Пребарување
Filters
Close

Испорака и рекламации

КАКВА Е ПРОЦЕДУРАТА НА НАРАЧУВАЊЕ?

Откако ќе ги нарачате посаканите производи, во најкус можен рок ќе стапиме во телефонски контакт со Вас, со цел да ги потврдиме Вашите информации за достава на нарачката. Потоа веднаш пристапуваме кон процесирање на Вашата нарачка.

 

КОЛКУ ЧИНИ ИСПОРАКАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ НА BELLINA.MK?

Сите производи од нашата е-продавница се доставуваат бесплатно до Вашиот дом на целата територија на Република Македонија, безусловно и без разлика на нарачаната количина.

 

КАКОВ Е НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ?

Со цел да Ви овозможиме наједноставен и најсигурен начин на плаќање, ние работиме на принципот плаќање на врата во готово (во денарска противвредност). Така, Вие не сте обврзани да го плаќате производот однапред, туку дури откако ќе го добиете и утврдите дека се е во ред.

 

ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАМ НАРАЧКАТА?

Доколку станува збор за Скопје, испораката на производот ќе биде извршена во рок од 24 часа од процесирањето на нарачката. Испораката на производите во сите други населени места во Македонија се извршува во рок од 1-2 работни дена од процесирањето на нарачката.

 

ДАЛИ МОЖАМ ПРОИЗВОДИТЕ ДА ГИ ПОДИГНАМ ОД КАЈ ВАС?

 

Иако Bellina.mk функционира како он-лајн продавница, доколку сте заинтересирани да ги тестирате нашите производи или пак сакате да ги купите директно во нашата канцеларија, можете да нè посетите на ул. Народен Фронт бр. 3/3, Локал 2 (зад Цветен Пазар), 1000 Скопје. Нашето работно време е од понеделник до петок (државните празници се неработни) од 10:00 до 17:00 часот.

 

ДАЛИ СЕ ВОЗМОЖНИ РЕКЛАМАЦИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ?

Секако. Доколку забележите оштетување на нарачаните производи при испораката или доколку добиете производ кој не истоветува со Вашата нарачка, Ви стоиме на располагање да го добиете она што Ви следува во најкус можен рок.

 

ДАЛИ СЕ ВОЗМОЖНИ ПРОМЕНИ ВО ВРСКА СО ИСПОРАКАТА ПО ПОТВРДУВАЊЕТО НА ИСТАТА?

Се додека Вашата нарачка не биде предадена на брзата пошта, можете да нè известите по електронска пошта или по телефон за било какви промени во однос на испораката на Вашата нарачка - contact@bellina.mk или на 078 885 333.

 

Со почит,

Вашиот Bellina.mk тим.

Горе