ПРАВИЛНА НЕГА НА КОЖАТА ПО 40-ТА ГОДИНА
21 Nov

Статијата е превземена од Биодевојка.


Здраво драги мои,

гледајќи ги сите статии досега сфатив дека многу малку имам говорено за она што се случува со нашата кожа по 40-та година, правилна нега на истата и секако соодветни производи за таа намена (a можеби и поради фактот што јас самата имам 42 години). Токму затоа во оваа статија би сакала да говорам за сите промени на кожата од 40-та па нагоре, како да делуваме, со кои производи и на кој начин што подолго да ја задржиме убавината на нашата кожа. Знаеме дека стареењето е природен процес кој не може да се спречи, меѓутоа со правилна нега, масажа и користење на соодветна козметика, може видно да се подобри еластичноста на кожата. А знаеме дека колку е подобра еластичноста на нашата кожа, толку самата кожа е поздрава, поубава и видливоста на брчките е намалена.

Што се случува со нашата кожа по 40-та година?

После 40 -та година нашата кожа доживува една серија на промени како:

- се намалува или губи способноста за обнова после одреден тип на стрес како: хемиски, механички, оксидативен, климатски итн. 

- бројот на слободни радикали значајно се зголемува. Во нормални услови пропорицјата помеѓу  слободните радикали и антиоксидансите кои нашето тело ги произведува за да ги контрастира истите е еднакво (колку слободни радикали, толку антиоксиданси). Меѓутоа со текот на годините оваа способност на нашиот организам се намалува. Слободните радикали може да бидат произведени од самиот организам на пример при процесот на физиолошкиот метаболизам на телото, меѓутоа и венесени од надвор преку исхраната, лекарствата, прекумерното изложување на сончевите зраци итн. Како што напоменав во нормани услови нашиот оорганизам има антиоксидантен систем на одбрана кој носи сѐ во нормала односно ги контрастира тие слободни радикали , меѓутоа со текот на времето нашиот организам не е повеќе во состојба да произведува онолку антиоксиданти колку што има слободни радикали. Овој дисбаланс може да предизвика проблеми не само на кожата, туку и општо на организмот.

- се намалува способнота за производство на колаген во самата кожа

- видно се забавува процесот на кератинизација (оној слој на кератин кој кожата го произведува секој месец, кој се обновува), така да знајте дека сѐ она што ќе однесете од кожата по пат на пилинзи (хемиски или механички) или агресивни средства за измивање, во овие годни кожата многу побавно и потешко го враќа.

Како да делуваме?

Да започнам со фактот дека не постои волшебен крем за лице кој ќе ги избрише брчките. Без разлика на тоа кои состојки ги содржи, кремите може да ја подобрат или влошат состојбата на кожата. Кога станува збор за повозрасна кожа на лицето три работи се многу важни:

1. Како прва и најважна работа е да се има функционална кожа, најнапред поради фактот што од ова зависи еластичноста на кожата (способноста да се адаптира на сите мимики кои ги правиме во текот на денот). Доколку кожата не е функционална како резултат на користење на премногу агресивни средства за измивање, премногу механички или хемиски пилинг и креми на база на силикони и навтени деривати кои креираат само маска врз кожата и воопшто не придонесуваат за правилна хидратација на истата, со оглед на тоа што е отежната заштитната функција на нашата кожа (истата не може правилно да ја извршува таа функција) во внатрешноста на кожата се формира еден вид на воспаление кое не се манифестира во вид на црвенило или нешто слично врз кожата, туку се манифестира со предвремено стареење и опуштање на самата кожа (односно губиток на тонусот на кожата). Овој вид на воспалителен процес за жал ги оштетува сите компоненти на кожата како колагенот, еластинот, хијалуронската киселина и истовремено креира еден вид на константен оксидативен стрес (бројот на слободните радикали е видно зголемен). Токму затоа од огромна важност се производите кои ги користиме за нега на кожата.

2. Како втора важна работа е кожата да биде убаво дренирана и да има подобар доток на кислород во истата со помош на масажа. На мојот јутуб канал може да најдете многу видеа за масажа на кожата и верувајте ми масажата е клучна работа за убава и здрава кожа. Не е доволо само да мачкаме креми и други производи без масажа.

3. Како трета работа потребно е да сфатиме дека на лицето (како и на телото) имаме мускули кои е потребно да ги вежбаме и оддржуваме еластични. На мојот јутуб канал ќе најдете видеа и за ова.

Откако кажавме што сѐ е важно, дозволете ми да ја продолжам оваа статија со предлог производи за комплетна (дневна и ноќна) нега на кожата од органската марка Лавера, кои не ги предлагам поради фактот што волшебно ќе ги избришат брчките од вашето чице, туку поради фактот што се прекрасно формулирани и ќе ја подобрат еластичноста на вашата кожа, а со самото тоа ќе придонесат за поздрава и поубава кожа.

Дневен крем Lavera Basis Sensitiv со Q10

Да започнам со дневниот крем за нега на кожата кој апсолутно ме воодушеви. Го користам веќе три недели во комбинација со ноќниот крем и оној за нега на кожата околу очите (со цел да ги видам ефектите од комплетниот третман). Како што претходно напоменав добар козметички производ е оној кој е во состојба да ја подобри физиолошката функција на кожата, да ја подобри еластичноста, да ја задржи правилната хидратација и да ја нахрани кожата. Еден таков производ е токму овој крем на Lavera Basis Sensitiv со Q10.

Многумина од нас при изборот на крем за кожа после 40-та, се фокусира на поединечни состојки, како на пример производ кој содржи колаген или Q10, без да се обрне внимание како истите се искомбинирани со останатите состојки во самиот производ. Верувајте ми залудно е да се одбере производ кој содржи на пример Q10, доколку освен таа состојка формулата на производот е празна. Состојката сама по себе нема да направи чуда доколку кремот е полн со силикони или навтени деривати кои не се компатибилни со кожата и кои не ја поддржуваат во нејзината функција. Овој крем на Лавера ви го предлагам од срце токму поради феноменалната декларација и комбинација на состојки во самиот производ.

СОСТОЈКИ (INCI): WATER (AQUA), DICAPRYLYL ETHER, CRAMBE ABYSSINICA SEED OIL, ALCOHOL*, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, GLYCERIN, GLYCERYL STEARATE CITRATE, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL*, MANGIFERA INDICA (MANGO) SEED BUTTER, ORYZA SATIVA (RICE) GERM POWDER*, OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL*, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, GLYCINE SOJA (SOYBEAN) OIL*, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA BUTTER)*, MELISSA OFFICINALIS LEAF WATER*, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, DEHYDROXANTHAN GUM, GLYCERYL UNDECYLENATE, OLEA EUROPAEA (OLIVE) OIL UNSAPONIFIABLES, HYDROGENATED PALM GLYCERIDES, UBIQUINONE, HYDROGENATED LECITHIN, BRASSICA CAMPESTRIS (RAPESEED) STEROLS, TOCOPHEROL, ASCORBYL PALMITATE, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, CHLOROPHYLLIN-COPPER COMPLEX (CI 75810), FRAGRANCE (PARFUM)**, LIMONENE**, LINALOOL**, GERANIOL**, CITRAL**, CITRONELLOL**, BENZYL BENZOATE**, BENZYL ALCOHOL**

*состојки од органско потекло ** состојки од природни етерични масла

Овој производ има прекрасна комбинација на масла како маслиново, јојоба, сончогледово, масло од роза, масло од семки на растението Crambe Abyssinica кое е особено интересно како состојка. Ова масло има единствена молекуларна структура која не е присутна во ниедна друга состојка од природно потекло. Содржи висок процент на незаситени масни киселини С22, одлично ја негува кожата и го враќа сјајот, и во еден козметички производ го подобрува сензоријалниот ефект, односно производот е попријатен за размачкување.

Понатаму формулата е збогатена со путер од манго и шеа путер, unsaponificables од маслиново масло (оној дел од маслото кое не се сапунифицира и кој има неверојатно позитивно дејство врз кожата) и лецитин. Од активни состојки содржи Q10 (во декларацијата ќе го најдете како ubiquinone), витамин Ц во стабилната форма Ascosrbyl Palmitate и фитостероли кои се одлични во случај на сува кожа (имаат неверојатно хранливо и регенеративно дејство)

Според мене овој производ е сѐ она од кое има потреба кожата: 

полн со есенцијални масни киселини (благодарение на прекрасните масла) кои се многу поважни за кожата дури и од хијалуронската киселина, со оглед на тоа што нашиот организам не може да ги произведе. Содржи голем број на активни состојки и секако хидролати, екстракти и алое вера гел кои додатно ја збогатуваат формулата.

Во самата формула може да забележите и алкохол (кој е заштитен знак во формулите на сите германски фирми), меѓутоа ве уверувам дека нема пореба од грижа со оглед на тоа што маслената фаза е богата и алкохолот воопшто не се чувствува ни во самиот производ ни врз кожата. Во емулзии (креми каде има водена и маслена фаза) алкохолот најнапред се става како замена за силиконите, односно заедно со водата формира една форма на азетроп (azetropo) кој ја намалува тензијата на испарување на водата (допринесува да водата побрзо испари) со што дава многу полесни емулзии. Иако според својата природа алкохолот е солвент (разредувач) на маслата, во една комплексна структура како што е емулзијата на кремите (направена со вода, масла, емулгатори, екстракти итн.) ова негово дејство е отежнато. 

Како ефект врз кожата мора да напоменам дека без разлика на богатата формула овој крем веднаш се впива, не ја масти кожата (не остава масна трага) и неверојатно ја хидрира кожата. Верувајте ми уште по првата апликација ќе ја почувствувате вашата кожа поменка на допир, а со текот на времето видно ќе ја подобрите структурата и квалитетот на самата кожа.

Се нанесува наутро на убаво исчистена кожа на лицето.

Ноќен крем Lavera Basis Sensitiv со Q10

Ноќниот крем е исто така прекрасен како производ и претставува надополнување на дневната нега (еден вид на комплетен третман). Формулата е доста побогата од дневниот, меѓутоа како и претходниот веднаш се впива, ја остава кожата мека и свиленкаста и воопшто не масти.

Формулата е поразлична од оној дневниот

СОСТОЈКИ (INCI): WATER (AQUA), OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL*, ALCOHOL*, GLYCINE SOJA (SOYBEAN) OIL*, SQUALANE, GLYCERIN, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS (SWEET ALMOND) OIL*, CETEARYL ALCOHOL, POTASSIUM CETYL PHOSPHATE, FRAGRANCE (PARFUM)**, HYDROGENATED PALM GLYCERIDES, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA BUTTER)*, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL*, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, VITIS VINIFERA (GRAPE) FRUIT EXTRACT*, SODIUM HYALURONATE, CICHORIUM INTYBUS (CHICORY) ROOT EXTRACT, MAGNESIUM GLUCONATE, ALGAE, MALTOSE, GLUCOSE GLUTAMATE, TOCOPHERYL ACETATE, DEHYDROXANTHAN GUM, XANTHAN GUM, HYDROGENATED LECITHIN, HYDROLYZED XANTHOMONAS CAMPESTRIS POLYSACCHARIDE, BIOSACCHARIDE GUM-1, GLYCERYL CAPRYLATE, BRASSICA CAMPESTRIS (RAPESEED) STEROLS, TOCOPHEROL, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, ASCORBYL PALMITATE, LIMONENE**, GERANIOL**, CITRAL**, LINALOOL**, COUMARIN**, CITRONELLOL**

*состојки од органско потекло ** состојки од природни есенцијални масла

Овој крем е многу побогат од аспект на активни состојки (нешто што е намерно направено со оглед на тоа што се остава да делува во текот на ноќта кога нашата кожа е најактивна). Комбинацијата на масла е следна: маслиново масло, сквалан (кој е феноменален за кожата), бадемово масло, масло од јојоба. Од активни состојки освен Q10 (кој е заштитен знак на колекцијата) содржи екстракт од семки од црвено грозје, екстракт од цикорија, алги, хијалуронска киселина, фитостероли, витамин Е и Витамин Ц. 

Како формула овој производ има одлично регенеративно (обновувачко) дејство врз кожата, нешто што и те како е потребно на кожата после 40-та година.

Структурата е убава и кремаста, меѓутоа како што напоменав одлично се впива во кожата и не остава масна трага. Се нанесува навечер на убаво исчистена кожа на лицето. Најдобро доколку се користи во комбинација со дневниот крем од истава линија.

Крем за нега на зоната околу очите

Третманот за убава кожа не може да биде комплетен без крем за нега на зоната околу очите. За таа намена ви го препорачувам кремот од истата линија Lavera Basis Sensitiv Q10.

Станува збор за производ кој одлично ја негува нежната кожа на пределот околу очите. Формулата на производот е навистина прекрасна затоа што претставува еден микc од двете претходно споменати декларации: базата е слична на првиот крем, меѓутоа содржи и дел од активните состојки од вториот.

Има големо регенеративно дејство врз кожата, ја хидрира и храни, и ја прави поеластична. 

Структурата е многу пријатна, не е ни премногу густа ни премногу течна. Одлично се впива во деликатната кожа на пределот околу очите и дава чувство на свежина и хидрирана кожа.

Се нанесува наутро и навечер на убаво исчистена кожа во комбинација со дневниот или ноќниот крем.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и пред сѐ ви беше од корист. Од срце ви препорачувам да ги пробате овие креми, верувајте ми вашата кожа ќе ви биде премногу благодарна.

Се читаме во некоја наредна прилика, дотогаш бидете ми добро.

Вики

Најгоре