PEEL / МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО "AHA" КИСЕЛИНИ – 60 МЛ.

1.535 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4751009823454

ПРОЧИСТУВАЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • СЈАЈНОСТ
AHA КИСЕЛИНИ • КИСЕЛИНИ ОД ДУЊА • ЦВЕТ ОД БОЗЕЛ

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Оваа активна AHA пилинг маска дава инстантен сјај благодарение на природната супердоза од активни киселини. Овошни киселини и витамин Ц од дуња, измешани со хидратантна млечна киселина и смирувачки цвет од бозел, овозможуваат ефикасна ексфолијација за светла, сјајна и мазна кожа.

ЕФЕКТИ:

  • Ги отстранува мртвите клетки и ја прави кожата помека и понежна на допир.
  • Ја ексфолира кожата при што ја стимулира регенерацијата на клетките.
  • Ја осветлува кожата, ја намалува видливоста на старосни дамки и линии.
  • Помага при одзатнувањето на порите и прочистува длабински.
  • Ја подобрува апсорбцијата и ефектот на останатите козметички производи.

Особено препорачлива за безживотна, уморна кожа, видливи знаци на стареење, линии, брчки, старосни дамки, блед изглед, затнати пори и акни. Не е препорачлива за осетлива, хиперсензитивна кожа.

7% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чиста кожа, избегнувајќи го делот околу очите. Оставете да делува 3-10 мин. Темелно исплакнете. Продолжете со нанесување на тоник и крема.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, LACTIC ACID, GLYCERIN, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLORAL WATER*, GALACTOARABINAN, MICROCRYSTALLINE CELLULOSE, POTASSIUM HYDROXIDE, GLUCOMANNAN, MICA (CI 77019)***, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891)***, AROMA, CELLULOSE GUM, PYRUS CYDONIA FRUIT EXTRACT*, SAMBUCUS NIGRA FLOWER EXTRACT*, ETHYL LAUROYL ARGINATE HCI, XANTHAN GUM, LIMONENE**.

* состојки од органско земјоделство

** од природни етерични масла

*** чисти минерални пигменти

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Поврзани производи

Најгоре