АКНИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НОСЕЊЕ НА МАСКА НА ЛИЦЕТО
24 Nov

Статијата е превземена од Биодевојка.


Здраво драги мои,

со оглед на тоа што со маските ќе мора да се дружиме уште навистина доло време (што е сосема правилно затоа што треба добро да се заштитиме), би сакала да ја посветам оваа статија на она што се случува на кожата под самата маска, особено кога станува збор за акните. Голем број на девојки па и момци кои досега воопшто немале проблем со кожата, наеднаш се наоѓаат со акни на лицето и не знаат што да прават, како да ги третираат и со какви производи.

Кога сакаме да делуваме при одредена проблематика, најважно нешто е најнапред да сфатиме, зошто истата се појавува и како резултат на што, па дури потоа ќе може да најдеме соодветна терапија и лек. 

Што се случува под самата маска?

Кога носиме маска, половина од нашето лице се наоѓа во една нефизиолошка состојба, не само од аспект на убавина на кожата туку пред сѐ од аспект на здравје на кожата. Во зависност од тоа колку време поминуваме на работното место и за каков тип на работа станува збор, се наоѓаме во состојба да носиме маска и до 8 часа дневно (како што е случај со лекарите или стоматолозите). Прашањето е што се случува со нашата кожа под оваа маска?

Како што веќе имам споменато во една статија,правилната физиолошка функција на кожата претежно зависи од два фактори односно: благо киселикаста пХ вредност и правилна хидратација на кожата. Кога се исполнети овие два услови бактериите кои се природно присутни на површината на кожата одговорни за оддржување на правилната бактериска флора, одлично функционираат. Нашата кожа постојано разменува вода со надворешните услови, меѓутоа во оваа зона од лицето околу устата (односно долниот дел од лицето) губитокот на течности е поистакнат. Кога носиме маска, сета таа течност на некој начин е задржува на самата маска, или подобро останува помеѓу лицето и маската каде благодарение на нашето дишење се создава еден амбиент на влажна средина богата со CO2. 

Ова најнапред доведува до набубрување на површинските клетки на кожата кои ја впиваат цела вода. Некој би помислил па супер барем не е дехидрирана кожата, ама не е баш така. Штом ја извадиме маската, овие клетки почнуваат да се “сушат“ како еден вид на сунѓер и не се враќаат во првобитната димензија туку се собираат (земете го како пример грозјето кога губи вода зрното се намалува и на некој начин собира). Потоа оваа состојба прави алтерација на мастите кои претсавуваат еден вид на природен цемент на нашата бариера, алтерација на природната пХ вредност и секако дехидратација на кожата. 

Како резултат на сѐ ова имаме кожа која е најнапред иритирана, дехидрирана и со алтерирана бактериска флора. Доколку имаме добра физиолошка заштита на кожата и функционална бариера, кожата упева на некој начин да се регулира без поголеми проблеми,меѓутоа што станува кај оние кои немаат функционална бариера? Се забележува појава на акни, црвенила и иритации и кај оние кои досега немале никаков проблем со кожата, додека кај оние кои веќе страдаат од акни, себореичен дерматит, или розацеа, се гледа влошување на состојбата. 

Кои се најголемите грешки при третирањето на овој тип на акни?

Прва и основна грешка е кога акните предизвикани од носење на маска на лицето се третират со помош на креми и серуми на база на киселини, или пак се прави многу пилинг на кожата (со надеж побрзо и полесно да се отстранат), бидејќи овде не станува збор за кератински тапи (иако доколку ги имате прочитано и другите мои статии на оваа тема, лично не го советувам овој пристап). 

Како што веќе кажав под маската се креира еден влажен амбиент богат со јаглероден диоксид предизвикан како резултат на нашето дишење. Овој амбиент е идеален за размножување на бактерии кои не се оние истите бактерии одговорни за акне вулгарис, туку станува збор за едни поинакви бактерии како на пример страфилококи или пак маласеција фулфур (malassezia fulfur) која не е бактерија туку габичка која е одговорна за себороичниот дерматитис. Како што може да забележите видот на акните е различен и може да имаме бубуљички како оние со бел врв или пак многу мали акни во зоната околу устата (многу збиени една до друга) пропратени со црвенило Како и да е во сите овие случаеви нема кератинки тапи (иако се јавува алтерација на многу од факторите), меѓутоа знајте дека кератинот во случајов е многу тенок. И токму затоа во никој случај не треба да се делува со никаков вид на киселини (ниту со салицилна, ниту со гликолна, ниту со лактинска).

Освен сите овие претходно напоменати работи, исто така мора да кажам дека се појавува и воспаление на кожата, најнапред како резултат на триењето на маската од лицето, меѓутоа и како резултат на алтерација на себумот (мастите на лицето). Ова не настанува поради фактот што има повеќе себум (не се зголемува) туку истиот го менува својот состав, односно станува од типот про- воспалителен. Тука доаѓаме и до втората најголема грешка која се однесува на правилната хигиена односно миење и чистење на лицето. Третманите од типот на двојна детерзија, миење на лицето со премногу агресивни производи, или обезмастивање на кожата е погрешно, бидејќи со самото тоа правиме уште поголема алтерација на веќе измачената состојба на кожата и се вртиме во затворен круг.

Трета најголема грешка е употреба на козметика која во својот состав содржи филмогени состојки (силикони, навтени деривати итн.). нашата кожа и онака е запушена и затворена под маската, така да верувајте ми немаме потреба од уште една додатна маска која ја создаваат силиконите. Не верувајте кога ќе ви кажат дека силиконите се добри и дека прават да активните состојки останат во кожата...Драги мои кога има силикони кои се лепат за кожата ниедна активна состојка не допира до неа. Направете си ја најголемата услуга за вашата кожа и отфрлете ги сите производи на база на силикони и навтени деривати.

Во оваа категорија би ја ставила употребата  на пудри кои не само што не треба да бидат силиконски, туку не треба воопшто да ги користите. Најнапред затоа што оваа зона и онака не се гледа доколку постојано носиме маска, а потоа и затоа што истата нема потреба од ваков вид на производи сѐ додека се носи маската. Верувајте ми што помалку и поедноставно, толку подобро.

Како да делуваме кај овој тип на акни?

Преку нормализација на физиолошката функција на кожата. Колку нашата кожа е пофункционална, толку подобро ќе се одбрани во овој вид на ситуации. Како да направиме кожата да биде што пофункционална, одноно како да ја нормализираме бариерата на истата? 

1. Правилно миење на кожата кое, не подразбира само нежно средтсво за миење кое нема да го алтерира хидролипидниот заштитен филм на кожата. туку од огомна важност е и начинот на кој се мие кожата. Преголемото триење, влечење или тргање на кожата само додатно ќе ја иритира самата кожа и ќе ја влоши состојбата. За миење секогаш користете нежно средство кое нема да ја иритира или премногу измива кожата, а самото измивање правете го со многу нежни кружни движења без многу тргање, притискање и влечење на самата кожа.

2. Стабилизирање на пХ вредноста подразбира употреба на некој тоник или спреј кој ќе има за цел да ја врати правилната пХ вредност на самата кожа.

3. Користење на креми кои имаат одлично хидратантно дејство со цел најнапред да се потпомогне правилната хидратација на кожата, меѓутоа и со смирувачко дејство за да се намалат црвенилата и иритациите на кожата. Секако кремите треба да бидат без силикони и навтени деривати.

4. Избегнување на пудри од било каков тип (течна во прав, минерални итн.) кои додатно ја запушуваат кожата.

5. Секојдневно менување на маска и носење на чиста памучна маска. Доколку е возможно (доколку работното место тоа ви го дозволува и овозможува) носете памучни маски и секојдневно менувајте ги. Нема ништо полошо од тоа да се стави иста маска повеќе денови со оглед на тоа што дишеме, се потиме, или пак доколку користите пудра или шминка, голем дел од нечиатотијата од мешавината на потта и козмртичкиот производ останува врз маската. Јас лично имам 5 различни памучни маски кои ги менувам секојдневно и ги мијам. На тој начин секогаш ставам нова и чиста маска на лицето која секако доаѓа и во допир со кожата.

Предлог производи за нега на кожата на лицето под маските

Во продолжение ќе ви дадам предлог за некои производи кои според мене се идеални за нега на кожата под маската со цел да се подобри заптитната бариера на кожата, да се нормализира и да се сведе на минимум појавата на акни и црвенила врз кожата.

 1. Средства за миење на кожата

Од сите средства кои досега ги имам пробано одсрце би ги препорачувам следниве 5 средства:

Пена за миење на кожата на Natura Siberica

Ова е еден од најдобрите производи за миење на кожата (барем според мене) кој има одлична структура и многу нежна формула. Детална рецензија ќе најдете во оваа статија.

Производов може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk по цена од 515 мкд.

Млеко за миење на Natura Siberica

Овој производ може да го најдете на сајтот на www.bellina.mk по цена од 520 мкд. Го имам рецензирано во следното видео.

Путер за чистење на кожата на Natura Siberica

Овој путер е прекрасен начин на чистење на кожата без додатно иритирање или обезмастување на истата. Моментално јас самата го користам. Комплетна рецензија ќе најдете во оваа статија

Производов може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk по цена од 1.100 мкд.

2. Спреј за нормализирање на пХ вредноста кој одлично помага при акни

како што кажав еден од факторите за појава на акните од маска е алтерацијата на пХ вредоста на кожата. Токму затоа за ова би сакала да ви предложам еден производ кој ќе го рецензирам посебно во една од наредните статии и кој е одличен за кожа со акни, односно спрејот за лице Novexpert Trio Zinc.Во оваа статија нема да се задржам на рецензија на овој производ, како што веќе напоменав во некоја од наредните статии ќе направам детална рецензија на декларацијата со слики од употреба на истиот.

Може да го најдете ексклузивно во маркетите на ДМ по цена од 485 мкд.

3. Крем за нормализација на кожата

Како крем за нега на кожата за мене бр. 1 останува оној на Dr. Konopka кој го рецензирав во оваа статија.

Цената е 380 мкд и може да го нарачате на www.bellina.mk

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна, а доколку е така оставете ваш коментар или споделете ја со вашите пријатели на вашите фб страници. Ние се читаме наскоро а дотогаш ве поздравувам.

Вики

Најгоре