Search
Filters
Close

Ecocert - COSMOS ORGANIC/NATURAL

 Опис

Независната организација „Ecocert“ (Екосерт) сертифицира еколошки/органски производи и процесите на нивното производство. Сферата на работа на „Ecocert“ вклучува храна, текстил, козметика и средства за домаќинство. Сертификатот кој се издава на производителите гарантира исполнување на најстроги стандарди при сите чекори на производство, еколошка чистота на производите, како и природно потекло на суровините за производство. 

„Ecocert“ исто така гарантира сеопфатна и детална инспекција на сите производни места кои сакаат да добијат ваков сертификат, почнувајќи од испитување на почвата и земјиштето кадешто растат репроматеријалите (суровините) кои се употребуваат во финалниот производ, па сè до амбалажата и транспортот на производот.

Оваа независна организација е основана во 1991 година во Франција, а имала за цел да сертифицира француски производи од природно потекло. Сепак, денес, оваа организација е една од најголемите и најпознатите светски институции за сертифицирање на природни и органски производи, признаена и користена во повеќе од 80 држави ширум светот.

„Ecocert“ има бескомпромисна политика во поглед на тестирањето врз животни, кое е најстрого забрането. Исто така е забранета употребата на суровини од животинско потекло, освен суровини кои животните сами ги произведуваат, како на пример медот.

 

 Забранети состојки

• Производи од животинско потекло;

• Хемиски состојки;

• Синтетички колоранти и мириси;

• Синтетички конзерванси;

• Нафтени деривати;

• Минерални масла;

• ГМО;

• Пропилен гликол;

• СЛС (Содиум лаурил сулфат).

 

 Критериуми за сертификација

• На плантажите е забранета употреба на вештачки ѓубрива и пестициди;

• Забранета е употреба на ГМО семиња за засадување;

• Забрането е користење на состојки од животинско потекло, како и тестирање на животни;

• Производството, складирањето и транспортот мора да се извршуваат исклучиво во еколошки чисти простории;

• Постојат специјални правила на водење на документацијата, кои подразбираат увид на патот на производите и суровините во сите чекори на производството;

• Задолжително е користење на рециклирачки амбалажи за производите;

• Овозможување на најавени и ненајавени инспекции;

• Строга употреба само на дозволени состојки;

• Наведување на целосната композиција на состојки на самата амбалажа по стандаризираните правила (INCI).

 

  Држава

Франција

 

 Дозволени состојки

Козметичките производи сертифицирани од страна на „Ecocert“, можат да имаат два вида на ознаки: „природна козметика“ и „природна и органска козметика“. Првата означува дека производот се состои од најмалку 50% состојки од растително потекло, од кои 5% се земјоделски производи. Природната и органска козметика пак, гарантира дека производот се состои од најмалку 95% природни растителни состојки, од кои пак најмалку 10% се суровини од органско земјоделство.

 Опис

COSMOS е меѓународен стандард за природна и органска козметика, создаден во Европа во 2010 година, од страна на 5-те најголеми европски институции за сертификација: Ecocert и Cosmebio од Франција, BDIH од Германија, Soil Association од Велика Британија и ICEA од Италија.

Стандардот COSMOS е комбинација критериуми за подготовка, производство и продажба на природни производи низ целиот свет, благодарение на кои, потрошувачите имаат можност да добијат целосни и детални информации за секој производ. Овој стандард е еден од најстрогите во светот, базиран на човековото здравје и заштитата на животната околина.

За создавачите на овој стандард, важно било дефинирањето на една унифицирана програма, која би го опфаќала „природниот“ бизнис како целина. За да се добие овој сертификат, важно е компанијата не само да ги исполни задолжителните критериуми, туку исто така да покаже и докаже еколошко производство, како и заштита и грижа за животната околина при развивањето на својот бизнис. Ова исто така се однесува и на суровините кои се користат за создавање на производите, на самото производство, отпадниот систем, транспортот и логистиката на суровините и готовите производи и многу други сегменти.

Ниту еден од производите и суровините на самите производи сертифицирани од страна на овој стандард, не смеат да бидат тестирани на животни, ниту пак да содржат суровини од животинско потекло, ако тоа подразбира убивање на животните за нивно добивање.

 

 Забранети состојки

• Штетни состојки;

• Нафтени деривати;

• Синтетички конзерванси, мириси и колоранти;

• Сулфати;

• ГМО производи.

 

 Критериуми за сертификација

Развиени се две категории на COSMOS стандардот:

 

1. COSMOS NATURAL - производот смее да содржи само природни состојки, од кои дел треба да бидат со органско потекло. На задниот дел од амбалажата на производот, производителот може опционално да го наведе процентот на застапеност на органските состојки од целата маса на производот.

 

2. COSMOS ORGANIC - производот смее да содржи само природни состојки, од кои 95% мора да бидат од растително потекло. Во составот смее да има максимум од 5% на дозволени и регулирани синтетички состојки. Најмалку 20% од компонентите во составот мора да бидат со органско потекло, доколку се работи за производ кој се впива или се остава да делува, односно најмалку 10%, доколку се работи за производи кои се измиваат/плакнат по нанесувањето.

 

Освен тоа, главните критериуми се:

• Забранета е употреба на нано-честички;

• Забранета е употреба на радиоактивни зрачења;

• Забранета е употреба на ГМО производи;

• Дозволена е преработка на состојки со еколошки чисти супстанци, кои се наведени во посебна листа;

• Еколошки чисто производство;

• Годишни инспекции со цел да се проверат материјалите, амбалажите, работната организација и други сегменти на производство.

 

 Држава

Основачи - Германија, Франција, Велика Британија, Италија

Членови - Турција, Јужна Кореја, Австралија

 

 Дозволени состојки

Само сертифицирани природни состојки и не повеќе од 5% синтетички материјали, но од строго определена и регулирана листа.

 

 

Погледнете ги тука сертификатите на нашите производи од „Ecocert COSMOS ORGANIC“:

URTEKRAM