Kërkim
Filters
Close

Vegan Society

 Опис

Независната организација „Ecocert“ (Екосерт) сертифицира еколошки/органски производи и процесите на нивното производство. Сферата на работа на Екосерт вклучува храна, текстил, козметика и средства за домаќинство. Сертификатот кој се издава на производителите гарантира исполнување на најстроги стандарди при сите чекори на производство, еколошка чистота на производите, како и природно потекло на суровините за производство. 

Екосерт исто така гарантира сеопфатна и детална инспекција на сите производни места кои сакаат да добијат ваков сертификат, почнувајќи од испитување на почвата и земјиштето кадешто растат репроматеријалите (суровините) кои се употребуваат во финалниот производ, па сè до амбалажата и транспортот на производот.

Оваа независна организација е основана во 1991 година во Франција, а имала за цел да сертифицира француски производи од природно потекло. Сепак, денес, оваа организација е една од најголемите и најпознатите светски институции за сертифицирање на природни и органски производи, признаена и користена во повеќе од 80 држави ширум светот.

Екосерт има бескомпромисна политика во поглед на тестирањето врз животни, кое е најстрого забрането. Исто така е забранета употребата на суровини од животинско потекло, освен суровини кои животните сами ги произведуваат, како на пример медот.

 

 Забранети состојки

• Производи од животинско потекло;

• Хемиски состојки;

• Синтетички колоранти и мириси;

• Синтетички конзерванси;

• Нафтени деривати;

• Минерални масла;

• ГМО;

• Пропилен гликол;

• СЛС (Содиум лаурил сулфат).

 

 Критериуми за сертификација

• На плантажите е забранета употреба на вештачки ѓубрива и пестициди;

• Забранета е употреба на ГМО семиња за засадување;

• Забрането е користење на состојки од животинско потекло, како и тестирање на животни;

• Производството, складирањето и транспортот мора да се извршуваат исклучиво во еколошки чисти простории;

• Постојат специјални правила на водење на документацијата, кои подразбираат увид на патот на производите и суровините во сите чекори на производството;

• Задолжително е користење на рециклирачки амбалажи за производите;

• Овозможување на најавени и ненајавени инспекции;

• Строга употреба само на дозволени состојки;

• Наведување на целосната композиција на состојки на самата амбалажа по стандаризираните правила (INCI).

 

  Држава

Франција

 

 Дозволени состојки

Козметичките производи сертифицирани од страна на Екосерт, можат да имаат два вида на ознаки: „природна козметика“ и „природна и органска козметика“. Првата означува дека производот се состои од најмалку 50% состојки од растително потекло, од кои 5% се земјоделски производи. Природната и органска козметика пак, гарантира дека производот се состои од најмалку 95% природни растителни состојки, од кои пак најмалку 10% се суровини од органско земјоделство.