Зошто е важен инулинот за кожата?
12 May

Примената на серум со пребиотик инулин е добра за:

АКНИ

  • Намалена појава на црнки и акни поради тоа што добрите бактерии на кожата работаат со полна пареа и ништо не може да ги трансформира во лоши бактерии, кои “ќе ја гризат” кожата и ќе предизвикаат појава на комедони од овој тип
  • Кај кожа со акни и црнки, серумот со инулин ќе ги заштити добрите бактерии на кожата и нема да дозволи и тие да го продолжат ланчаниот процес: “Трансформација на добри во лошо бактерии”.
  • Едноставно кажано, кога на кожата има лоши бактерии и тие ако не се спречени, тогаш таа “зараза” ќе продолжи да се шири кон добрите клетки и тогаш кожата е во онаа најиритирана фаза. Во овие случаи пребиотски серум со инулин, се употребува еднаш на ден наутро или навечер.

ХИДРАТАЦИЈА

  • Некогаш проблемот не мора да е поврзан со акни или црнки кои на сите ни сметаат, туку може да е поврзан со изгубена еластичност на кожата, уморна кожа, која едноставно има потреба да биде освежена.

Ако со некој дел од претходниот пасус се поврзавте тогаш примена на пребиотски серум на секои два дена после чистење на лице може да биде супер избор за вас.

Серум на True Alchemy со 5% инулин кој покрај тоа што може да се користи за кожа, аплициран на чисто и тонирано лице, може да се употребува и за коса наместо силиконските капки, за кои знаеме дека немаат голема улога во хранење на влакното и после долготрајна примена на силиконски капки ризикуваме појава на сушење на косата. Тоа нема да биде случај и со овој серум.

Покрај тоа може во регенераторот кој редовно го употребувате , да додадете само 3-5 капки и во таква форма на секое миење, да ја потхранувате дополнително вашата коса.

Начина на примена на лице:

  • Кожа со акни: еднаш на ден наутро или навечер на чисто и тонирано лице
  • За хидратација: може и секој ден, а може и секој втор ден во зависност од потребите на кожата
  • Безбеден е за бремени жени и доилки.


Најгоре