Средба со @magnolia.glamour
21 Sep

Секоја девојка имаше можност да ја запознае Магнолија и притоа да го посети за прв пат нашиот нов Био Шоп кој што сте наоѓа во Тафталиџе, во зградата на Настел.

Уникатен по тоа што се простира на голема површина од два спрата исполнета со нашите добро познати продукти, но и со многу новитети.

Како што кажавме, освен нашата добро позната козметика за нега на лице, тело и коса, од која се задоволни многу од вас, за прв пат Белина во овој Био Шоп ги претстави своите новитети од органска, веганска и без-глутенска храна за возрасни, дечиња и храната за бебиња што навистина ни направи големо задоволство.

На првиот спрат секој еден од вас може да пронајде голем број на намирници за подготовка на здрави и вкусни оброци, како и здрави и органски закуски.

Освен тоа, на првиот спрат секоја нова мама може да пронајде сѐ што ѝ е потребно за нејзиното бебе, а тука би го издвоиле и данскиот бренд за пелени и влажни марамици Bamboo - совршени за нежната бебешка кожа, без парабени, мириси, бои и други опасни конзерванси.

На вториот спрат е царството за секоја дама, овојпат збогатено со декоративна козметика од германскиот бренд Lavera, како и францускиот бренд Couleur Caramel, кој нуди широка палета на органска декоративна козметика, за сечиј вкус.

Тука, на вториот спрат, се одржа и средбата со нашата Магнолија, која уживаше голема заинтересираност од ваша страна, на што и ние, а и Магнолија сме особено горди.

Голем број на девојки добија сопствени персонализирани рутини кои ќе се следат приватно од страна на Магнолија сѐ до постигнување на совршениот резултат.

До нашата следна средба со Магнолија, која се очекува да биде многу наскоро, посетете го нашиот нов Био Шоп и пронајдете ги совршените за вас, продукти со докажан резултат.


Најгоре