Пребарување
Filters
Close

Услови на употреба

1. Генерални одредби

Со регистрација, односно со внесување на Вашaта е-маил адреса во делот за регистрација, Вие („Вие", „потрошувачите", „Вас") се согласувате со Условите на употреба дефинирани подолу. Со овие услови за користење се дефинираат прават и обврските за користење на веб сајтот на Bellina и неговите услуги и функционалности. КС ГРОУП ДОО е сопственик на веб сајтот www.bellina.mk, во понатамошниот текст („Ние", „Нашиот", „Bellina", „Bellina.mk", „Платформата").

Веб сајтот www.bellina.mk може да го користат сите правни лица и сите физички лица на возраст од 18 години или повеќе.

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСИТЕ ВЕБ САЈТОТ www.bellina.mk, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊЕ ПРЕКУ ВЕБ САЈТОТ И НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА ДОСТАПНА НА ВЕБ САЈТОТ.

Bellina овозможува онлајн трговија преку веб страната bellina.mk. Одредени физички или правни лица („Претставници") можат да го стекнат правото да ги нудат нашите производи по истите цени, услови и со ист квалитет како и на нашиот сајт. Сите понуди и цени на сајтот можат да се променат во било кое време без претходно известување. Bellina го задржува правото да одбие услужување или пристап на веб страната на било кое физичко лице или правно лице во било кое време поради било која причина.

Правото на користење на Bellina е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Bellina нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлзе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице.

Корисникот признава дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на и КС ГРОУП ДОО не сноси одговорност за губење на податоци, настанато при пренос на информациите преку Интернет. Иако цел на КС ГРОУП ДОО е bellina.mk да биде достапен 100% од времето, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања.

Сите материјали содржани на веб сајтот bellina.mk се ексклузивно право на компанијата КС ГРОУП ДОО, или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на КС ГРОУП ДОО е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршување на општите услови и употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и / или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Bellina го задржува правото во било кое време да го измени или прекине било кој аспект од Условите на употреба. Ако Bellina направи суштински промени ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин, преку испраќање на е-маил на адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви суштински промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила, откако претходно ќе ве известиме Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот веб сајт. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува bellina.mk за да дознае за такви промени. Секое користење на веб сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

Производите објавени на веб сајтот bellina.mk мора да бидат во согласност со соодветната важечка регулатива во Република Македонија. Во случај на спор товарот за усогласеноста на производите со позитивното законодавство на Република Македонија, товарот на докажување на усогласеноста паѓа на продавачот.

Компанијата КС ГРОУП ДОО не е одговорна за било каква содржина, која корисникот може да ја постави на веб страната. Компанијата КС ГРОУП ДОО го задржува правото да модифицира, адаптира, променува, врши бришење или отстранување на било која содржина што се смета дека е несоодветна.

Крајниот корисник се согласува да ја обештети, а нема да ја смета одговорна компанија КС ГРОУП ДОО против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на веб-страната на крајниот корисник.

Дополнителни услови на употреба:

Со регистрација, односно со внесување на Вашaта е-маил адреса во делот за регистрација, Вие исто така се согласувате и со нашата Приватност на податоци.

 

2. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вие не се придржувате на Условите на употреба го задржуваме правото да Ви го ограничиме пристапот до веб сајтот.

Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите што ги обезбедува Bellina, на неговиот сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои не се во согласност со законодавството на Република Македонија, важечките странски закони, интернет етиката и со заедничките прописи за пристојност и моралност;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои се предмет на интелектуална сопственост на трети лица, освен со согласност со носителот на правото;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои се заштитени со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, убедување, политичка припадност, личен или јавен статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било кои други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

Корисникот не смее на овој веб сајт да поставува, објавува или на друг начин става на располагање било какви материјали, кои се предмет на авторски права, заштитен знак или други права на интелектуална сопственост, без директна согласност на носителот на тие права. Компанијата КС ГРОУП ДОО, не е обврзана да го извести крајниот корисник или да му помогне да се утврди дали материјалот е предмет на авторски права. Крајниот корисник е исклучиво одговорен за било каква штета што може да резултира од прекршување на авторски права, заштитен знак и друга злоупотреба на правата на интелектуалната сопственост или било кои прашања, кои произлегуваат во врска со објавувањето на таквиот материјал. Со поставување материјали на јавниот дел на оваа веб-страна, крајниот корисник изјавува дека носителот на правата на овие материјали и експлицитно и дозволува на компанијата КС ГРОУП ДОО времено или просторно, неограничено, бесплатно, постојано, неповратно и не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавување и дистрибуција на таков материјал (делумно или во целост). На крајниот корисник е исто така да дозволува на други крајни корисници, коишто пристапуваат на право на гледање, или репродукција на овој материјал за нивна сопствена употреба. Со ова крајниот корисник и дава на право на компанијата КС ГРОУП ДОО да модифицира, копира, објавува и дистрибуира било каков материјал достапен на крајниот корисник на веб сајтот bellina.mk;

Крајниот корисник изречно се согласува дека со користењето на веб-страната на bellina.mk, исклучиво самиот тој е одговорен, така што компанијата КС ГРОУП ДОО не гарантира (I) за последиците кои можат да резултираат од употребата на оваа веб страна, (II) за точноста, доверливоста или содржината на информациите на оваа интернет страница или (III) за последиците од објавувањето на лични податоци за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и применa;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на надлежен орган;

 

3. Услови на купување

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот, Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

Крајниот корисник експлицтно се согласува дека го користи веб сајтот на Bellina под негова одговорност. Bellina и нејзините вработени, продавачи, соработници, директори, не гарантира дека I)користењето на веб сајтот ќе биде непрекинато, за II) резултатите кои можат да се добијат од користењето на веб сајтот, или за III)точноста на содржината. Крајниот корисник може да ја откаже нарачката пред истата да биде процесирана.

Купувањето преку веб сајтот bellina.mk се прави со клик на копчето НАЈАВИ СЕ (за постоечки корисници) или РЕГИСТРИРАЈ СЕ (за нови корисници) и со едноставно додавање на посакуваните производи во потрошувачката кошничка кое на крај се потврдува на копчето ЧЕКИРАЈ кое ќе го најдете во вашата кошничка. По извршувањето на нарачката, купувачот телефонски или по е-маил ќе биде исконтактиран од тимот на Bellina, за да се потврди истата. Bellina нема никаква одговорност доколку купувачот не ја провери е-маил поштата или пак се регистрирал со погрешна адреса или број на телефон.

Ние го задржуваме правото да ја одобриме и правото да ја одбиеме секоја нарачка.

Со цел да ја подобриме продажбата, Bellina го задржува правото да ги користи содржините кој вие ги имате поставено на bellina.mk за маркетинг цели.

 

4. Сопственост на веб сајтот

Сајтот, целата содрижина на сајтот и инфраструктурата која се користи се сопственост на КС ГРОУП ДОО. Со користење на овој сајт Вие се согласувате со сите правила и услови изнесени во овој текст. Ние ви овозможуваме лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од КС ГРОУП ДОО. Вие се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина добиена преку сајтот без претходно одобрување од КС ГРОУП ДОО.

Доколку Bellina содржи линкови од веб-сајтови на трети лица, кои се одржуваат од трети лица, ние изречно ја отфрламе одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни. Крајниот корисник ги посетува овие веб сајтови на свој ризик.

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата КС ГРОУП ДОО, нејзините одговорни лица и вработени за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

Горе