Пребарување
Filters
Close

URTEKRAM

Urtekram International A/S е најголемиот Скандинавски производител на органски производи. Главното седиште се наоѓа во северниот дел на Данска, во Мариагер. Тие произведуваат органска храна, преработена и замрзната, сертифицирани органски производи за нега, како и производи наменети за луѓе кои имаат некаков вид на алергија, вклучувајќи и производи без лактоза или пак глутен.

Производите на Urtekram се продаваат во повеќе од 36 земји, во Скандинавија, Европа и Русија, Блискиот Исток, Азија и Северна Америка. Поголемиот дел од извозот на oрганска храна е низ Скандинавските земји, додека пак извозот кој е надвор од Скандинавија се однесува на нивните сертифицирани органски производи за нега.

На Македонскиот и Српскиот пазар, овој бренд беше претставен од страна на нашата компанија КС Гроуп ДОО, која во септември 2018-та година потпиша договор со кој стана ексклузивен застапник и увозник за нашиот регион.

Еден речник за Данскиот јазик ни кажува дека Urtekræmmer“ е старомоден термин за човек кој тргувал со зачини/билки или продавач кој патувал и продавал зачини, медицински билки, лекови итн. Други пак кажуваат дека „Urtekræmmer“ било еден вид на обичен продавач на земјоделски производи и дека тој ги продавал локалните производи, спротивно од трговците кои работеле со екстравагантна и преработена храна од прекуокеанските колонии.

„Пред многу многу години... Вака започнуваат сите добри приказни, вклучувајќи ја и нашата, која започна во 1972. Во времето кога се појавуваа иновативниот дух и свеста за животната средина. Кога органската храна беше на самиот почеток, кога кафето од земјите во развој немаше ни сонувано за фактот дека некогаш ќе се стекне со сертификат Fair Trade и кога сѐ ова била само идеа на срцето на неколкумина. Но, за основачите на Urtekram, Lisbeth Damsgaard и Ronnie McGrail, тоа беше почеток на една приказна која ќе ја направи Данска „посвесна и позелена“.

Lisbeth Damsgaard и Ronnie McGrail, ја започнаа приказната со мала продавница за билки во урбаниот Копенхаген. Тука, тие продаваа од сѐ по нешто, но „сѐ“ беше со акцент на природниот, едноставниот и чист животен стил. Претприемачкиот дух се развиваше сѐ побрзо, и набргу се основаше компанијата Urtekram. Во периодот помеѓу 1970 и 1980, Urtekram и органскиот концепт генерално се ширеа полека но сигурно, со знаење кое се пренесуваше и надвор од нивниот многу мал круг на еко ентузијасти. „Зелените“, беше прекарот по кој тие беа препознавани.

Во почетокот на '90-те, органските производи почнаа значително да се пробиваат, посебно во поголемите Дански градови. Денеска, нашите производи се продаваат во скоро сите супермаркети и продавници за здрава исхрана. Во некои маркети нашите производи ги има во огромен избор, кои се поставени на полици од неколку метри, а во други пак како интересен, мал избор со неколку, добро селектирани производи.

Изминативе години, ние значително растевме.  И растењето ни беше наша цел. Бидејќи што поголем број на органски производи ние развиваме и продаваме, толку подобро правиме за животната средина, здравјето и одговорното производство на храна. Покрај тоа ние сеуште се држиме до нашата цел да развиваме од 80 до 100 нови производи секоја година, а притоа не забораваме на влијанието што го имаме врз животната средина, низ сите процеси од производство и транспорт, па сѐ до пакување и состојките.

Иновативниот дух е главниот водич за сѐ што правиме. Отсекогаш сме се бореле за подобар свет и за производи кои се олицетворение на нашите гледишта на животот. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Иако сега сме многу поголеми од 1972, кога сѐ започна, иновацијата, посветеноста и страста се сеуште исти.“

Види како
Подреди по
Приказ по страна

ALOE VERA / БАЛСАМ ЗА УСНИ - 4,8 ГР.

ХИДРАТАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
МАСЛИНОВО МАСЛО • КАРНАУБА ВОСОК • МАСЛО ОД МАНДАРИНА • АЛОЕ ВЕРА
05 EUR

ALOE VERA / ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО ОД АЛОЕ ВЕРА - 100 МЛ.

РЕГЕНЕРАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
АЛОЕ ВЕРА • ГЛИЦЕРИН • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА
08 EUR

ALOE VERA / ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА ОД АЛОЕ ВЕРА - 250 МЛ.

РЕГЕНЕРАЦИЈА • ХИДРАТАЦИЈА
АЛОЕ ВЕРА • ГЛИЦЕРИН • СЛАТКО ПОРТОКАЛОВО МАСЛО
07 EUR
100 мл. = 00 EUR

ALOE VERA / КРЕМА ЗА РАЦЕ ОД АЛОЕ ВЕРА - 75 МЛ.

РЕГЕНЕРАЦИЈА • ХИДРАТАЦИЈА
АЛОЕ ВЕРА • МАСЛО ОД БАДЕМ • ШЕА ПУТЕР • МАСЛО ОД ЈОЈОБА
07 EUR
100 мл. = 00 EUR

ALOE VERA / КРЕМА ЗА СТАПАЛА ОД АЛОЕ ВЕРА - 100 МЛ.

РЕГЕНЕРАЦИЈА • ОМЕКНУВАЊЕ
ШЕА ПУТЕР • АЛОЕ ВЕРА • МАСЛО ОД БАДЕМ • МАСЛИНОВО МАСЛО
07 EUR

ALOE VERA / ЛОСИОН ЗА ТЕЛО ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА ОД АЛОЕ ВЕРА - 245 МЛ.

РЕГЕНЕРАЦИЈА • ХИДРАТАЦИЈА
ШЕА ПУТЕР • МАСЛИНОВО МАСЛО • АЛОЕ ВЕРА • МАСЛО СЕМКА ОД ПРАСКА
10 EUR
100 мл. = 00 EUR

Filter by:

Clear All
Min: 04 EUR Max: 22 EUR
4 22