MELTING / МАСЛО ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ШМИНКА – 100 МЛ.

1.165 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4752223000966

ЧИСТЕЊЕ • ХРАНЕЊЕ • ОМЕКНУВАЊЕ
МАСЛО ОД НОЌНИЧЕ • БАДЕМОВО МАСЛО • ВИТАМИН Е

Бесплатна достава над 800 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Овој нежен маслен чистач длабински, но сепак деликатно ја прочистува кожата, отстранувајќи преку топење секаков вид на шминка и креми за заштита од сонце.

Формулиран на база на нежни прочистувачки агенси, витамин Е и масла од ноќниче и бадем, овој чистач дополнително ја потхранува и омекнува кожата. Ги отстранува нечистотиите без да ја иритира кожата и без да го ослабне нејзиниот заштитен слој.

Особено погоден за сува, дехидрирана, иритирана и зрела кожа. Маслото се топи при контакт со вода, при што лесно се плакне. Ја остава кожата чиста, свиленкасто мека и потхранета.

Погоден за употреба и за пределот околу очите.


39% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Масирајте на сува или лесно навлажнета кожа, додадете малку вода со дланките и продолжете да масирате, потоа темелно исплакнете. Продолжете со вашата редовна рутина. Погодно како прв чекор при двојно чистење.


СОСТОЈКИ (INCI): CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERIN**, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, AQUA, SUCROSE LAURATE, SUCROSE PALMITATE, AROMA, ALCOHOL, TOCOPHEROL, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891)****, MICA (CI 77019)****, OENOTHERA BIENNIS OIL*, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, GLYCOSPHINGOLIPIDS, GLYCOLIPIDS, BENZYL SALICYLATE***, CITRAL***, LIMONENE***.

* состојки од органско земјоделство

** создадено од органски состојки

*** од природни етерични масла

**** чисти минерални пигменти 

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.


Поврзани производи

Најгоре