Пребарување
Filters
Close
RSS

Блог за убавина

Коса без првут во 4 чекори со производите од DR.KONOPKA'S
Здраво драги мои,

колкумина од нас колку и да сме убаво облечени, дотерани и чисти, се почувствувале навистина непријатно знаејќи дека имаат проблем со првутот, со оглед на тоа што претставува проблематика видлива на прв поглед. Косата е заштитен знак и од огромна важност за секоја жена, и здравата и убава коса не прави да се чувствуваме поубаво и посигурно. Не е ни чудо што, кога жените сакаат да променат нешто во својот изглед скоро секогаш започнуваат од косата. Секако, голем е бројот и на мажите кои страдаат од оваа проблематика и кои сепак се чувствуваат непријатно кога имаат првут.
Комплетна анти ејџ нега на кожата со DR. KONOPKA'S
Здраво драги мои,
 
откако пред извесно време на форумот фемина објавив дека моментално ги тестирам анти ејџ производите за лице на Др. Конопка од кои сум презадоволна (особено од серумот), добив многу барања што побрзо да објавам статијата со рецензија за истите. Па еве ме драги мои, сѐ за вас. 
Станува збор за една линија која е сертифицирана органска и што е најважно со одлична цена, наменета за сите оние кои не можат да си дозволат скап органски производ за лице, а сепак не сакаат да се одречат од квалитетот и задоволувачкиот ефект на производот. Производите кои денес ќе ви ги претставам: серумот за лице со екстракт од љубичица, кремот за лице за анти ејџ нега и регенеративниот крем за нега на кожата околу очите, не само што имаат одлична цена, туку и одлична декларација и ефект врз кожата. Да не должам многу, ајде да започнеме.
 
Свежи и заштитени во претстојниот топол период со органските дезодоранси на URTEKRAM

Здраво драги мои, дојде пролетта а со неа и убавите топли денови кои тек допрва ќе бидат се помногубројни и потопли (со доаѓањето на летото).За жал овие прекрасни топли денови со себе носат и еден малку непријатен проблем за повеќето од нас, односно потењето. Секојдневните обврски, трчањето од едно место на друго, топлината, синтетичката облека, сето тоа придонесува до зголемено потење кое честопати е пропратено со непријатна миризба (особено за оние кои се околу нас). На пазарот се нудат многу производи, особено оние магични деодоранси кои ветуваат дека штитат 24, 48 па дури 62 часа...меѓутоа колку и дали се навистина добри за нашиот организам?

Детокс на косата во градските средини со производите ANTI POLLUTION на URTEKRAM

Здраво драги мои, загадениот воздуx, прашината и “евентуалниот“ чад од цигари (во зависност од тоа дали пушите во вашите домови или некој околу вас пуши) негативно делуваат врз нашата коса и ја прават послаба и без сјај. Косата многу лесно се “валка“ и масти и тоа секако не изгледа баш најубаво. За разлика од нашата кожа која во вакви околности има еден вид на “самоодбрана“ нашата коса за жал не е во состојба самата да се одбрани. Иако темето каде што косата е “жива“ како и кожата може да реагира и да се одбрани, косата по должината е онаа која страда, станува послаба и без сјај. Токму затоа од огромна важност се производите кои ги користиме за нега на косата, особено доколку живееме во поголемите градови или во средините каде воздухот е позагаден. Во денешнава статија ќе ви предложам три прекрани природни и органски производи од марката Уртекрам кои се во состојба да направат еден вид на детокс на нашата коса и секако да направат истата да биде што подолго чиста и заштитена. Станува збор за шампонот, регенераторот и специјалниот обновувачки третман за коса од линијата Anti Pollution со зелен чај и екстракт од микроалга.

Крема за ублажување на стрии на ORGANIQUE

Прочитајте го седмиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи! Здраво драги мои, стриите претставуваат неестетска појава која претставува проблем на многу девојки и жени. Се појавуваат како резултат на кинењето на еластичните влакна во дермисот, односно колагенот и еластинот кое настанува како последица на драстични диети, нагли промени во телесната тежина, или пак за време на бременоста. Кога ќе се појават имаат розева боја, а со текот на времето стануваат бели. Мора да бидам искрена и да кажам дека белите стрии е невозможно да се отстранат, меѓутоа со правилна нега и вистинските производи, може да се ублажат и што е најважно да се спречи појавата на нови стрии.

Бела глина од ORGANIQUE: вистински дар од природата

Прочитајте го шестиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи! Здраво драги мои, глината претставува едно од најстарите природни методи кој човекот го имал на располагање за нега на кожата и косата.  Таа претставувала и сеуште претставува јавна тајна за убавината на многу жени. Богата е со разни минерали како железо, силика, калциум, мангезиум и.т.н., и во зависност од количината и процентот на овие минерали постојат разни видови на глина кои меѓусебно се разликуваат не само по бојата, туку и според дејството. Помага при разни состојби на кожата и косата: го забавува стареењето, помага при проблем со акни и митесери, помага при проблем на дерматитис, реуматски болки, масна коса или едноставно ја прочистува и омекнува кожата.

Крем со гоџи и крем со тиква од ORGANIQUE - есенски еликсир за здрава и убава кожа

Прочитајте го петиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи! Здраво драги мои, жешкото помина и полека но сигурно им кажуваме чао чао на костумите за бањање, сандалите, апостолките, а богами и на летната нега на кожата. Есента пристигна (мислам дека сите го сфативме тоа од наглото намалување на температурата) каде се случуваат многу промени во природата. Со оглед на тоа што нашиот организам и кожа ги следат тие промени, од голема важност е да ја промениме или подобро речено прилагодиме дневната и ноќната нега на нашата кожа во склад со овие временски промени.

 

Детска кожа мека како свила, со два прекрасни производи на ORGANIQUE

Прочитајте го четвртиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи!Здраво драги мои, за да преживееме во големиот пазар на производи за нега на бебешката и детската кожата, треба пред сѐ да ги познаваме вистинските потреби на истата. Кожата кај децата видно се разликува од кожата на возрасните поради тоа што од раѓањето па се до пубертетот, лојните жлезди се помалку активни и нивната кожа има тенденција да биде секогаш посува. Исто така, најгорниот слој на епидермот кај децата е многу потенок отколку кај возрасните, кој ја прави детската кожа многу почувствителна на надворешните влијанија. 

Митесери, акни, масна кожа, иритации, црвенила? Кажете им збогум со тоникот со хамамелис на ORGANIQUE

Прочитајте го третиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи!Здраво драги мои, многу сум возбудена што ќе имам можност да ви претставам еден навистина феноменален производ кој за првпат го гледам кај нас на пазарот, и е доста оригинален како производ со оглед на тоа што помага при повеќе проблематики кај кожата на лицето. Станува збор за тоникот за лице со екстракт од хамамелис на полската природна марка Organique.

Богат балсам за нега на сувата кожа на телото на полската марка ORGANIQUE

Прочитајте го вториот блог на БИОДЕВОЈКА, со рецензија за дел од нашите производи! Здраво драги мои, сувата кожа на телото може да се јави како резултат од неправилната хидратација и хранење на истата во текот на целата година, меѓутоа и како последица од прекумерното изложување на сончевите зраци за време на летните одмори. Доколку и вие сте се вратиле од летните одмори со малку посува кожа од обично, не очајувајте, за вас го имам вистинскиот производ кој ќе ја врати вашата кожа во “форма“ зголемувајќи ја еластичноста на истата.