Search
Filters
Close

BDIH - COSMOS ORGANIC/NATURAL

 Опис

„BDIH“ е непрофитна организација на компании од индустрискиот и трговскиот сектор, наменета за производители и дистрибутери на природни производи, прехранбени производи, медицински како и производи за лична нега.

Основана е 1951 година во Манхајм, кадешто сеуште се наоѓа седиштето. Во моментов брои повеќе од 550 производители и дистрибутери како членови, главно компании од германското говорно подрачје (Германија, Австрија, Швајцарија).

Сертификацијата на компаниите се врши врз база на строга листа на барања (поставени од страна на Германското Министерство за Здравство) која гарантира дека оние кои го поседуваат овој сертификат, ги исполнуваат сите стандарди за животна околина, чистота, квалитет на суровини, како и еколошки чисти производствени методи.

Главните цели на „BDIH“ сe да му се овозможат на потрошувачот што е можно повеќе информации за производителот, целосна транспарентност на производството и зголемување на корпоративната социјална одговорност во козметичкиот сектор.

Најстрого е забрането тестирањето на животни и користењето на суровини добиени од убиени животни.

 

 Забранети состојки

• Производи од животинско потекло;

• Силикони;

• Синтетички колоранти и мириси;

• Синтетички конзерванси;

• Нафтени деривати;

• Минерални масла;

• ГМО;

• Етоксилирани состојки.

 

 Критериуми за сертификација

• Сите растителни состојки треба да бидат добиени од специјални фарми или доколку се работи за суровини од диви места, истите да бидат чисти и под строга супервизија на експерти;

• Забранета е употреба на ГМО семиња за засадување;

• Производството мора во секое време да биде отворено и достапно за инспекција;

• Забранета е употребата на радиоактивно зрачење;

• Исполнување на правилата за отпадоците и нивната повторна употреба, чесни партнерства и фер конкуренција;

• Организација на производството на начин, кој не смее да биде штетен за животната средина;

• Забрането е користење на состојки од животинско потекло, како и тестирање на животни;

• Наведување на целосната композиција на состојки на самата амбалажа по стандаризираните правила (INCI);

• Дозвола за употреба на неоргански соли и минерали;

• Дозвола за употреба на сурфактанти и емулгатори, добиени по пат на хидрогенизација, трансестерификација и хидролиза.

 

  Држава

Германија

 

 Дозволени состојки

Производот се нарекува „органски“, кога 95% од користените состојки се од органско земјоделство. Неколку производи од растително потекло, кои се наведени на листа, смеат да се користат исклучиво од органско земјоделство.

 

Дополнително на ова, „BDIH“ дозволува користење на следните состојки:

 

• Бензил алкохол;

• Соли од салицилна киселина;

• Соли од сорбинова киселина;

• Соли и естери од бензоева киселина.

 

Следните состојки се дозволени, само ако се добиени од природни суровини:

 

• Масти;

• Белковини;

• Масла;

• Сахариди;

• Лецитини;

• Ланолин;

• Липобелковини (липопротеини).

 Опис

COSMOS е меѓународен стандард за природна и органска козметика, создаден во Европа во 2010 година, од страна на 5-те најголеми европски институции за сертификација: Ecocert и Cosmebio од Франција, BDIH од Германија, Soil Association од Велика Британија и ICEA од Италија.

Стандардот COSMOS е комбинација критериуми за подготовка, производство и продажба на природни производи низ целиот свет, благодарение на кои, потрошувачите имаат можност да добијат целосни и детални информации за секој производ. Овој стандард е еден од најстрогите во светот, базиран на човековото здравје и заштитата на животната околина.

За создавачите на овој стандард, важно било дефинирањето на една унифицирана програма, која би го опфаќала „природниот“ бизнис како целина. За да се добие овој сертификат, важно е компанијата не само да ги исполни задолжителните критериуми, туку исто така да покаже и докаже еколошко производство, како и заштита и грижа за животната околина при развивањето на својот бизнис. Ова исто така се однесува и на суровините кои се користат за создавање на производите, на самото производство, отпадниот систем, транспортот и логистиката на суровините и готовите производи и многу други сегменти.

Ниту еден од производите и суровините на самите производи сертифицирани од страна на овој стандард, не смеат да бидат тестирани на животни, ниту пак да содржат суровини од животинско потекло, ако тоа подразбира убивање на животните за нивно добивање.

 

 Забранети состојки

• Штетни состојки;

• Нафтени деривати;

• Синтетички конзерванси, мириси и колоранти;

• Сулфати;

• ГМО производи.

 

 Критериуми за сертификација

Развиени се две категории на COSMOS стандардот:

 

1. COSMOS NATURAL - производот смее да содржи само природни состојки, од кои дел треба да бидат со органско потекло. На задниот дел од амбалажата на производот, производителот може опционално да го наведе процентот на застапеност на органските состојки од целата маса на производот.

 

2. COSMOS ORGANIC - производот смее да содржи само природни состојки, од кои 95% мора да бидат од растително потекло. Во составот смее да има максимум од 5% на дозволени и регулирани синтетички состојки. Најмалку 20% од компонентите во составот мора да бидат со органско потекло, доколку се работи за производ кој се впива или се остава да делува, односно најмалку 10%, доколку се работи за производи кои се измиваат/плакнат по нанесувањето.

 

Освен тоа, главните критериуми се:

• Забранета е употреба на нано-честички;

• Забранета е употреба на радиоактивни зрачења;

• Забранета е употреба на ГМО производи;

• Дозволена е преработка на состојки со еколошки чисти супстанци, кои се наведени во посебна листа;

• Еколошки чисто производство;

• Годишни инспекции со цел да се проверат материјалите, амбалажите, работната организација и други сегменти на производство.

 

 Држава

Основачи - Германија, Франција, Велика Британија, Италија

Членови - Турција, Јужна Кореја, Австралија

 

 Дозволени состојки

Само сертифицирани природни состојки и не повеќе од 5% синтетички материјали, но од строго определена и регулирана листа.

 

 

 

Погледнете ги тука сертификатите на нашите производи од „BDIH COSMOS NATURAL“:

• DR. KONOPKA'S