Пребарување
Filters
Close

Зошто парфемот на мојата пријателка, мириса различно на мојата кожа?

Дали некогаш и Вам Ви се случило, да се заљубите во некој парфем што сте го почувствувале на некоја друга личност, сте си го купиле истиот и за Вас, за на крај да се разочарате дека Вам не Ви мириса толку убаво како на личноста кај која сте го откриле?

„Можеби серијата на парфемот не е во ред?“, „Или пак ми дале некоја друга верзија на тој парфем?“ – Не, не. Го имате токму тој парфем што сте го побарале. „Зошто тогаш не ми мириса како кај пријателката?“. Одговорот е: наука.

Ова се случува многу почесто отколку што мислите, а исто така има и многу луѓе кои се незадоволни од тоа како мириса нивниот нов парфем, бидејќи го купиле откако го помирисале кај некој пријател и им се допаднал. Секако дека не сте само Вие!

 

Зошто се случува тоа?

Првичната и главна причина за оваа појава е фактот што секој од нас има своја уникатна и за себе специфична телесна хемија која не соодветствува со ниту една друга.

Кога молекулите на парфемот реагираат со топлите пулсирачки зони од срцето, истото предизвикува реакција и со нашата кожа и хормоните, кое му дава на секој парфем специфичен мирис.

Кога велиме дека секој од нас има различна кожа, се мисли на: сува кожа, масна кожа, осетлива кожа и сл.

Треба да се земе во предвид фактот што секоја кожа е комплексна мешавина на вода, маснотии, киселини, соли, шеќери, протеини и влакна. Секоја од овие компоненти се врзува на различен начин со молекулите од парфемот, што значи и дека влијае различно на истите, што како резултат дава различен мирис на еден ист парфем, кај различни луѓе.

Исто така дополнителни фактори кој влијаат на мирисот на парфемите се:

-          Диетата или режимот на исхрана;

-          Стресот односно нивото на стрес;

-          Нивото на хормони;

-          Влажноста на воздухот и

-          Зачини и тревки при исхраната (Босилек, Цимет, Кромид, Лук итн.).

Значи најчесто кога еден ист парфем ќе ни мириса различно, проблемот не е во самиот парфем, туку во разликата на хемискиот состав на нашата кожа, тело и опкружување, како резултат на големата разлика кај факторите кои влијаат на самиот мирис.

Оставете коментар
Горе