АРОМАТЕРАПИЈА ЗА ДОБРОСОСТОЈБА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕЦАТА
17 Jan




Здраво драги мои,

сѐ повеќе и повеќе дечиња секојдневно страдаат од проблематики како пореметување во спиењето, нагли промени во расположението или пак (со оглед на тоа што е сезона) настинки, и сѐ повеќе родители се во недоумница како да постапат, какви средства да одберат и кко да делуваат. Во овие случаеви на помош може да дојде ароматерапијата (употребата на етеричните масла) со огромна претпазливост и познавање со оглед на тоа што станува збор за деца.

За етеричните масла имам говорено навистина многу, така д нема да се задржувм и во оваа статија, меѓуто мора да напоменам само на кој начин најчесто делуват врз човековиот организам:

Преку кожата (нанесени локално) растворени во основно (растително) масло како маслиново, кокосово, сусамово, сончогледово итн. Молекулите на етеричните масла имаат голем афинитет со човековото ткиво, така што лесно успеваат да продрат низ кожата. Поминувајќи низ фоликулите, етеричните масла влегуваат во циркулација на организмот преку крвта или преку лимфата. При локалното нанесување етеричните масла треба секогаш да бидат соодветно разредени во основно масло и запоменете дека никогаш не смее да се нанесуваат чисти директно врз кожата (!).


Преку сетилото за мирис (вдишани во самиот организам) од каде што успеваат да стигнат до нервниот систем и да дејствуваат на специфичните органи во телото. Штом ќе се вдишат, етеричните масла стигнуваат до белите дробови и продираат во капиларите под нивната површина преку кои стигнуваат во главните крвни садови, кои ги дистрибуираат низ целиот организам.



Кога станува збор за децата мора да бидеме многу внимателни при употребата на етерични масла со оглед на тоа што децата имаат многу потенка кожа од нашата, која сè уште не е подготвена, ниту компетентна, да се соочи со овие мали молекули што надразнуваат. Црниот дроб на децата може да не е во состојба да преработува некои од молекулите на етеричните масла. Нивниот имунитет може да биде во фаза каде што е многу поопасно да се изложи на стимуланси што би можеле да доведат до доживотна пречувствителност.

Дозволете ми да кажам дека како генерално правило воопшто не се препорачува употреба на етерични масла во првите 12 месеци од раѓањето на бебето, освен ако не е препорачано од страна на специјалист како нешто неопходно. Сметам дека до шестгодишна возраст нема потреба од употреба на етеричните масла кај децата нанесени преку кожата.Воопшто не е добра идеја нежната детска кожа уште од најрана возраст се доведе во директен контакт со толку моќни состојки. Може да ги внесувате индиректно по третата година преку воздухот со помош на специјални дифузери во кои ќе ставите неколку капки етерично масло (најмногу до пет капки). Откако го разјаснивме ова, може да преминеме на рецензија на три неопходни ароматерапевтски призводи (кога станува збор за добросостојбата на децата) и тоа:  You & Oil Kids аnxiety, Stop microbes, и Sleep well.

Kids anxiety содржи единствена мешавина на ценети етерични масла како римска камилица, мајоран и масло од камфорово дрво.

Овие масла се секако претходно растворени во основно масло (во случајов бадемово) со цел да бидат прикладни и готови за употреба (кажавме дека етеричните масла никако не се користат чисти на кожата). Целта на производителот е јасна, односно, оваа комбинација се користи за да се смири тензија и грижа кај децата.

Благодарение на високата концентрација на етерилното масло од камфор (камфоровото дрво како арома е слична на она од еукалиптус), овој производ делува на тој начин што создава мирна атмосфера, смирувајќи ги моментите на иритираност и грижа кај децата. Уште од дамнина е познато и научно докажано, смирувачкото дејство на етеричното масло од лаванда кое позитивно делува врз целокупната добросостојба на организмот. Етеричното масло од сладок риган дава чувство на спокој и ослободува од чувство на преголема грижа.

Како што може да се забележи, овој производ има едно комплетно дејство врз детскиот организам и на најприроден начин го ослободува од тензија, анксиозност и душевен немир.

Без разлика на тоа што на сајтот на производителот стои дека маслото е соодветно за деца од 3 месеци до 6 години, воопшто не се препорачува употреба на никакви етерични масла кај деца помали од 6 години, освен ако тоа не е специфично нагласено од специјалист по ароматерапија како неопходно. Многу е важно да се сфати дека детската кожа е многу понежна од онаа на возрасните, и детскиот организам сеуште не е доволно оформен, така да не е секогаш најпаментно да истиот се доведува во контакт со овие моќни молекули кои во одредени случаеви може да предизвикаат и пречувствителност или алергиски реакции кај децата.

Употребата на етеричните масла може да биде од 6 години па нагоре во точно определени дози и кога за тоа ефективно има потреба.




Stop microbеs претставува уникатен производ формулиран од скапоцена мешавина на етерични масла како еукалиптус, мајчина душица и темјан. Расворени во чисто масло од бадем, тие помагаат да се подобрат симптомите на сезонски настинки како воспаление на назалната регија и растечен нос. Благодарение на неговите антибактериски својства, етеричното масло од еукалиптус ги намалува бактериските реакции, намалува воспаленија, ослободува од болка и ја намалува тензијата во мускулите која што може да се појави како резултат на настинка. Мајчината душица има антивирусни, антимикробни и деконгестивни својства кои помагаат да се намали траењето на настинката или грипот на вашето дете. Понатаму, етеричното масло од темјан е одлично против настинките и грипот, поради неговото природно антибактериско, антимикробнио и антивирусно дејство. Овој производ на база на етерични масла се користи исклучиво во дифузер кој го прави побезбеден за децата,со оглед на тоа што навлекува преку системот за дишење, а не во директен контакт со кожата.




Производот на база на етерични масла Kids sweet dreams е формулиран со мешавина на етеричните масла од мандарина, бергамот, римска камилица и ветиверија. Овие етерични масла се претходно растворени во чисто масло од сладок бадем. Одлично го подобруваат квалитетот на сонот кај децата, кое е особено важно во денешниот брз стил на живот. Благодарение на етеричните масла од мандарина и бергамот, овој производ ослободува од непријатни чувства и го подобрува квалитетот на спиењето кај децата. опојниот мирис на етеричното масло од римска камилица помага во создавање на мирна атмосфера, поставувајќи ја првата фаза за добар сон. Ова негово смирувачко дејство е додатно потпомогнато од дејството на етеричното масло од лаванда. Овој производ на база на етерични масла се користи исклучиво во дифузер кој го прави побезбеден за децата, со оглед на тоа што навлекува преку системот за дишење, а не во директен контакт со кожата.




Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист и ви се допадна. Доколку е така ставете лајк и споделете ја на вашите социјални мрежи, а ние се читаме наскоро со нови содржини.


Оваа статија е превземена од БИОДЕВОЈКА.


Најгоре