
BLOOM ESSENCE е уникатна серија од брендот Organique, создадена за нега на косата и кожата на жените. Значително го успорува процесот на стареење, им дава свежина и виталност на кожата и косата и ја истакнува нивната вистинска убавина. Флорално-свежиот мирис делува смирувачки и суптилно ја нагласува женственоста. Разубавувачкиот ефект на оваа серија, се должи пред се на нежните формули и специјално одбраните природни состојки.
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
- Keresto reTM 2.0 – биомиметички кератин, исклучително ефикасна состојка за регенерација, која соодветствува на кератинот, кој се појавува во кортикалниот слој на косата. Создаден да дејствува врз оштетените делови на косата, ги ревитализира и најоштетените влакна и ја надокнадува природната загуба на кератин.
- Екстракт од јапонска цреша – богат со антиоксиданси, витамини А и Ц и нутрициенти кои ја зајакнуваат косата и кожата. Омекнува, навлажнува, затегнува и делува смирувачки на иритацијата.
- Екстракт од машки тегавец – содржи органски киселини, флавоноиди, каротеноиди, витамини и минерали. Има антиоксидантни карактеристики, ја смирува иритацијата и го спречува нејзиното појавување, ја убрзува регенерацијата на кожата.
ДЕЈСТВО: Кадифен шампон за коса со деликатни состојки за чистење, нежен за косата и кожата. Збогатен со екстракти од природни растенија и Keresto reTM 2.0 , овозможува смирувачки комфорт и заштита на косата. Темелно ја чисти косата и ја подготвува за следниот чекор од кератинската нега.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на мокра коса, нежно масирајте и потоа темелно исплакнете. По потреба повторете ја постапката. За подобри резултати, се препорачува користење на шампонот заедно со Bloom Essence регенераторот. Избегнувајте контакт со очи.
СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, COCAMIDOPROPYL BETAINE, SODIUM COCOAMPHOACETATE, GLYCERIN, LAURDIMONIUM HYDROXYPROPYL HYDROLYZED KERATIN, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, SODIUM CHLORIDE, PRUNUS SERRULATA FLOWER EXTRACT, PLANTAGO LANCEOLATA EXTRACT, CITRIC ACID, XANTAN GUM, GUAR CHYDROXYPROPYLTRIMONIUM CHLORIDE, SODIUM PHYTATE, SODIUM CITRATE, MICA, TITANIUM DIOXIDE, PARFUM, CI 16185.