Розацеа и купероза
17 Jan

Розацеа и купероза

Црвенилото на кожата на лицето со јасно изразени капилари, особено во областа на челото, носот, образите и брадата, придружено со мали мозолчиња, честопати е знак дека станува збор за кожна состојба, наречена розацеа.

Иако понекогаш изгледа слично, розацеата нема никаква врска со акни (мозолчиња), па затоа е многу важно дијагнозата да ја даде дерматолог.

Разлики помеѓу розацеа и купероза:

- розацеа ги зафаќа само малите крвни садови (изгледа како интензивно, природно заруменување) додека пак куперозата може да ги зафати и малите и големите крвни садови (изгледа како испукани капилари на претходно споменатите регии)

- куперозата најчесто се јавува кај личности со потемна кожа, додека пак розацеата се јавува кај луѓето со посветла боја на кожата

- со третман розацеата може да де повлече, додека пак куперозата целосно не се повлекува

- розацеата најчесто се јавува кај жени, додека пак куперозата и кај жени и кај мажи

Fun fact: Розацеата најчесто (според студии) се јавува кај личности со крвна група А+


Dermo expert - Крема за лице против розацеа


СОСТАВ:

- AzelaSphera 10.0™ (азелаинска киселина)


Топ 3 примени на азелаинската киселина?

1. За третман на розацеа

2. За третман на флеки на лицето

3. За третман на акни


Азелаинската киселина често се користи за лекување на воспалителни состојби на кожата, како што се акни и розацеа, поради нејзините антиоксиданти, антибактериски и антиинфламаторни ефекти.

Добро е позната по нејзината способност да го намали црвенилото на лицето што е забележано во повеќе клинички студии. Една студија открила дека азелаинската киселина може го намали црвенилото на лицето за 56% кога се користи двапати на ден.

- Darkout™ (Екстракт од Африканска трева)

Патентирана состојка која по своето дејство е многу слична на добро познатиот антиоксиданс, ниацинамид.
Со примена на оваа крема која содржи екстракт од африканска трева, ќе се подобри функцијата на заштитната бариера на кожата и ќе се намали количината на изгубена вода од кожата, со што постепено ќе де зголеми целокупната хидратација на кожата. Со самото тоа ќе се намали појавата на црвенило и воспаление на лицето.

Освен хијалуронска киселина и пантенол, кои што претходно се објаснети кај кремата за третман на акни, која истотака е дел од линијата Dermo expert, во оваа крема за третман на розацеа има и:

- екстракт од смил

Кој е одличен избор за кожа чии што симптоми на розацеа дополнително се зголемуваат при дехидратација бидејќи овој екстракт од смил има способност да задржува вода во кожата и со самото тоа, не само што ќе ја хидрира туку и ќе ја подобри заштитната функција на оштетената кожна бариера.

Бисаболол 

Бисабололот е исклучително смирувачка, антиинфламаторна и антимикробна состојка која е идеална за кожа со оштетена хидролипидна бариера, склона кон иритација.Познат е по тоа што ја зајакнува моќта на апсорпција на активните супстанции и состојки во кожата, особено на азелаинската киселина која што е главна активна компонента на оваа крема.


Предлог минимални рутини за третман на акни и за третман на розацеа преку примена на овие продукти.

ТРЕТМАН НА АКНИ

При утринската рутина, како прв чекор применете го гелот за миење на лице Basic cleaner, продолжете со тонирање на лице со тоникот од истата линија. Притоа е многу важно да не употребувате памук/тупфер туку овој тоник да го аплицирате преку нанесување од дланка на лице, со тапкање. Вашата утринска рутина завршете ја со примена на СПФ крема.

При ноќната рутина, после примената на маслен чистач продолжете со примена на гелот Basic cleaner, проследено со тонирање на лицето со цел да се хидрира кожата и да се врати нормалното рН при кое што кремата од линијата Dermo expert за третман на акни, ќе делува со 100% ефикасност.

ТРЕТМАН НА РОЗАЦЕА

Рутината за ублажување на симптомите на розацеа, може да биде потполно иста како и рутината за третман на акни со единствена разлика во тоа што ќе ја примените кремата Dermo expert за третман на розацеа и тоа 2 пати на ден; наутро и навечер после чистење и тонирање на лице.

Примената на ензимскиот пилинг може да биде опционална кај кожа со розацеа, со оглед на тоа дека станува збор за нежен начин на ексфолијација на мртви клетки од кожа, но задолжителна кај кожа со акни со цел да се забрза замената на стари клетки со нови и здрави клетки.



Оваа статија е превземена од Magnolia Glamour.

Најгоре