Што го прави Organique посебен?
03 Jun

  • Organique - Бренд кој има исклучиво природни и уникатни производи, постојано ги подобрува нивните композиции.

Сертификатот означен како „Inspired by nature“ не содржи парабени, PEG (полиетиленгликол), SLS, парафин, вазелин, силикони, извори на формалдехид и етаноламини.

Веганска марка - главниот рецепт за козметиката на Organique е тоа да не содржи состојки од животинско потекло, затоа се препорачува и за вегетаријанци и вегани.

Знак за квалитет на вода - Organique посветува посебно внимание на квалитетот на водата која се употребува за формулација на сите производи од нивната палета. Водата е нивната главна и најважна состојка, која го поддржува здравјето и благосостојбата.

Еко формула - употребените суровини се одобрени од институции за потврда на козметика. Пријатели на животните - во согласност со сите важечките прописи, од 2013 година, забранета е трговија на козметика која е тестирана на животни во Европската унија. Ниту еден производ од Organique никогаш не бил тестиран и нема да биде тестиран на животни.

Козметика во пакување што може да се рециклира - во интерес на животната средина, Organique постојано воведува промени, како во производството на козметика, така и во процесот на пакување. Секоја пакување од нивните производи може да се рециклира.

Од производите за нега на лице, кои се едни од бестселерите на овој бренд може да се издвојат:


Линијата Basic Cleaner

BASIC CLEANER / ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ - 200 МЛ.

BASIC CLEANER / ТОНИК ЗА ЛИЦЕ - 200 МЛ.

BASIC CLEANER / ЕНЗИМСКИ ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ - 100 МЛ.


BASIC CLEANER / ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ - 200 МЛ.

СОСТАВ:

PROTEOL ™ APL претставува анјонски сурфактант што се добива со ацилација на аминокиселини карактеристични за сокот од јаболко. Со него се заменети агресивните детергенти кои само може да и наштетат на вашата кожа и баш поради тоа можно е овој гел да не создава голема количина на пена, бидејќи е избрана здравата варијантна на сурфактант кој нежно ќе ги отстрани нечистотиите од вашата кожа.

Екстракт од мечкино грозје, која делува преку:

  • минимализирање на појава на флеки под дејство на УВ зраците
  • ги минимизира штетните ефекти на слободните радикали
  • ја омекнува кожата
  • ги ублажува брчките
  • хидрира масна кожа
  • го решава проблемот со акни, дерматитис и егзема
  • ја зајакнува одбранбената функција на кожата


ГЛИЦЕРИН

Глицеринот нема една цел. Освен неверојатните хидрантни својства, тој има и многу други придобивки за кожата. За оние кои се загрижени за трагите на лицето кои остануваат после акни, глицеринот може многу да помогне. Тоа го прави така што помага да се создаде порамномерен тен на кожата и да се намалат флеките со текот на времето. Тоа е состојка на која треба да обрнат внимание оние кои се борат со акни или кожа склона кон црвенило, бидејќи е во состојба да ги отстрани мртвите клетки на кожата. Глицеринот ги отстранува мртвите клетки на кожата помагајќи во процесот на разградување на протеините. Протеините се одговорни за држење на клетките заедно и спречување на формирање на нови. Со обезбедување оптимална средина за разградување на протеините во кожата, глицеринот е во состојба да промовира нова здрава кожа.



BASIC CLEANER / ТОНИК ЗА ЛИЦЕ - 200 МЛ.

СОСТАВ:

АЛОЕ ВЕРА Она што ја прави оваа состојка одличен избор се бројните активни состојки што се наоѓаат во неа. Во алое вера има околу 75 состојки и дел од нив се различни витамини за кожата, минерали, шеќери, ензими и киселини, а ова се само некои од нив:

  • Витамини А, Ц и Е дејствуваат како антиоксиданти и го забавуваат стареењето на кожата и појавата брчките кои се предизвикани од оксидативен стрес. Исто така, постојат витамини од Б-комплекс (особено Б12 и фолна киселина) кои активно учествуваат во одржувањето на здравјето на кожата.
  • Ензимите што ги има во алое вера ѝ помагаат на кожата да го намали воспалението на кожата. Тоа се амилази, липази, кателази и други ензими.
  • Минерали како што се калциум, хром, бакар, селен, магнезиум, калиум, натриум и цинк се неопходни за нормално функционирање на ензимите, но и за здравјето на кожата. Првутот и сувата кожа често се причина за недостаток на цинк и селен ги има во алое.
  • Шеќери, разни видови на моносахариди и полисахариди кои ја хранат и негуваат кожата, а некои од нив исто така имаат и антиалергиски својства. Тие се добар сојузник против брчки, акни, флеки, бидејќи делумно се извор на гликолна киселина.
  • Билните хормони што ги има алое вера го поддржуваат заздравувањето на раните и затоа се одлични во борбата против акни и лузни на лицето. Тоа се ауксини и гиберелини, растителни хормони за раст.
  • Сапонините се природни средства за чистење на кожата кои имаат антисептички ефекти.

СЛАДУНЕЦ

Познат е по своето антиинфламаторно дејство и е ефикасен во намалување на иритациите. Ова е растение кое го промовира здравјето на кожата. Корисно е за луѓе кои страдаат од розацеа, егзема или псоријаза. Кога се нанесува на кожата во форма на тоник или гел, сладунецот може да помогне во намалување на чешање, црвенило и оток.

Покрај тоа, ова растение се смета за најефикасно средство за избелување на флеки, подмладување и релаксирање на кожата на лицето. Освен тоа, екстрактот од сладунец ја смирува воспаленија кожа што го прави одличен избор како состојка во продукт при третман на акни.

ПАНТЕНОЛ

Пантенолот (вит. В5) е мултиактивна супстанција која игра важна улога во процесот на обновување на кожата, бидејќи ја враќа нејзината природна хидратација, мекост и еластичност. Тој длабоко ја хидрира кожата и спречува понатамошен развој на иритации.

ЗЕЛЕНЧУКОВ ГЛИЦЕРИН

неговата примена на иритирана кожа е одличен избор за враќање на хидратацијата на кожата и подобрување на природната функција на бариерата на кожата.


BASIC CLEANER / ЕНЗИМСКИ ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ - 100 МЛ.

Како ензими кои се носители на главното дејство на овој продукт се ензимите на ананас и папаја. Дополнително во својот состав од пилинг има и АНА киселини и каолин.

Главни информации:

Ананас ензимот - бромелаин - овој ензим најмногу помага во избелување на флеките

Папаја ензимот - папаин - прави дезинфекција на лицето, преку убивање на сите лоши бактерии и габи од кожата, со што се спречува развој на бактериски и фунгални акни.

Од АНА киселини во овој пилинг има млечна киселина и гликолна киселина. Дејство на АНА (млечна и гликолна киселина):

  • ексфолијација на кожа, преку ослободување од мртви клетки
  • чистење на црнките или запушените пори
  • отстранување на флеки од кожата
  • намалување на длабочина на фини линии или брчки
  • чистење на кожата од воспалителни процеси како што се акните

Примена на ензимски пилинг:

  • Наменет за сите видови на кожа
  • Наменет за сите возрасти

Доволно е да се применува еднаш неделно, навечер, после двојно чистење на лицето. После миењето на гелот/пената како втор чекор од ноќната рутина продолжете со поставување на ензимски пилинг кој ќе го измасирате нежно насекаде по лицето и уште подобро ќе го измиете, па продолжете кон наредните чекори.

Линијата Dermo Expert 

DERMO EXPERT / КРЕМА ПРОТИВ АКНИ - 50 МЛ.

DERMO EXPERT / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ПРОТИВ РОЗАЦЕА - 50 МЛ.


DERMO EXPERT / КРЕМА ПРОТИВ АКНИ - 50 МЛ.

СОСТАВ:

AzelaSphera 10.0™ (азелаинска киселина)

Азелаинската киселина спречува развој на бактерии кои предизвикуваат акни (Propionibacterium acnes). Дејствува и врз клетките што создаваат фоликули, менувајќи го начинот на нивното созревање и регенерација. На овој начин, азелаинската киселина го намалува затнувањето на порите и спречува формирање на црнки и гнојни акни (папули, пистули) . Во суштина, азелаинската киселина помага да се регулира производството на клетки над кожата, така што тие не се акумулираат и не ги затнуваат порите. Со регулирање на производството на нови клетки над кожата, ќе се спречи формирање на црнки или белки (милиа) бидејќи кога над кожата се создаваат нови клетки побрзо, споредено со побавното отстранување на мртвите клетки доаѓа до појава на милиа (бели поткожни акни кои не се стискаат).

Trikenol™ (Масло, од чајно дрво и бела врба) масло од чајно дрво

Оваа комбинација на состојки е многу популарна за лекување на акни, поради антиинфламаторните и антимикробните особини. Таа може да смири црвенило, отокот и воспаление. Истотака, може да помогне да се спречи и намали појава на лузни од акни.

Rona Care® Tiliroside - патентирана состојка која ќе ја регенерира оштетената кожна бариера и ќе ги коригира микрооштетувањата на кожата (како на пример, лузни).

Хијалуронска киселина

Главни особини на хијалуронската киселина се тоа што таа длабински ја хидрида и површински ја омекнува кожата. Освен тоа, хијалуронската киселина е таа која што:

  • Задржува колаген
  • Зголемува влажност 
  • Обезбедува еластичност и флексибилност на ткивото и кожата.

Масло од Авокадо

Освен тоа што ова масло го нормализира липидниот слој и регенерира тоа истотака има за цел да ја нахрани кожата со сите потребни елементи за нормално функционирање. Особено е добро за хидратација на кожа и е добар избор ако имате егзема, псоријаза и розацеа.

Rice Silk®

Уште една патентирана состојка која што го апсорбира себумот кај кожа која го создава прекумерно и со тоа овозможува мат ефект.


DERMO EXPERT / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ПРОТИВ РОЗАЦЕА - 50 МЛ.

СОСТАВ:

AzelaSphera 10.0™ (азелаинска киселина)

Топ 3 примени на азелаинската киселина?

  • За третман на розацеа
  • За третман на флеки на лицето
  • За третман на акни

Азелаинската киселина често се користи за лекување на воспалителни состојби на кожата, како што се акни и розацеа, поради нејзините антиоксиданти, антибактериски и антиинфламаторни ефекти.

Добро е позната по нејзината способност да го намали црвенилото на лицето што е забележано во повеќе клинички студии. Една студија открила дека азелаинската киселина може го намали црвенилото на лицето за 56% кога се користи двапати на ден.

Darkout™ (Екстракт од Африканска трева

Патентирана состојка која по своето дејство е многу слична на добро познатиот антиоксиданс, ниацинамид. Со примена на оваа крема која содржи екстракт од африканска трева, ќе се подобри функцијата на заштитната бариера на кожата и ќе се намали количината на изгубена вода од кожата, со што постепено ќе де зголеми целокупната хидратација на кожата. Со самото тоа ќе се намали појавата на црвенило и воспаление на лицето.

Освен хијалуронска киселина и пантенол, кои што претходно се објаснети кај кремата за третман на акни, која истотака е дел од линијата Dermo expert, во оваа крема за третман на розацеа има и:

  • екстракт од смил

Кој е одличен избор за кожа чии што симптоми на розацеа дополнително се зголемуваат при дехидратација бидејќи овој екстракт од смил има способност да задржува вода во кожата и со самото тоа, не само што ќе ја хидрира туку и ќе ја подобри заштитната функција на оштетената кожна бариера.

  • Бисаболол

Бисабололот е исклучително смирувачка, антиинфламаторна и антимикробна состојка која е идеална за кожа со оштетена хидролипидна бариера, склона кон иритација. Познат е по тоа што ја зајакнува моќта на апсорпција на активните супстанции и состојки во кожата, особено на азелаинската киселина која што е главна активна компонента на оваа крема.

Предлог минимални рутини за третман на акни и за третман на розацеа преку примена на овие продукти.

ТРЕТМАН НА АКНИ

При утринската рутина, како прв чекор применете го гелот за миење на лице Basic cleaner, продолжете со тонирање на лице со тоникот од истата линија. Притоа е многу важно да не употребувате памук/тупфер туку овој тоник да го аплицирате преку нанесување од дланка на лице, со тапкање. Вашата утринска рутина завршете ја со примена на СПФ крема.

При ноќната рутина, после примената на маслен чистач продолжете со примена на гелот Basic cleaner, проследено со тонирање на лицето со цел да се хидрира кожата и да се врати нормалното рН при кое што кремата од линијата Dermo expert за третман на акни, ќе делува со 100% ефикасност.

ТРЕТМАН НА РОЗАЦЕА

Рутината за ублажување на симптомите на розацеа, може да биде потполно иста како и рутината за третман на акни со единствена разлика во тоа што ќе ја примените кремата Dermo expert за третман на розацеа и тоа 2 пати на ден; наутро и навечер после чистење и тонирање на лице.

Примената на ензимскиот пилинг може да биде опционална кај кожа со розацеа, со оглед на тоа дека станува збор за нежен начин на ексфолијација на мртви клетки од кожа, но задолжителна кај кожа со акни со цел да се забрза замената на стари клетки со нови и здрави клетки.


Најгоре