Search
Filters
Close

FAQs

 

Зошто еден парфем мириса различно кај различни луѓе?

Разликата на природниот мирис на кожата делува на тоа, една иста мирисна комбинација на ноти, кај различни луѓе да мириса потполно различно. Освен тоа, секојдневните животни навики, како што се режимот на исхрана, стресот, хормоналните пореметувања или моменталната антибиотска терапија, влијаат на тоа како мирисот ќе се развива на вашата кожа. Затоа Ве советуваме никогаш да не купувате парфем, затоа што некој друг Ви го препорачал или затоа што многу убаво мириса на кожата на вашата најдобра пријателка. Пред да го купите, проверете како парфемот ќе Ви прилега Вам и на вашата кожа.

 

Кој е најсоодветен парфем за на работа?

Најсоодветен парфем за на работа е оној парфем кој не е многу интензивен. Идеални се нежните парфеми со цветни ноти, кои ќе ги нанесете во мала количина. Поинтензивните парфеми користете ги за ноќни журки и останати важни настани, на кои треба да оставите силен впечаток. Пафеми за на работа кои ги препорачуваме:

 

За жени: Day&Night Light Intense

Escalation Beautiful

Lasstore Passion

За мажи: Moon Water Men

Desso Green Universal

Lasstore Dice

 

Како парфемот кој го користам, да трае подолго на мојата кожа?

Сигурно се прашувате, дали е потребно да се прскате почесто во текот на денот, за Вашиот парфем да трае во текот на целиот ден? Не, не препорачуваме да се “бањате” со Вашиот парфем и на себе да истурите пола шишенце парфем. За вашиот парфем да трае подолго во текот на денот, Ви препорачуваме по туширање да нанесете лосион за тело, а потоа да се испрскате со парфем. Кога вашата кожа ќе биде намачкана со лосион за тело, ќе осетите значителна разлика во долготрајноста на парфемот. 

 

Дали е подобро парфемот да го нанесувам директно на кожата или на мојата облека?

Најдобро е парфемот да го нанесете директно на кожата. Парфемот нанесен на Вашата кожа, развива посебни молекули, кои Ви даваат простор да оставите посебен личен печат на околината. Клучот е во топлината на телото, која го разградува парфемот на посебен начин, а облеката го нема ова својство.

 

Какви парфеми сакаат мажите, а кои не ги поднесуваат?

Мажите најчесто реагираат на парфемот како на ситуација, на која истиот ги асоцира. Доколку некој парфем кај мажот буди убави спомени (на пример некоја цветно-овошна комбинација која му буди спомени од некое летување) голема е веројатноста тој парфем да му се допадне. Исто така мирисните ноти кои во неговиот мозок будат некои стари спомени (на пример парфемот кој го користите е сличен на оној кој го користела и неговата баба), со сигурност ќе му се допадне. Доколку пак парфемот кој го користите во него буди лоши спомени, со сигурност нема да го првлечете или заведете. Затоа Ве советуваме да набавите неколку различни парфеми и да проверите на кој ќе падне Вашиот партнер.

 

Дали е препорачливо производите кои ги користам (млеко за тело, лосион, шампон, купка, парфем) да бидат со различни мирисни ноти?

Да, препорачливо е. Но имајте на ум дека во ваквата комбинација ќе надвладеат мирисните ноти на парфемот, а оние на лосионот и шампонот ќе останат во сенка.

 

Кои се клучни точки на телото на кои треба да го нанесам мојот парфем?

Вообичаени делови од телото на кои треба да се испрскате со парфем, а кои сигурно веќе ги знаете се зглобовите и вратот. Точките на вратот се многу сензитивни и со секое движење кое ќе го направите ќе оставате силен печат од вашиот парфем.

 

Дали е можно да постанам имун/а на парфемот кој го користам веќе подолго време и да престанам да го осеќам неговиот мирис?

Да. Со текот на времето можете да постанете имуни на парфемот кој го користите веќе подолг период. Постои еден феномен, кога вашиот нос е постојано изложен на некоја мирисна арома, со текот на времето го губи својството истата таа арома да ја препознае. Сакате да избегнете ова да Ви се се случи со вашиот омилен парфем? Ви препорачуваме две опции: Престанете да се “бањате” со парфемот кој го обожавате или одвреме-навреме направете промена и одберете парфем со различни мирисни ноти.

 

Дали парфемот може да изветрее? Понекогаш мислам дека иако не го нанесувам често, во шишето има се помалку и помалку од него...

Главно, три до шест месеци по отварање на парфемот, алкохолот, алдехидите и основните состојки на парфемот почнуваат да испаруваат. Тоа доведува до промена на мирисот на парфемот, кој ги губи природните компоненти и се повеќе потсеќа на некој друг парфем. Единствен начин да го спасите Вашиот парфем е да го чувате подалеку од сонце, на суво и ладно место. Доколку не го користите често, погрижете се капачето од парфемот да е добро затворено. Ова ќе го продолжи векот на парфемот, дури и за неколку месеци.