Цена со 18% ДДВ.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Ја чувствувате кожата иритирана, сува или затегната?
Ви се појавуваат видливи линии и брчки?
Кожата изгледа бледо и без здрав сјај?
Површината на кожата е погруба на допир?
Ако одговорот на барем едно од овие прашања е ДА, тогаш тоа може да биде знак на дехидрираност, односно на драстично намалена хидратација на кожата. Дехидрираноста води кон предвремено стареење на кожата и зголемена сензитивност.
Интензивна хидратантна крема збогатена со anti-age антиоксиданти од нордиски божур, ленено семе и хиалуронска киселина. Ја хидрира, освежува и смирува дехидрираната и иритирана кожа и ѝ го враќа младешкиот изглед. Делува и како заштитен слој од негативните ефекти на животната околина. Оваа крема го намалува изгледот на фините линии и овозможува оптимална хидратација.
ТЕСТИРАНА И ОДОБРЕНА ОД КЛИНИЧКИ ДЕРМАТОЛОЗИ:
Хидратацијата на кожата се зголемува за 80% по 4 недели редовна употреба.*
*Тестирано на 35 пациенти со јасно видливи знаци на дехидрирана кожа.
ТИП НА КОЖА: сите типови на кожа, сите возрасни групи. Особено погодна за сува, дехидрирана и иритирана кожа, која се осеќа затената, без сјај, со видливи фини линии и/или брчки. Одлична и за мажи.
КОЖАТА ЈА ОСЕЌАТЕ СУВА КАКО ХАРТИЈА?
„Дехидрираноста е чест проблем на кожата предизвикан од надворешните фактори на животната околина, производите со иритантни состојки и стареењето. Таа може да се третира со здрава исхрана и со соодветна козметика, која ќе ја балансира хидратацијата и ќе го зајакне заштитниот слој на самата кожа.“
ПРОФЕСОР ПО ДЕРМАТОЛОГИЈА, Dr.Med. Janis Kīsis
ВО ФОКУС:
КОРЕН ОД БОЖУР
Екстрактот од корен од божур има висока антиоксидантна активност, благодарение на присутноста на активни биомолекули како paeoniflorin, proanthocyanidins и флавоноиди, заштитувајќи ги клетките на кожата од можни оштетувања од животната околина. Ги заштитува клетките на епидермисот од оштетувања на ДНК-та предизвикана од ултравиолетово Б (УВБ) зрачење. Осумнеделна клиничка студија со 20 волонтери, резултирала со статистички драстично намалување на брчките на лицето. Полисахаридите кои се наоѓаат во кората и коренот од божурот, имаат покажано дека можат да ги стимулираат имуните клетки.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Како може еден козметички производ да овозможи хидратација и на подлабоките слоеви на кожата, а не само на најгорниот?
Хидратацијата преку овој производ се одвива благодарение на 4 механизми:
Дали производите од SOS линијата имаат SPF фактор?
Не, SOS производите немаат фактор за заштита од сонце.
Зошто текстурата на SOS производите е беж? Дали се пигментирани?
SOS производите немаат пигментирачки својства. Бојата на текстурите произлегува од природните минерални пигменти во составот.
19% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесувајте наутро и/или навечер на чиста кожа или секогаш кога ќе почувствувате дека на вашата кожа ѝ треба дополнителна доза на хидратација.
СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERYL STEARATE, BEHENYL ALCOHOL, DICAPRYLYL CARBONATEISOAMYL LAURATE, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT EXTRACT*, SODIUM PCA, SODIUM LEVULINATE, AROMA, CETEARYL ALCOHOL, LECITHIN, CELLULOSE, SODIUM ANISATE, PALMITIC ACID, STEARIC ACID, LACTIC ACID, GLYCINE SOJA STEROLS, LINUM USITATISSIMUM SEED EXTRACT*, URTICA DIOICA LEAF EXTRACT*, XANTHAN GUM, PAEONIA LACTIFLORA ROOT EXTRACT, SODIUM HYALURONATE, SODIUM PHYTATE, ASCORBYL PALMITATE, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, TOCOPHEROL, CI 77491***, CITRONELLOL**, GERANIOL**, BENZYL SALICYLATE**, EUGENOL**.
* состојки од органско земјоделство
** од природни етерични масла
*** чисти минерални пигменти Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Цена со 18% ДДВ.
Цена со 18% ДДВ.
Оставете коментар