Причини за појава на акни на грб
23 May

Сериозноста на клиничката слика на акните на грбот е директно пропорционална со количината на себум, односно дури и кај луѓе со потешка форма на акни на грб, не се пронајдени нарушувања во составот на себумот кој се создава од кожата.

Значи, при акни на грб нема промена на состав на себум кој се создава од кожа туку директната причина која води до појава на такви акни е КОЛКУ СЕБУМ се создава на грбот. Колку повеќе себум (маснотии) се создаваат толку повеќе акни на грбот ќе се појават.

При зголемено создавање на маснотии на грбот најчесто доаѓа до активација на бактериите кои нормално се дел од кожната бактериска флора. Така активираните акни, едноставно кажано, се “прејадуваат” и презаситуваат од маснотии и почнуваат да се однесуваат неконтролирано и се населуваат во порите, ги затнуваат и предизвикуваат акни и воспаленија на грбот.

Причини кои може да доведат до појава на зголемено создавање на маснотии на грб:

1.Генетика
Генетика или наследниот фактор во голема мера ја одредува работата на лојните жлезди односно дали тие ќе создаваат големи количини на маснотии или не.

2.Хиперсебореја, состојба на кожата поврзана со прекумерно производство на себум, е одговорна за масна кожа и може да биде една од причините за појава на акни.

3.Присуството на бактерии е важен фактор во развојот на воспаление. Propionbacterium acnes и Propionbacterium granolosmus најчесто се наоѓаат во акните на грбот. За да знаете дали имате некоја од овие бактерии и појавата на акните е неконтролирана треба да направите испитување преку земање на брис од акни.

Доколку се детектира хормонски дисбаланс или присуство на Propionbacterium acnes i Propionbacterium granolosmus тогаш третманот е предводен од страна на стручно лице, преку соодветна терапија препишана од доктор.

Доколку испитувањата покажале дека се е во ред, а акните на грбот се сеуште тука тогаш може да преземете едноставни чекори за домашна нега и третман на оваа проблематика.






Превенција и третман на акни на грб

1. Секојдневно чистење односно редовна хигиена преку туширање кое нема да трае долго и нема да е со многу топла вода
2. Апликација на соодветен таргетиран и неагресивен третман
3. Хидратација на овој дел од телото


Таргетиран третман или третман на проблемот најчесто се постигнува со примена на соодветни продукти кои содржат активни компоненти.


Во овој случај јас ќе пишувам за најнежната можна варијанта, со која секој/а од вас треба да започне и да биде трпелив.


Како што набројав претходно, првите два чекори се чистење и примена на таргетиран третман; Natura Siberica - Bëreza гел за туширање за масна кожа склона кон акни е 2во1 производ со кој ќе ги опфатиме овие два чекори, односно нежно и темелно чистење на кожата на грбот и таргетиран третман на акните односно причината која што довела до нивна појава.

Како две активни компоненти на овој гел за туширање, формулиран специјално за третман на акни на тело се салицилната киселина од кора од врба и цинкот.


Салицилната киселина која е од природно потекло ги чисти порите од сите нечистотии кои се насобрале во нив. Таа делува така што не останува на површината на кожата, туку продира длабоко во порите и успешно ги раствора „нечистотиите“ што ги задржува мртвите клетките заглавени во кожата, дозволувајќи природна ексфолијација на мртвите клетки, спречувајќи нивно таложење и затнување на порите.


Од друга страна, цинкот делува преку:
 

- Забрзува заздравување на акни
- Спречува развој на бактериски инфекции
- Ги намалува воспаленијата на кожата и црвенилото предизвикано од акни, алергии и иритации
- Помага во лекување на оштетена кожа
- Ја одржува влажноста на кожата



За хидратација после туширање, секогаш изберете лосион без парфеми! Тоа е клучно не само за кожа со акни на грб туку за секој тип на кожа. Бирајте лосион без алергенси, кои нема дополнително да ја иритираат вашата и така нежна кожа.

Предлог за таков лосион:

- HYDRA ALOE VERA / ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО ОД АЛОЕ ВЕРА - 125 МЛ.

 - Urtekram - No perfume; лосион за тело за сензитивна кожа 

Од алое до шеа путер, сите состојки во овој лосион за тело ќе ја поддржат природната функција на кожната бариера, а скваланот е тој кој што ќе делува на квалитетот на себумот. Како? Така што првично ќе го балансира неговото прекумерно создавање, а понатака ќе го прочистува на индиректен начин и нема да дозволи негово прекумерно натрупување во порите на грбот.




Гелот за туширање може да се користи до 4х неделно и воедно може да се комбинира со тоникот од истата линија; Natura Siberica -Прочистувачки тоник за масна кожа склона кон акни

Освен примената на гел за туширање и тоникот на Натура Сиберика кои ќе го средуваат проблемот, дополнително во третманот на акните на грбот може да ви помогне дополнителна апликација на Novexpert - Trio Zinc спреј, кој може да се користи неколку пати на ден, односно секогаш кога ќе имате прилика така што ќе аплицирате директно на местото каде што има акни, односно сакате да спречите нивна појава.


Овој спеј во својот состав вклучува 3 вида на цинк и тоа:

-Цинк глуконат (кој елиминира присуство на лоши бактерии од кожа)
- Цинк лактат (намалува прекумерно создавање на маснотии и хидрира кожа)
- Цинк PCA (намалува прекумерно лачење на маснотии и појава на акни)



Оваа статија е превземена од Magnolia Glamour.

Најгоре