Која е разликата помеѓу Eau de Parfum и Eau de Toilette?
15 May


При купување на еден парфем, често се среќаваат различни видови на парфеми. Притоа луѓето често се наоѓаат пред искушение за изборот помеѓу Eau de Parfum и Eau de Toilette. Разликата помеѓу овие производи се базира на концентрацијата на мирисните состојки. 

Додека концентрацијата на мирисните состојки на Eau de Parfum се наоѓа помеѓу 10-14%, концентрацијата на истите кај Eau de Toilette во просек се движи помеѓу 6-9%. Колку е поквалитетен парфемот, толку е повисока концентрацијата на мирисните состојки во него. Парфемите со висок процент на овие состојки се карактеризираат со исклучителна долготрајност.

 

ОСНОВНИТЕ СОСТОЈКИ НА ПАРФЕМОТ

Секој парфем се карактеризира со голем број различни состојки кои содржат етерични или синтетички масла. Овие се раствораат во специјална мешавина на алкохол и вода. Висината на концентрацијата во ваквата мешавина е индикатор за квалитетот на парфемот. Особено видот Eau de Parfum се карактеризира со повисок процент на ваквиот концентрат и затоа е омилен кај љубителите на луксузни и долготрајни парфеми. Кај нив се јавува висока застапеност на етерични или синтетички масла. Видот Eau de Parfum може многу долго да се задржи на кожата и е особено погоден за "долги" денови. Препорачлив е и за вечерни прилики, бидејќи со неговиот интензивен мирис често делува освежувачки.  

 

EAU DE PARFUM

Видот Eau de Parfum (EdP) се карактеризира со исклучително висок мирисен концентрат. На почетокот како опис се користел само зборот Parfum. Тука спаѓале производите кои содржеле минимум 15% етерични масла и синтетички добиени мириси. Поради високата концентрација се препорачува овој вид на парфеми да не се нанесува во толкава количина како останатите. Едно до две прскања на места со повисок проток на крвта (како на пример на зглобовите или на вратот) се сосема доволни за еднодневна употреба. Мирисите од EdP, доколку се нанесени на облека, траат и по неколку денови. 

 

EAU DE TOILETTE

Полесна варијанта на парфемите е Eau de Toilette (EdT). Со 6-9% чисти мирисни масла, погоден е за дневна и вечерна употреба. Особено кај парфемите за мажи овој вид е најзастапен. Со цел да се задржи интензитетот во текот на целиот ден, препорачливо е да се нанесува и по неколку пати во текот на денот. Овој вид на парфеми често се наоѓа по подостапни цени, поради пониската концентрација во однос на EdP.

Најгоре