Kërkim
Filters
Close

Bellina во медиумите

„BELLINA“ НОВА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА НА НАШИОТ ПАЗАР, ЗА ОДЛИЧНА КОЗМЕТИКА И ПАРФЕМИ

08.11.2016

Оваа година имавме прилика да го посетиме 14-тото издание на Fashion Weekend Skopje, кое овој пат се одржа во хотелот Мериот во Скопје.

 

Во холот пред главната сала, беа сместени промотивни штандови од спонзорите на настанот, претежно од областа на козметиката. Меѓу нив, некако највпечатлив и најрепрезентативен беше оној на брендот Bellina – официјален парфем партнер на Fashion Weekend Skopje. Логично поради оваа причина, но и поради исклучително интересната и привлечна палета на производи кои ги нудеа, тоа беше најпосетеното место на настанот.

Им пријдовме на вработените на Bellina, со цел малку подетално да се информираме околу овој нов и амбициозен проект. Тимот составен од млади ентузијасти, се одликува со максимална ангажираност, посветеност и професионалност – нешто што не остана незабележано од страна на бројните посетители.

„Приказната за Bellina.mk започна во 2013 година, кога се роди идејата, која низ годините се провлекува како лајтмотив, при развивањето на нашата компанија. Основната цел, ни е да создадеме палета на производи од највисок квалитет, кои ги следат последните светски стандарди, а сепак се достапни за сечиј џеб.“ – ни раскажува Кирил, еден од основачите.

Она што како проект започна во вид на онлајн продавница, продолжува секојдневно да се надградува и развива, со стремеж кон освојување на регионалните пазари и задоволување на потребите на потрошувачите. „Сакаме да им покажеме на македонските потрошувачи, дека и покрај бројните негативни искуства со производи од поефтина ценовна класа, и тоа како е можно да се добие висок квалитет за многу достапна цена. Таа е главната линија врз која се базира нашата бизнис стратегија.“ – вели Стефан, исто така ко-основач на Bellina.

Во моментов производите може да се купат на веб страната www.bellina.mk или пак како нарачки преку социјалните мрежи фејсбук и инстаграм, кои се ажурираат редовно, со доста интересни и интерактивни содржини. „Онлајн продажбата во Македонија сеуште заостанува доста зад Европскиот просек, но сепак охрабрувачки е фактот што трендот е позитивен, и со ова темпо може да се очекува дека за некоја година, онлајн шопингот ќе стане дел од секојдневието на Македонците. Ние со ова сакаме да предничиме во Македонија во нашата област, и сите напори засега се вложуваат во тој правец, а реакциите се доста позитивни.“  – ни објаснува Невена, Менаџер за маркетинг и односи со јавноста.

И со право можат да бидат задоволни, бидејќи Bellina.mk во моментов се смета за најбрзорастечка веб страна за онлајн шопинг во Македонија. Стотици корисници веќе се имаат уверено во квалитетот на парфемите од француско производство, а онлајн нарачките од ден на ден се движат во нагорна линија.

Им се заблагодаривме за отворениот и пријатен разговор и им посакавме среќа во нивните идни авантури.

 

Извор: Среќа.мк

 

New make up brand - Sabrina Rudnik cosmetics + GIVEAWAY !!

06.10.2016

Здраво девојки,

После неколкудневна пауза, повторно еве ме назад со нов текст во кој одлучив да ви прикажам сосема нов бренд на декоративна козметика кој од неодамна може да се најде кај нас.

Денес сакам да ви го претставам Германскиот бренд на декоративна козметика наречен Sabrina Rudnik. Ова е бренд на дрогериска шминка, сметам дека може да ја сврстиме во таа група според нејзиниот ценовен ранг. Пред извесен период, сосема случајно пребарувајќи по интернет наидов на овој бренд и ми изгледаше како интересен поради одредени производи кои ги погледнав, па така нарачав неколку производи кои денес сакам да ви ги прикажам.

Производите може да ги нарачате on-line на страната www.bellina.mk. Сепак, бидејќи овие производи се кај мене од неодамна и неможев да ги испробам сите, неможам да кажам посебно мислење за секој од нив ,но тоа секако ќе може да го прочитате во моите наредни постови каде ќе направам подетални рецензии за нив. Она што генерачно можам да го кажам за овој бренд е тоа дека производите пред се имаат интересни амбалажи и доаѓаат сосема запакувани. На тој начин сте сигурни дека никој пред Вас не ги отварал тие производи. Сметам дека ова е огромен плус за брендот. Покрај амбалажата, мојот прв впечаток за квалитетот на овие производи е ок, некои ми се допаднаа повејќе ,а некои помалку но сепак целосен впечаток за нив ќе напишам одкако ќе ги испробам сите. 

Што се однесува генерално до квалитетот на сите производи, во однос на цената тој е супер, производите се доста пигментирани и одлично ја вршат својата намена. Особено за мене на прв поглед се издвои коректорот кој добро покрива и е доста кремаст.
Производите кои пристигнаа кај мене се: течна пудра и пудра во камен, коректор, сјај и кармин за усни, моливи и палети со сенки. А сите тие може да ги погледнете на овие слики:

 

 

Извор: My Make Up Bag M Blog