ORGANYC 100% ПАМУЧНИ И БИО ЗАШТИТНИ ВЛОШКИ
24 Nov

Статијата е превземена од Биодевојка.


Здраво драги мои,


во оваа статија би сакала да посветам внимание на еден многу важен производ за нас жените, односно влошките за заштита кои ги користиме не само за време на циклусот, туку и секојдневно. Со оглед на тоа што станува збор за производ кој доаѓа во контакт со интимната зона, потребно е истиот да биде што поприроден, без никакви хемиски состојки или материјали кои би можеле да предизвикаат иритации во овој предел. Досега немам говорено за ваков тип на производи, меѓутоа сметам дека од огромна важност е искрено да говориме и за ова, со оглед на тоа што станува збор за еден производ кој е многу важен и користен помеѓу нас жените.

Токму затоа би сакала да ви претставам една марка која нуди прекрасни природи хигиенски влошки, 100% органски памук кој не е избелуван со вештачки избелувачи (нешто кое е многу важно при изборот на ваков тип на производи). Станува збор за марката ORGANYC која ми беше омилена за време на престојот во Италија и која кај нас може да ја најдете ексклузивно во маркетите на ДМ.

Хигиенските влошки ORGANYC како што веќе напоменав изработени се од 100% органски памук кој помага во спречување на алергиски реакции и иритации во интимната зона. За разлика од многу други марки на хигиенски влошки присутни кај нас на пазарот, целата линија на производи ORGANYC произлегува од идејата да се креира еден хипоалергенски производ кој нема да содржи никаков вид на синтетички влакна  како најлон, вискоза, целулоза, полимер, ниту пак парфеми и вештачки избелувачи. 

Имав можност да тестирам 4 различни производи од оваа марка со цел да  можам да преставам по нешто за секој од вас, односно: секојдневните влошки, пост партум влопки за новите мајки, влошките за време на циклусот и тампоните. Во продолжение на оваа статија би сакала да кажам збор два за секој од нив и да ви покажам како истите се спакувани.

1. Заштитни влошки пост партум за идните мајки

Веднаш по породувањето се појавува вагинално излачување кое може да биде послабо или посилно. Токму затоа потребни се посебни влошки пост партум кои не се исти како оние кои ги користиме за време на циклусот (овде секако не станува збор за циклус нели).

Најнапред влошките пост партум потребно е да бидат комплетно природни и 100% памук кој во никој случај не треба да е тертиран со хемиски избелувачи. Најдобро е доколку станува збор за памук а не синтетички материјали со оглед на тоа што ризикот за инфекции е поголем.

Овој тип на влошки немаат крилца (ако оние кои ги користиме за време на циклусот) туку имаат еден вид на лепенка, со цел да овозможат кожата подобро да дише и да спречат појава на евентуални инфекции. Димензиите на овие влошки се секако поголеми. 

Влошките пост партум доаѓаат во пакување од 12 парчиња кои се директно ставени во пакувањето.

2. Заштитни влошки за секојдневна употреба

Секојдневните заштитни влошки се оние кои веднаш ги пробав штом ги купив со оглед на тоа што доста често ги користам. Овие ги имам користено и порано, така да може да кажам дека се многу пријатни и комфортни, воопшто не се чувствуваат а одлично штитат во случај на мали исцедоци пред или по циклусот. 

Многу се тенки и одлично се приспособуваат на долниот веш, не се поместуваат (нешто што е многу важно) и не се одлепуваат во текот на денот. Доаѓаат во пакување од 24 парчиња секое од нив посебно завиткано во заштитна фолија. 

3. Заштитни влошки за време на циклусот

Заштитните влошки на ORGANYC  (оние кои ги користиме за време на циклусот), се навистина одлични. Овие се наменети за оние кои имаат “нормален циклус“. Јас обично имам пообилен циклус кој трае скоро 6 дена, и обично бирам влошки кои се поголеми (односно подолги) со цел да издржат. Во случај на пообилен циклус како мојот, овие се одлични и навистина издржуваат, доколку почесто се менуваат (по совет на една пријателка која е гинеколог во Рим, јас ги менувам на секои 2 до 3 часа). Најдобрата работа е што се тенки, не се чувствуваат како оние подебелите, а апсорбираат навистина многу добро. 

Доаѓаат во пакување од 10 парчиња секое посебно завиткано во заштитна фолија.

4. Тампони

Единствено нешто што немам пробано се тампоните (меѓутоа не затоа што не се добри, туку затоа што јас никогаш не користам тампони). Како квалитет се одлични, природни, 100% памук како и целата линија, меутоа ете не можам да ви кажам како и колку издржуваат со оглед на тоа што не ги користам.

Доаѓаат во пакување од 16 парчиња секое од нив посебно спакувано.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна. Бидете внимателни на она што ќе го нанесете на вашата интимна зона и одберете ги 100% памучните влошки на ORGANYC  направени од органски памук кој со сигурност ќе ви гарантираат сигурна заштита без ризик за алергиски реакции и иритации.

Како што напоменав на почетокот, соте овие производи може да ги најдете ексклузвно во ДМ.

Вики

Најгоре