Големо отворање на новиот Bellina Bioshop
19 Nov

Ви го најавуваме големото отворање на новиот Bellina Bioshop, специјализиран за сертифицирана природна и органска козметика, во East Gate Mall. Ова ќе биде вториот биошоп на Bellinа, откако првиот побуди огромен интерес кај потрошувачите. Се работи за модерна продавница со строго определен концепт и највисоки стандарди за производите, кои ќе бидат изложени за продажба. Место, кадешто ќе можете да најдете сѐ за вас и вашето семејство.


Освен традиционалните козметички категории, како нега за лице, тело и коса, во нашата палета може да се пронајде речиси сѐ што ви е потребно во вашето секојдневие, како на пример нега за деца и бебиња, за домашни миленици, козметика за домаќинство, лична хигиена и сл. Секако за секој производ се следи филозофијата на компанијата, која нуди исклучиво природна и органска козметика, најчесто сертифицирана од најреномираните светски сертификатори како Ecocert, ICEA, Vegan Association, Cruelty Free International, Fair Trade и многу други.

Од утре, 29.10.2021, нашата продажна мрежа се збогатува со уште една прекрасна и модерна локација, во најголемиот и најмодерен шопинг мол во Македонија – East Gate Mall.

По повод отворањето, организиравме многубројни изненадувања, попусти и понуди, кои ќе ја направат вашата посета уште повозбудлива. Една од акциите кои ги подготвивме е доделување на вредносен ваучер од 500 ден., за секоја продажба од 1000 ден.

Ве покануваме да ја посетите нашата нова локација и да бидете дел од прекрасното искуство и дружење.

Најгоре