Пребарување
Filters
Close

За нас

„Ако не знаеш што е подобро, прашај што е поскапо!“ – таа стара мудрост, која се чини длабоко е вкоренета во нашите размислувања, се користи кога е во прашање избор помеѓу неколку производи.

Сепак, бројни експерти за психологијата на потрошувачите, како и за анализа на пазарите, не се согласуваат со таа народна изрека. Напротив, се повеќе е застапено мислењето, дека цената сама по себе не е исказ за квалитетот на еден производ.

Ние од Bellina.mk го застапуваме тој нов став, поткрепен со високиот квалитет на нашите производи како аргумент. Ние сметаме дека и тоа како може да се нудат висококвалитетни производи по многу подостапни цени отколку што сме навикнати да гледаме кај најпознатите светски брендови.

Како генерален застапник за Република Македонија за парфемите JFenzi од Франција, ние нудиме висок квалитет по најконкурентни цени на пазарот.

 

Нашата ВИЗИЈА се позадоволни и посреќни луѓе, без разлика на нивната класна припадност. Свет во кој луѓето нема да се делат според тоа колку заработуваат и кадешто сите ќе можат да го добијат она што ќе ги направи задоволни и среќни.

Нашата МИСИЈА е потрошувачите на нашиот пазар да добиваат висок квалитет на услуги и производи, а ценовно да не мора истите да ги категоризираат како „луксуз“. Да може едноставно секоја жена и секој маж да се осеќаат задоволни од својот избор од секој аспект, без притоа да обрнуваат преголемо внимание на цените на производите.

Како компанија постоиме од 2014 година, со седиште во Скопје и секојдневно работиме со максимална ангажираност и посветеност, за да ги задоволиме Вашите потреби како  потрошувачи.

 

Со почит,

Тимот на Bellina.mk

Горе