КОРЕЈСКИ ЛИСТ МАСКИ CHOBS - ВИСТИНСКИ ТРЕТМАН ЗА ВАШАТА КОЖА
24 Nov

Статијата е превземена од Биодевојка.


Здраво драги мои,

сите знаеме колку се важни производите за додатна нега на кожата, односно маските за нега на истата, кои во зависност од видот и намената може да го вратат изгубениот сјај, да ја омекнат кожата, нахранат или хидрираат. Освен оние класичните домашни маски каде ние мешаме горе долу она што ќе го најдеме во нашите кујни, или пак оние готови (купечки маски) кои во зависност од видот и намената се на измивање или не, постои и трета категорија на маски кои во последниот период направија бум најнапред поради нивната практичност, но секако и поради ефикасноста, дејството врз кожата и секако состојки. Станува збор за маските кои се во вид на материјал натопен во сите оние прекрасни состојки од самата формула, или како што уште ги нарекуваат лист маски.

Во денешнава статија ќе ви ја претставам корејската марка CHOBS која, во зависност од типот на кожата, нуди 4 прекрасни варијанти на лист маски и тоа: роза, алое, колаген и зелен чај. Најискрено самата јас во последно време почнав многу да ги ценам овие маски најнапред поради практичноста (ги ставаш врз лицето, оставаш да делуваат и потоа едноставно листот го фрлаш), меѓутоа и поради ефектот кој го даваат врз кожата (секако, доколку составот и состојките се добро избалансирани). Верувајте ми овие кои ќе ви ги претставам според мене се најдобри кореански маски кај нас на пазарот (од аспект на декларација секако) и единствени кои освен тоа што се сертифицирани како органски од страна на Cosmos Natural, се вегански и халал.

Најнапред мора да напоменам дека материјалот од кој се направени овие маски е биоразградлив (нешто што е многу важно со оглед на тоа што по употребата се фрла), направен од целулозни влакна од дрвото на еукалиптус. 

Самиот материјал одлично се прилагодува на кожата (голем број на маски од овој вид не стојат убаво врз лицето или се мрдаат), навистина толку добро се приспособува врз самата кожа што на некој начин станува еден вид на втора кожа.

1. Маска за лице од роза

Започнувам со мојата омилена маска од оваа марка односно онаа со роза. Уште кога ја видов декларацијата се заљубив. Наменета е за сува и повозрасна кожа или кожа без сјај.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, **GLYCERIN, *PYRUS MALUS FRUIT WATER, *ROSE EXTRACT, *ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, USNEA BARBATA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, *ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF WATER, XANTHAN GUM, POLYGLYCERYL-10 LAURATE, DIPOTASSIUM GLYCYRRHIZATE, *CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER, *PORTULACA OLERACEA EXTRACT, POLYGLYCERYL-10 MYRISTATE, ADENOSINE, *CITRUS AURANTIUM BERGAMIA FRUIT OIL, *PELARGONIUM GRAVEOLENS OIL, LIMONENE, ARGININE, LINALOOL, CITRONELLOL, *FUSANUS SPICATUS WOOD OIL, GERANIOL, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL.

Има водена база (вода, глицерин и хидролат од јаболко) на кои се додадени навистина голем број на прекрасни состојки со омекнувачко и смирувачко дејство како на пример екстракт од роза, екстракт од алое вера, хидролат од камилица, етерично масло од лаванда и др., меѓутоа и состојки кои на некој начин ја будат самата кожа и го зголемуваат сјајот и здравиот изглед на кожата како хидролат од рузмарин, цитрусни етерични масла итн.

Се нанесува на убаво исчистено лице и се остава околу 15 до 20 мин. По истекот на времето листот се отстранува од лицето и вишокот на течност се апсорбира со нежно тапкање како што би се направило доколку би се користел серум. Ефектот на оваа маска е неверојатен: ја остава кожата мека, нежна и сјајна. Би ја препорачала на сите оние кои имаат уморен изглед на кожата, сува кожа или пак повозрасна кожа.

2. Маска за лице со зелен чај

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, *CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, *CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER, XANTHAN GUM, PROPANEDIOL, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, USNEA BARBATA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, *CITRUS RETICULATA PEEL OIL, *CITRUS LIMON PEEL OIL, *CITRUS PARADISI PEEL OIL, CNIDIUM OFFICINALE ROOT EXTRACT, LYCIUM CHINENSE FRUIT EXTRACT, PANAX GINSENG ROOT EXTRACT, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL, VITIS VINIFERA FRUIT EXTRACT, *ANTHEMIS NOBILIS FLOWER OIL, CARUM PETROSELINUM EXTRACT, CUPRESSUS SEMPERVIRENS FRUIT EXTRACT, LIMONENE, LINALOOL.

Според декларацијата и состојките, оваа маска е одлична за сите оние кои имаат комбинирана накај масна кожа, со оглед на тоа што има одлично прочистувачко дејство врз кожата. Содржи екстракт од зелен чај, екстракт од гинсенг, цитрусни етерични масла, меѓутоа и по некој екстракт со смирувачко дејство како на пример оној од камилица и масло од лаванда. Одлична е како додатен третман за нормализација на себумот и има освежувачко дејство врз кожата.

Се нанесува на убаво исчистено лице и се остава околу 15 до 20 мин. По истекот на времето листот се отстранува од лицето и вишокот на течност се апсорбира со нежно тапкање како што би се направило доколку би се користел серум. 

3. Маска за лице со колаген

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, *ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF WATER, COLLAGEN EXTRACT, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, USNEA BARBATA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, *CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER, *ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, XANTHAN GUM, *PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, PROPANEDIOL, MALT EXTRACT, LYCIUM CHINENSE FRUIT EXTRACT, POLYGONATUM MULTIFLORUM RHIZOME/ROOT EXTRACT, GINKGO BILOBA LEAF EXTRACT, *MORUS BOMBYCIS LEAF EXTRACT.

Оваа маска има наједноставна декларација (во споредба со останатите три) со одредени екстракти и токму затоа ми се допаѓа. Според мене оваа е одлична за сите оние кои се во потрага по еден производ за регенерација на кожата. По водата има хидролат од рузмарин кој има прочистувачко и стимулирачко дејство, и на некој начин ја буди кожата и ја прави посјајна. Екстрактот од колаген и екстрактот од глинко билоба ја помагаат правилната регенерација на кожата, а хидролатот од камилица и алое имаат смирвачко и омекнувачко дејство врз кожата.

Се нанесува на убаво исчистено лице и се остава околу 15 до 20 мин. По истекот на времето листот се отстранува од лицето и вишокот на течност се апсорбира со нежно тапкање како што би се направило доколку би се користел серум. 

4. Маска за лице со алое

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, *ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT, PAEONIA SUFFRUTICOSA ROOT EXTRACT, **GLYCERIN, XANTHAN GUM, PROPANEDIOL, LIMONENE, *CITRUS AURANTIUM BERGAMIA FRUIT OIL, *CITRUS LIMON PEEL OIL, *ROSMARINUS OFFICINALIS EXTRACT, *PELARGONIUM GRAVEOLENS OIL, ANGELICA GIGAS EXTRACT, HORDEUM VULGARE SEED EXTRACT, LINALOOL, LYCIUM CHINENSE FRUIT EXTRACT, *CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER, *ROSE EXTRACT, CITRONELLOL, *LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL, GERANIOL, LILIUM TIGRINUM EXTRACT, PULSATILLA KOREANA EXTRACT, USNEA BARBATA EXTRACT, ZANTHOXYLUM PIPERITUM FRUIT EXTRACT, CITRAL.

Оваа маска е идеална за сите оние кои имаат чувствителна кожа и сакаат производ со смирувачко, хидратантно и омекнувачко дејство. Миксот на екстракти е така добро направен да преовладува смирувачкото и омекнувачкото дејство на алое вера во комбинација и со други екстракти кои го подобруваат сјајот на кожата.

Се нанесува на убаво исчистено лице и се остава околу 15 до 20 мин. По истекот на времето листот се отстранува од лицето и вишокот на течност се апсорбира со нежно тапкање како што би се направило доколку би се користел серум. 

Најдобрата вест ја чувам за на крај...овие маски може да ги најдете по цена од 160 мкд (цена која е навистина одлична со оглед на тоа што станува збор за сертифициран и пред сѐ убаво избалансиран производ). Мислам дека еднаш или двапати месечно секој може да си дозволи да ја одвои оваа сума за еден убав третман на лицето.

Маските се продаваат есклузивно во ДМ маркетите.

Одвојте 20 мин од вашето време и релаксирајте се со некоја од овие маски кои ќе направат вашата кожа да биде поубава, поздрава и посјајна.

Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Се читаме наскоро.

Вики

Најгоре