIDE, SORBITAN CAPRYLATE, DRACOCEPHALUM RUYSCHIANA (DRAGONHEAD) CELL CULTURE EXTRACT, RUBUS IDAEUS (RASPBERRY) SEED OIL, PALMITIC ACID, STEARIC ACID, PROPANEDIOL, BENZOIC ACID, AQUA, ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), SODIUM PHYTATE, TOCOPHEROL, POTASSIUM HYDROXIDE, GERANIOL.

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Марија В
09/11/2022
Одличен крем со добра покривност и дава преубав сјај на кожа. Не остава траги и убаво се впива во кожата, не ја прави мрсна. Топла препорака.

Славица Тасевска
01/07/2022
Одлична спф крема со супер покривност. Може да се носи како пудра во топлите летни денови.

Кате
21/05/2022
Мојата “пудра” за лето.

Paraskeva Dimitrovska
24/12/2021
Prekrasna krema ja preporacuvam na site

Ana K
04/10/2021
Одлична крема за заштита од сонце. Јас имам малку сува и чуствителна кожа и оваа крема супер ми одговара. Се нанесува лесно, има пријатна текстура, не остава бели траги и и дава сјај на кожата. Ја користам секој ден и е одлична за под шминка.

Поврзани производи

Најгоре