Омега масните киселини и нивното есенцијално значење за кожата!
17 May

Есенцијалните масни киселини или Омега масните киселини се од големо значење за нормалното функционирање на кожата. Кога се мисли на нормално функционирање на кожата се мисли на тоа кожата да ја одржува својата добра текстура и еластичност, преку одржување на хидратација и неутрализација на голем дел од факторите кои може да доведат до нејзино трајно оштетување (како на пр. УВ зраците).

Постојат голем број на студии кои докажуваат дека комбинација од неколку видови на Омега масни киселини, како и витамините Е и Д3 може значајно да ја зајакнат кожната бариера формирајќи здрав слој од липиди (масти).

За да го разбереме овој процес подобро, еве еден пример:

Stratum corneum или најгорниот слој од кожата кој е видлив со голо око содржи корнеоцити, кои се опкружени со меѓуклеточни масти. Замислете дека корнеоцитите се „цигли“, а меѓуклеточните масти се „малтер“. Кога тие цврсто се држат меѓусебе, можеме да кажеме дека заштитниот слој на кожата е здрав и претставува ефективна бариера што ја штити кожата од микроорганизми, негативни ефекти на околината и од прекумерно губење на влага.

Оштетување на кожната бариера се јавува кога корнеоцитите (цигла) и мастите (малтер) не се соединуваат заедно. Ова резултира во зголемена загуба на вода и намалена заштита од надворешни влијанија, што може да доведе до иритација и инфекции.

Симптоми на оштетена кожна бариера:

  • Акни (најчесто ситни и локализирани на едно место)
  • Црвенило и иритации
  • Лупење или перутење
  • Затегнатост и чешање

Причината за тоа оштетување на кожната бариера најчесто е недостаток на здрави и јаки липиди или масти кои ќе ги држат клетките на кожата заедно. Количината на тие масти секогаш може да се одржува во нормален опсег преку примена на соодветни препарати со неколку видови на Омега масни киселини.


NOVEXPERT - OMEGAS / МАСЛО ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ СО 5 ОМЕГА КИСЕЛИНИ


Масло кое ги отстранува сите видови шминка, дури и водоотпорната, а може да се користи и околу очите и на усните. Посебната карактеристика на овој производ лежи во фактот дека тој не е само средство за чистење, туку и производ кој има состојки кои ќе ја хидрираат вашата кожата и состојки кои делуваат против стареење.

Novexpert е француски бренд кој :

  • е единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • нуди производи формулирани од доктори
  • чии производи се погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки

Состав:

Омега 3 масни киселини од Inca Inchi се моќен „засилувач“ кој ги обновува клетките на кожата, ги елиминира бактериите веднаш по апликацијата и обезбедува моментална заштита и смирување на кожата.

Омега 5 масни киселини добиени од масло од семе од калинка кое ги редуцира флеките од кожата поврзани, има антиоксидативно, антиинфламаторно и регенеративно дејство.

Омега 7 масни киселини, кои се наоѓаат во маслото од кучешки трн кое е познато по своите антиоксидативни особини и способноста да намали појава на флеки над кожата после третман на акни

Омега 6 и 9 масни киселини потекнуваат од маслата од јојоба, марула, семе сончоглед и семе од сусам кои кои го спречуваат развојот на микроорганизми при нивна апликација на иритирана кожа и дополнително овозможуваат долготрајна хидратација и заштита на кожата.

Начин на примена:

  1. Најпрво, најважно нешто што треба да го знаете не само за маслото за чистење на лице, туку за секој производ кој треба да го ставите на лице е да го протриете низ дланките пред истиот да го аплицирате. Така производот за прв пат доаѓа во контакт со кожата и се прилагодува на телесноста температура.
  2. После тоа го ставате маслото директно над шминката, односно и да не носите шминка директно на сува кожа започнувате да масирате кружно и нежно. После извесен период ги наводенувате вашите раце и така продолжувате да масирате при што доаѓа до формирање на бела површина над кожата - емулзија која е одговорна за извлекување на сите нечистотии од порите. Овој процес правилно е да трае минимум 1 минута.
  3. После тоа или го измивате маслото со млака вода или бришете со водена (микрофибер/памучна) крпа која доаѓа како сет заедно со маслото. На овој начин освен шминка, се отстрануваат сите нечистотии кои се растворливи во масло: себум кој се лачи од кожата, СПФ крема и др.
  4. После ова, вашата кожа е спремна за вториот чекор од двојното чистење односно нанесување на чистачот на база на вода или чистач кој ќе ги отстрани нечистотиите растворливи во вода (на пр. потта).


Од истата линија, со 5 различни видови на масни киселини, Novexpert има и OMEGAS / BOOSTER СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО 5 ОМЕГА МАСНИ КИСЕЛИНИ - 30 МЛ. или концентриран серум со истиот состав како маслото.

Овој омега бустер освен 5те видови на масни киселини чија што функција е објаснета погоре, во него има и сквалан кој претставува природен антиоксиданс.

Скваланот ја враќа нормалната состојба на кожата и ја враќа нејзината природна рамнотежа. После примената на скваланот, сувата кожа веќе не е толку склона кон сувост, а масната кожа станува помалку масна и не се случува неконтролирано лачење на себум.

Скваланот:

  1. Ја хидрира кожата
  2. Ја подобрува регенеративната способност на кожата
  3. Го намалува појавувањето на фини линии и брчки
  4. Ја враќа еластичноста на кожата
  5. Го враќа нејзиниот природен сјај


Хидратација на кожа

Ја одржува кожата хидрирана: бидејќи нашето тело природно произведува сквален, редовниот третман на кожата со масло од сквалан, помага да се задржи кожата хидрирана. Препорачливо е да започнете да го користите во средината на дваесеттите години или во раните триесетти години за да ја направите кожата што е можно повеќе еластична. Скваланот делува како омекнувач на кожата.

Немаслено масло со антисептички особини

Скваланот е масло, кое над кожата нема да остави чувство на тежина и лепливост, затоа што многу брзо ќе се упие. Дополнително, ова масло има антибактериски особини, кои ќе помогнат апликацијата на сквалан, да ги уништи штетните бактерии над кожата.

Намалува појава на флеки од УВ зраци

Честопати, како дел од составот на СПФ кремите, ќе го најдеме скваланот кој одлично ја штити кожата од негативното дејство на УВ зраците и спречува настанување на флеки поради зголемено изложување на сонце без заштита.

Во скваланот како основа се додадени сите останати компоненти, кои всушност се носители на омега масните киселини и самото тоа овозможува долг рок на траење на самиот производ, со оглед на тоа дека е нешто што трае долго бидејќи доволни ви се од 3 до 5 капки за апликација на цело лице.

За кого е наменет овој Омега бустер:

  • за дехидрирана кожа
  • чувствителна кожа
  • кожа кај која сакате да спречите предвремено стареење
  • кожа со акни

*Наменета за сите возрасти

Како се аплицира: Наутро и/или навечер по 3/4 капки на цело лице со масажа.


Најгоре