Зошто сертифицирана органска козметика е вистински избор за вас?
08 Feb

Зошто сертифицираната органска козметика е вистинскиот избор за вас?

По раѓањето, секој нов родител го сака најдоброто за своето бебе. Родителите често ја проценуваат секоја направена одлука грижејќи се таа да не влијае негативно на нивните најмали. Еден од најпредизвикувачките избори кои што секој родител треба да го направи е поврзан со изборот на бебешка козметика. Тие често треба да изберат помеѓу органски производи со проверени состојки или конвенционална козметика која што содржи хемикалии во составот.

Иако штедењето е важно за секој родител, здравјето и добробитието на бебете се круцијални. Денес на пазарот може да се најдат многу органски сертифицирани производи, со достапни цени, оттука и откриваме дека не секогаш органска козметика подразбира и поскапа козметика. Некои родители, не ги разбираат предностите на употребата на органски производи за своето бебе.


Ви претставуваме неколку клучни причини зошто секој родител треба да ги земе во предвид органските бебешки производи:


1. Тие се понежни кон бебешката кожа

Во првите неколку месеци бебињата имаат многу деликатна кожа. Дури и најнежните хемикалии може да бидат причина за алергиска реакција или да предизвикаат други здравствени состојби кои може да бидат клучни за здравјето на најмалите.


2. Помалку здравствени ризици

Спротивно на возрасните, бебињата имаат недоволно развени клетки и потенка кожа која е многу попорозна од онаа на возрасните. Како резултат на тоа, бебешката кожа е значително поранлива и има намалена отпорност на бактерии и штетни соединенија.

3. Намален ризик од иритација

Повеќето козметички производи содржат хемикалии кои може да предизвикаат иритации дури и кај возрасните. Незамислива е штетата што тие производи може да ја нанесат кај кожата на новороденчињата.


4. Нежна хидратација за кожата

Природно, бебешката кожа е повеќе склона на чешање и сушење. Додека мајчиното млеко може да ја одржи бебешката кожа хидрирана, тоа може да не биде доволно, особено во топлите денови. Родителите може да користат природни производи со нежни состојки неколку пати на ден бидејќи тие не содржат адитиви и се нежни кон кожата. Дополнително, природните производи не ги запушуваат порите, оставајќи и простор на кожата да дише. Незапушените пори се клуч за ослободување од токсини и апсорбирање на круцијални состојќи кои играат есенцијална улога во растот.


5. Помала изложеност на токсини

Родителите кои ќе се одлучат за органска козметика може да бидат сигурни дека нивното бебе нема да биде во контакт со токсини кои може да ја оштетат неговата кожа и другите критични органи, како што се очите.


Линијата ALGA NATIS® од брендот Laboratoires de Biarritz е природен и безбеден избор благодарение на нејзините формули со 99.5% до 100% состојки од природно потекло. Оваа линија е сертифицирана органска и најлесно можете да ја препознаете по сертификатот кој е обележан на самите амабалажи. На овој начин можете да ја разликувате сертифицираната од конвенционалната козметика.



Таа ги содржи следниве производи:


1. Oleo-calcareous лосион за пеленска регија

Овој лосион ја храни кожата на новороденчињата веднаш по раѓањето. Тој ја чисти кожата, истовремено хранејќи ја и создавајќи заштитен слој кој ја изолира кожата од надворешни иританти (урина, столица, триење од пелената). Неговата смирувачка формула спречува создавање на црвенила во пеленската регија. Како таква, се препорачува за употреба во случај на пеленски осип. Алкалната pH на лосионот ја неутрализира киселоста на урината за да ја избалансира нејзината pH вредност близу онаа на кожата.
Составот на овој лосион не содржи додадени мириси и е хипоалерген*.


Докажана ефективност:

90% од мајките потврдиле дека ALGA NATIS® Oleo-Calcareous лосионот ја смирува и храни бебешката кожа.
80% потврдиле дека кожата е почиста, смирена и спречени се иритации и црвенила.
*Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции. **Испитување спроведено под педијатриски надзор кај новороденчиња од 0 до 36 месеци (21 испитаник).


2. Крема за пеленска регија со цинк оксид

Оваа крема за пеленска регија делува комплементарно со Alga Sendatu® - патентирана активна состојка од природно потекло која ја подобрува обновата* на кожата. Благодарение на нејзината хипоалергена** формула, кремата за пеленска регија создава заштитен штит која ја спречува појавата на црвенило. Доколку кожата е веќе иритирана, оваа крема непосредно ќе ја смири, санира и регенерира. За максимална удобност, употребувајте ја во комбинација со Oleocalcareous лосионот за пеленска регија.

*Обновува надворешни слоеви на кожата.** Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции.


3. Хранлив прочистувачки гел

Ултра богатиот прочистувачки гел ALGA NATIS ги чисти бебешката кожа и скалпот - елиминира пот, себум, корупки и воедно не ја вознемирува кревката хидро-липидна бариера на кожата кај новороденчињата. Тој смирува и заштитува благодарение на состојката Alga-Paisium – ексклузивен екстракт кој спречува иритација кај кожата. Може да се користи за телото, скалпот и косата и не ги иритира очите.

Составот на овој гел не содржи додадени мириси и е хипоалерген*.


Докажана ефективност:

100%** од испитаниците потврдиле дека хранливиот прочистувачки гел ја прави кожата мека по употреба.

100%** потврдиле дека производот лесно се измива и не ги иритира очите.

95%** потврдиле дека производот ја прави косата мека.

*Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции. **Испитување спроведено под дерматолошки и офталмолошки надзор кај сензитивна кожа (20 испитаници).


4. Хидратантна крема

Хидратантната крема ALGA NATIS ја хидрира, храни и смирува кревката кожа на бебето. Нејзината лесна и мазна текстура е совршена за масажи и за добробитието на нашите најмили и зајакнување на врската дете-родител. Составот на оваа крема не содржи додадени мириси и е хипоалерген*.



Докажана ефективност:

95%** од испитаниците потврдиле дека кожата е помека, подобро хидрирана и нахранета по употреба.

95%** потврдиле дека кожата е заштитена од надворешен стрес (ладни температури, ветер, климатизација) и дека е поотпорна.

*Формулирано за да се минимизира ризикот од алергиски реакции. **Испитување спроведено под дерматолошки и офталмолошки надзор кај сензитивна кожа (21 испитаник).

Овие производи можете да ги најдете во сите продажни локации на Bellina, на сајтот www.bellina.mk и во сите dm дрогерии.


Оваа статија е превземена од zdravobebe.mk

Најгоре