Biosolis – крема за деца и бебиња со минерални филтри и заштитен фактор SPF 50+
05 Aug

Постојат два типа на креми за заштита од сонце: креми со хемиски филтри, кои ги апсорбираат сончевите зраци, пенетрирајќи длабоко во кожата и креми со физички (минерални) филтри, кои ги рефлектираат сончевите зраци, одбивајќи ги од површината на кожата.

Ви го претставуваме брендот Biosolis, кој е специјализиран за да понуди најсовремена заштита од сонце, со производи базирани исклучиво на минерални филтри.

Мисијата на брендот Biosolis отсекогаш била иста, уште од создавањето на брендот во 2010та година, да не заштити од UVA/UVB зраците со користење на здрави состојки за луѓето и животната средина. Biosolis е еден од пионерите во светот во развојот на креми за сончање со минерални филтри.

Амбалажите што се користат се сертифицирани според стандардот FSC и истите се направени од шеќерна трска, којашто претставува 100% рециклирачки материјал.

Целта е до 2023та година брендот целосно да се префрли и кон 100% рециклирачки контејнери за складирање и логистика на производите.

Biosolis постојано работи на решенија кои обезбедуваат заштита, безбедност, ефикасност и почитување на животната средина.

Верно на својата посветеност, Biosolis не користи ниту еден производ добиен од петрохемикалии, производите не содржат силикони, парафини или било какви синтетички состојки.

Природата отсекогаш била во срцето на формулацијата на Biosolis, главно во производите се користат следниве состојки:

- растителни масла и растителни екстракти, за нежна и ефикасна нега, навлажнување и заштита на кожата,

- алое вера за спречување на предвремено стареење и прекумерно сушење на кожата.

 

Кремите за сончање се направени од 100 % природни минерални филтри кои заштитуваат од UVA/UVB зраците.

Филтрите за сонце кои се користат во формулите на Biosolis не продираат во кожата, туку ги рефлектираат и одбиваат сончевите зраци од кожата.

Тимот за истражување и развој на Biosolis работи секојдневно за да може да ги понуди најефективните, чисти и еколошки можни формули.

Новите подобрени формули се развиени со користење на растителни масла и растителни екстракти за нежно да ја зажтитат и негуваат кожата.

Брендот Biosolis гарантира со формули дизајнирани од природни активни состојки без алергени, хемиски филтри,парабени, феноксиетанол и други штетни хемиски состојки. Сите производи од асортиманот се анализирани и потврдени од независни лаборатории, оваа постапка се повторува неколку пати годишно со цел да се обезбеди усогласеност на секој од производите.

Ви го претставуваме МЛЕКОТО ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР ЗА ДЕЦА И БЕБИЊА - 100 МЛ.

Млекото е целосно составено од 100% гарантирани минерални филтри. Обезбедува високо ниво на заштита SPF 50+ и ги штити вашите деца и бебиња од целиот спектар на УВА и УВБ. Веднаш штити и не е леплив на кожата. Новата формула не содржи парфем во составот.

Содржи 99% состојки од природно потекло и 30,23% состојки од органско потекло.


Најгоре