Мини водич за детска исхрана од #instanutricionist
02 Dec

Најчеста грижа на секој родител е исхраната на неговото дете. На децата им се потребни различни количини на макронутриенти (јаглехидрати, протеини и масти) и микронутриенти (витамини и минерали) за разлика од возрасните.

Кога станува збор за млеко, најчеста дилема е какво млеко децата треба да пијат. Доење се препорачува до 2 години и е најдобра опција, но ако не постои можност за доење формулата се пие исто до 2-3 годишна возраст.

Ексклузивно доење се препорачува до 6 месечна возраст, затоа што преку мајчиното млеко бебињата ги добиваат сите потребни нутриенти, како и антитела од мајката кои превенираат можни болести. Доењето се препорачува да, кога и колку сака бебето, додека формулите се препорачува да се даваат на секои 3 часа.

Формулите од 0-6 месеци се нутритивно избалансирани и никако не смеат да бидат заменети со обично кравјо млеко. Тие содржат адаптирани количини на микро и макронутриенти, како и протеини кои се лесни за дигестија. Во овој период не се препорачува цврста храна.

Формулите од 6 месеци до 1 година се адаптирани за бебиња кои почнуваат со дохрана и имаат поголема количина на железо и витамин Д, како и малтодекстрин кој дава покремаста структура и овозможува подолга ситост.

Од 6 месеци се препорачува воведување на вкусови од органски производи. Последните препораки се воведување на сезонска храна, да се почнува наутро заради можноста од појава на алергија и секој вкус да се дава по 3 дена. 


Затоа што станува збор за мала количина можете да почнете со готови кашички, а можете да давате и бебешки бисквити затоа што со појавата на првите запчиња се препорачува да се стимулира рефлексот на џвакање.

Формулите од 12 месеци до 3 години содржат поголем број на калории и нутриенти, како и поголема густина за да ги задоволат потребите на дечињата кои имаат зголемени физички активности, затоа што во овој период веќе почнуваат да проодуваат, па имаат зголемена потрошувачка на енергија. Во овој период дечињата јадат скоро се, а готовите детски оброци освен што се нутритивно адаптирани, содржат и парчиња на храна.

Едно детско мени на возраст од 1 до 3 години траба да содржи од 900 до 1500 калории во зависност од индивидуалната потреба, и тоа:

  • Протеин од 50 до 130 гр.
  • Овошје од 140 до 190 гр.
  • Зеленчук од 140 до 190 гр.
  • Житарки околу 60- 80 гр.
  • Млеко и млечни продукти околу 330 мл.

Над 3 годишна возраст се препорачува млеко со намалена масленост.

Формула од кравјо или козјо млеко?

Двата вида на формули се високо нутритивни и адаптирани на специфичните потреби на возраста со состав кој што го имитира мајчиното млеко што е можно поблиску.


Двете формули содржат казеин (кравји протеин), но основната разлика е големината на молекулите. Молекулите на козјото млеко се значително помали, па затоа се полесни за дигестија за бебешките стомачиња.

Готови или зготвени оброци?

Секогаш најдобра варијанта е домашни и зготвени оброци од непрскани продукти, но со брзиот начин на живот како родители не треба да чувствуваме грижа на совест ако некогаш се вклучени готовите кашички за нашите најмили. Кашичките на Babybio се француски и органски од контролирано потекло, супер нутритивно избалансирани.

Babybio имаат кравја варијанта на формула (Optima), како и козја (Carpea). Тие не содржат палмини масти и се од француско органско производство.


Blog by #instanutricionist. 

Најгоре